Заупокоена Литургија и Погребение, во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Матка (23.12.2019)

По повод упокојувањето на сестрата наша во Христа, расофора Анастасија, денес 23.12.2019 во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Матка се отслужи Заупокоена Литургија и Погребение.
Нека Семилостивиот Бог ја упокои нејзината душа таму каде што почиваат праведниците. Вечен нека и е споменот!






Понекогаш, оптоварени од сопствените проблеми, или световните грижи и не забележуваме ништо околу себе. Да бидеме искрени, ние своето внимание го насочуваме, првенствено кон себе а потоа кон останатите.. Токму затоа нашиот Спасител Господ Исус Христос ја поставил како голема и надежна заповедта: „Сакај ги своите ближни како самиот себе си“! Со тоа Тој ни наложува да не забораваме на проблемите и од нашите блиски. Значи, должни сме да земеме активно учество во разрешувањето и на нивните проблеми.
Тогаш се свртел на другата страна и видел прекрасна и миризлива долина.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете држави во сферата на верските прашања, за размена на искуства, како и за прашања околу заштитата на културното наследство.
Единствено на овој начин, преку благодатта на Светиот Дух, нам ни се открива нашата несличност,
✣✤✣
Мнoгу филoзoфи ја испитувалe суштината на злoтo и спoрeд грубoста на свoјoт ум тврдeлe дeка злoтo e вo матeријата, дeка матeријата e злo. Мeѓутoа, самo ниe христијанитe знаeмe дeка суштината на злoтo e грeвoт и дeка други суштини злoтo нeма oсвeн грeвoт. Oттука e јаснo дeка, акo сакамe да
Во чест на празникот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, презвитер Горан Стојчевски отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот на св.Никола, во село Љубавци(Скопска епархија). Бројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.Во оваа прекрана ноќ, додека градот беше обвиткан во магла, св.Никола на својот манастир во Љубанци му подари звездена ноќ, и нам можност за топла и љубовна дружба.
Затоа Тој и им кажа: дајте им вие да јадат. Не очекувајте некој друг да го реши тој проблем, не земајте пасивна улога во решавањето на било кој проблем во животот. Не одложувајте ја помошта што можете да им ја дадете на луѓето. Не бидете скржави во милосрдието.
Преку отворите на умот,
„ На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господ,
„Затоа, многу е важно за сите вас што живеете во брак да се одрекувате од својата сопствена волја и да ја претпочитате волјата на другиот кога ќе има препирка, а препирките најчесто се за безначајни работи, знаете и самите. Откажи се од својата волја, нека биде волјата на другиот, сеедно дали на жената или на мажот (секогаш се смирува подуховниот и оној што љуби повеќе).
Како што минуваше времето сѐ повеќе и повеќе клевети беа напишани против Старецот Ефрем Филотејски и против манастирите што тој ги основа во Америка. Не знаеме што имало во мислите и срцата на оние што пишуваа осуди против овој голем Старец и неговото дело, но неговиот завет и натаму продолжува да се одржува преку благодатта на Светиот Дух. Да не гледаме ништо освен благословот што ни беше даден на сите нас преку него.
Вечерта излегов на балконот од својата ќелија. Се загледав во небото посеано со безброј ѕвезди. Отец Ефтимиј дојде тивко кон мене: -Гледате во небото? Видете какво е великолепието и убавината на созданието. А како тоа, и зошто, за тоа не треба да се размислува. А ќе дојде време, многу од тоа ќе се разбере, па и тоа како да ја достигнеме големата молитва. Со разум тоа нема да го сфатиш. Неопходно е просветление (со Духот).
И така, живеејќи во послушание и одрекувајќи се од својата волја, сите ќе живееме во Божјиот план за нас, и во Божјата волја и промисла за нас. И, кога ќе ја примиме таа телеграма дека ноќеска ќе ни ја побараат душата, нема да се вознемириме, оти сѐ што имаме, сѐ што сакаме, сѐ што љубиме на Христа Бога сме Му го предале. Па, и нашата душа нема да оди не знам каде, во некаков рај со јадење и пиење и други земни наслади, туку ќе оди во прегратките Христови.
























