логоFacebookTwitterYouTubeeMail

19042009

ДЕН НА СВЕТА ТРОИЦА: КАКО НИЕ ГРЕШНИТЕ ДА ЈА СТЕКНЕМЕ БЛАГОДАТТА НА СВЕТИОТ ДУХ?

Се сеќавам како ми затрепери срцето, кога на едно од предавањата во Киевската духовна академија, слушнав дека Црквата е непрекината Педесетница.
Светиот Дух слегол на апостолите и продолжува да слегува и врз нас, грешните. Овде исто така се спомнува и изреката на преподобниот Серафим Саровски дека најважната работа во животот на еден православен христијанин е стекнување на благодатта на Светиот Дух.
Но, како Светиот Дух слегува на нас? И, како да ја стекнеме Неговата благодат?
За да го сфатиме ова, ми се чини, ние треба, како за прв пат, да погледнеме на одамна познатите работи. Со Божја помош да погледнеме на нив на нов начин ...
Зошто често го читаме утреното и вечерното молитвено правило? Затоа што така треба. Бидејќи тоа е должност на православниот христијанин. Зошто се исповедаме? Зошто се причестуваме? Во недела стануваме рано наутро и сонливи одиме в црква на служба? Бидејќи така треба. Тоа е наш императив. Ние слободно и умствено си наредуваме да го правиме ова. Така треба за да се спасиме. Тоа е Божја заповед. Каноните на светите апостоли и отците.

Но, ние исто така мора да запомниме дека нашите храмови се кладенци, извори на благодатта на Светиот Дух. Телото и Крвта Христова се океан, бездна на Божествената љубов кон нас. И, нашите молитвени правила исто така се кладенци и извори на благодатта на Светиот Дух. И кога доаѓаме во храмот или стануваме за молитва, нашата душа, како што ја нарекуваат, живо се среќава со Бога. И благодатта на Светиот Дух влегува во нас, таа почнува да тече во нас, оживотворувајќи и осветувајќи нè. Се случува она, за што зборуваа светите отци: обожение на човекот. Ова е највисоката цел во животот на човекот. Кога Господ на некој таинствен начин се соединува со човекот и дејствува во него. И овој живот со Бога и во Бога и è среќа. „ Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте”, се пее во чинопоследование на Светата Тајна на Крштението.

А, не сакаме да станеме за молитва или да одиме в црква од една причина: кога со главата скоро сме потонати во овој свет, кога благата на светот и неговите задоволства стануваат поскапоцени и поинтересни за нас од Бога. И тука е потребна храброст да се направи првиот чекор за да се ослободиме од заробеништвото на светот. А понатаму Господ ќе ти помогне.
Исто така, би сакал да кажам дека често, човекот, воцрковениот човек, се депримира примерно заради следниве мисли: „Јас одамна одам в црква, но сепак не се исправам. Како што грешев, пак грешам...”. Затоа, сакам да кажам дека ова е потполно погрешна идеја. Постои една прекрасна евангелска парабола: „ И друга парабола им кажа, кога рече: „Царството небесно прилега на зрно синапово, кое човек го зема и посеа на нивата своја; тоа е најмало од сите семиња, но, кога ќе израсне, поголемо е од сите растенија, па станува дури и дрво – така што птиците небески долетуваат и застануваат на неговите гранки.” (Мт. 13:31, 32).
Ако погледнеме во природата ... Дали гледаме како расте тревата или како цветаат цвеќињата? Не. Но, ние веќе го гледаме резултатот од тој живот, кој е скриен од нашите очи. Ова истото се случува и во нас самите. Ние не гледаме и не регистрираме како со благодатта на Светиот Дух во нас расте „синаповото дрво” на нашето срце. Toа е скриено од нас. Но, ако ние би се сретнале, на пример, самите себеси пред десетина години, тоа немаше да го дознаеме. Би биле многу изненадени од тоа како сме се смениле. И (ако човек живее во Црквата и се труди) се сменивме на подобро. Зошто? Бидејќи Птицата Небесна долетала и се засолнила во нашите гранки. Птицата Небесна на Светиот Дух, Кој незабележливо, честопати тајно, ни дарува живот и не води кон духовен раст. Ние живееме со благодатта на Светиот Дух, како рибата во вода, како птицата во воздухот. Благодатта на Светиот Дух сеопфатно нè опкружува, нè прегрнува, продира во нас и ни дава живот, како водната средина за младенецот во мајчината утроба.
Наша задача е да го впиеме ова небесно млеко на Мајката Црква и да се трудиме, да се трудиме, да се трудиме! И да растеме, да растеме, да растеме во висината! Во Царството Небесно!


Протоереј Андреј Чиженко

https://pravlife.org/ru

Избор од фб профил на

Pravoslavna Obitel

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1698
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2181
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…