о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин
14. септември 2025 година
Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин
(Недела XIV по Педесетннца)
(Мт. 22, 2-14; Зач. 89)
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Блаrочестиви христијани,
За да ја разберат правилно Неговата спасителна мисија на земјава, Господ Исус Христос најчесто им се обраќал на луѓето во приказни, едноставни и разбирливи по форма, но со длабока и сериозна содржина. Возвишените тајни на Царството Божјо не можеле да се откријат директно во непосреден разговор, па дури и така да зборувал, ретко кој од насобранниот народ би Го разбрал. Сеnак, луѓето и тогаш и денес живеат ограничени во простор и време, а разбирањето на Божјата промисла за светот и човекот е многу поголема и повозвишена од овие две димензии всадени во нашиот разум. Затоа Богочовекот Христос, речиси секогаш зборувал во приказни кои биле nоучни за оние кои во Него гледале Господ и Син Божји. Исто така, Неговите приказни биле болно искрени за оние кои во Него гледале еден обичен дрводелец од Назарет.
Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во оваа приказна, свадбата, всушност, го претставува царството Божјо, а царевиот син е Синот Божји кој ги кани луѓето на вечна веселба.
Светото писмо е книга од која дознаваме за создавањето на светот и човекот, но воедно во библиските книги е опишана и историјата на еврејскиот народ како избран од Бога, како народ верен од кој ќе nроизлезе Спасителот на светот, ветениот Месија. Многупати низ историјата, кога Евреите скршнувале од определениот пат, Бог испраќал пророци и праведни водачи кои ги исправале заблудите и повикувале на послушност и стравопочит кон Создателот. Последен од пророците кој повикувал на покајание и повторно враќање на патот кој води кон спасение бил свети Јован Крстител кој и го навестил доаѓањето Христово. Тоа се слугите за кои зборувал Исус Христос кои ги повикувале гостите на свадбата на царскиот син, а поканетите ги претставувале актуелните народни водачи и првосвештеници, кои го запоставиле вистинскиот закон Божји и го прекриле праведниот пат со безначајни обичајни правила во кои се гушеле душите на избраниот народ.
Значи, поканетите не дошле на вечната веселба, туку оние навидум отфрлените, оние за кои никој не сметал дека треба да бидат присутни на царската слава. Всушност, сите светски народи Го познаа Христа, а оние избраните останаа надвор од вечната трпеза. Царот на славата, нашиот Бог, нема да прими никого во Своето вечно Царство кој не е достоен за тоа - ниту богатството, ниту општествената положба, ниту образоваието, ниту свештенството не нудат сигурна влезница во блажената вечност.
Целата оваа пророчка приказна Господ ја завршил со зборовите: "Зашто, мнозина се повикани, а малкумина избрани." Ова се однесува и на христијаните и на сите други светски народи - ние христијаните сме повикани на царската трпеза, но единствено Бог знае кои се Неговите избраници.
Браќа и сестри,
Во старокалендарските православни цркви, каква е и нашата, денес започнува новата литургиска година. Денес, во храмовите се молиме да се благослови "венецот на годината" - да се сочува православието во мир, целата година да помине мирно, Бог да ги сочува градовите неповредени, да ги зачува христољубивите власти. На денешен ден се молиме за победа над кривоверните, еретиците, за земни плодови, и за избавување од сите несреќи.
Месец септемви се смета за значаен во христијанството - во овој месец, светиот цар Константин го победил својот противник Максенциј и веднаш потоа ја објавил слободата на христијанското вероисповедание. Потоа, на Првиот Вселенски Собор е одлучено, денешниов ден, први септември, да биде почеток на новата година. Во текот на христијанската историја немале единственост за тоа кога треба да се смета почетокот на новата година. На пример, Свети Амвросиј Медиолански сметал дека годината треба да почне токму од месец септември во слава на светиот цар Константин. Во Византија, пак, долго време се кршеле копјата околу датумот на кој треба да се одбележува почетокот на новата година. Дури на Шестиот Вселенски Собор конечно е одлучено новата година да започнува на овој ден, поткрепувајќи го ова со библиски авторитет - односно, се смета дека околу еврејската Нова година Исус Христос влегол во синагогата и ја огласил годината на милоста Божја.
Од 1989. година, црковната Нова година, на предлог на Вселенската Патријаршија, овој ден се одбележува како ден на созданието Божјо, односно ден на сето од Бога создадено. Пред се, овој празник би требало да ги потсетува луѓето за грижата за животната средина и за целата богосоздадена природа, која со човечкото неодговорно и нехристијанско однесување е ранета и насилнички загрозена.
Нека е честита и благословена Новата црковна година.
Амин.