27-ми МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА (05.05.2015)

Од 05.05 до 11.05. 2015, во Скопје, се одржува 27. Меѓународен саем на книгата. И оваа година, по трет пат, на него учествува Македонската Православна Црква - Охридска архиепископија со својата издавачка дејност. На штандот ќе бидат изложени поголемиот дел од црковните изданија. Саемот ќе биде отворен за посетители од 10:00 до 20:00 часот.








Пред многу години го прашав мојот духовен отец, игуменот Андреј (Машков), што е тоа смирение. Јас во тоа време бев млад и неопитен и мислев дека ако добијам точен одговор, веднаш ќе ја усвојам таа добродетел, а потоа сè ќе ми оди добро. Покрај тоа, во „Лествицата“ на преподобниот Јован Лествичник најдов изрека за тоа дека смирението ги искоренува сите страсти и во мене се разгоре желба да го стекнам смирението,...







































