Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Сега сме овде во светиот Охрид, поточно во црквата Света Софија, пак сите заедно, една година подоцна. Сега сме повторно горди и исполнети со радост, а заедно со нас се радуваат сите црквољупци и светители. Вие, Ваша светост, сте најзаслужниот за сето ова што се случи, па затоа, на овој ден и на ова место, ви благодариме во името на македонскиот народ.
Сè што имаме, што сме, што мислиме, што говориме, што вреди нешто, е од Бог и е во Бог. Затоа дарот да се гледаме во Светиот Дух како браќа и како сестринство на Црквата е дар Божји. Меѓутоа, иако дарот Божји секогаш доаѓа, Бог секогаш дава, неопходно е и ние да ја разбереме Неговата волја и да служиме за да ја оствариме Неговата волја.
За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe oпрeдeлиш за свoeтo сoпствeнo вeчнo спасeниe или за свoјата сoпствeна вeчна прoпаст. Нo блажeн e пo стoпати oнoј дeн вo кoј ќe сe пoкаeш за ситe свoи нeчисти дeла, нeчисти збoрoви и нeчисти мисли и ќe сe oбратиш кoн Бoга сo пoвик за милoст! Тoј дeн ќe врeди пoвeќe oд илјада други дeнoви.
Благодатта Христова бргу ги оживува
нашите души умртвени,
по твоите свети молитви,
о Гергие свети новомачениче,
На 9.6.2023 година, со почеток во 22:00 ч. ќе се отслужи Бдение во чест на светиот свештеномаченик Варлаам, Архиепископ Охридски, во храмот „Свето Вознесение – Свети Спас “ во Драчево.
Овој маченик е роден во Охрид, а за Христа посведочил со својот живот во градот Велес во XVI век.
Првото - кога слушнав од Пророк Симеон, дека ќе бидеш убиен;
Второто - кога три дена те барав по Ерусалим и не Те видов;
Третото - кога дознав дека Евреите Те фатиле и врзале;
Четрвтото - кога Те видов на Крстот Распнат помеѓу разбојниците и
Петтото - кога Те видов во гробот положен.
Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи, ангел во тело на столб се возвиси, болни лекувајќи, демони изгонувајќи.
Постои огромно толкување на таа икона, но главно за ангелите е ова: Ангелот што стои најлево и кон кого другите два ангела се наклонети, го претставува Бог Отец, и бојата на Неговата облека е недефинирана,затоа што Отецот никој никогаш не го видел. Ангелот што стои во средината е Бог Словото и го благословува Агнецот...
А, не сакаме да станеме за молитва или да одиме в црква од една причина: кога со главата скоро сме потонати во овој свет, кога благата на светот и неговите задоволства стануваат поскапоцени и поинтересни за нас од Бога. И тука е потребна храброст да се направи првиот чекор за да се ослободиме од заробеништвото на светот. А понатаму Господ ќе ти помогне.
Иако жедтта на душата за Љубовта Божја, е поголема од потребите на телото, ти оче Михаиле од Бога измоли напојување на сувите усти човекови, но Бога го прослави, кога силно застапувајќи се за Светите икони,
Во почетокот кога Бог го создал човекот, го поставил во Рајот (како што ни кажува божественото Свето Писмо) , украсувајќи го со секаква добродетел и давајќи му заповед да не јаде од дрвото кое било во средината на Рајот.
Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите не е само чудо, со коешто се прослави апостолската Црква, но и настан поврзан со делото на нашето лично спасение.
Светиот Дух го овозможува нашето духовно раѓање. Он ни ја откива тајната на Пресвета Троица.
При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце. Оваа благодат во нас може да стане и извор на благодат која нè води во живот вечен доколку го очистиме и го отвориме нашето духовно срце“ – секако, за молитвата. „Добивањето и пронаоѓањето на вода жива, пројавено како умно-срдечна молитва, е дар Божји“.
Што е Богочовекот Христос: што е Бог во Него, а што човек? Како се познава Бог во Богочовекот, а како човекот? Што ни даруваше Бог, нам луѓето, во Богочовекот и со Богочовекот? Сето тоа ни го кажува Светиот Дух – „Духот на Вистината“: ни ја покажува целата Вистина во Него – за Бог во Него и за човекот, и што сѐ ни е подарено со Него? Е тоа бескрајно надминува сѐ што човечките очи некогаш виделе, ушите чуле, а срцето претчувствувало.
Благословен си, Христе Боже наш,
Кој премудри ловците ги покажа,
кога им го испрати Светиот Дух,
и со нив ја улови вселената,
Човекољупче, слава Ти.