Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум (19.04.2020 06:14)
Богородица, заедно со жените мироносици, најмногу и докрај сострадуваа под Крстот, но затоа и први ја слушнаа веста за Христовото воскресение и први Го допреа Воскреснатиот Богочовек Христос.
Поуката што може да се извлече од напишаното е дека ни е потребна смирена и љубовна постојаност во подвигот на следење на Богочовекот Христос, докрај – до „последното место“. „Последното место“ е почеток и крај на овоземниот православен духовен живот.







И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган.
Ако си се очистил од страстите, принеси се на Бога, како чиста и непорочна жртва, каква што прилега Нему Пречистиот. Погледни кон Голгота. Таму крстот на благоразумниот разбојник е крст на очистување од страстите, а Крстот Господов е крст на чиста и непорочна жртва. Тоа е плодот на преданоста на Божјата љубов која е безпрекорна, целосна и безвозвратна. Кој Го одведе и Го прикова на крст нашиот Спасител? - Преданоста! Во Гетсиманската градина нашиот Господ Исус Христос се молеше
„Кога силите Те гледаа, како измамник клеветен од беззакониците, Христе, трепереа од неискажливото Твое долготрпение, но кога гробниот камен беше запечатен од рацете на оние што Ти ги прободоа ребрата, радувајќи му се на нашето спасение, тие Ти викаа: Слава му на Твоето снисходење, Човекољупче!“ (стиховна стихира на вечерна на Велики Петок)
Утрена богослужба со читање на 12-те страдални Евангелија, на која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение на свештенството од Соборниот храм, во Скопје. Во текот на утрената богослужба, на средината на храмот беше изнесен Крстот со Распнатиот Христос.
– Нема ништо поопасно од тоа да не се љуби и да не бидеш љубен. Тука, секако, пред сѐ, мислам на оној љубовен однос помеѓу Бог и човекот, без кој нашето постоење нема никаква смисла. Светите отци велат дека љубовта го изгонува стравот и дека совршената љубов не знае за страв. Од друга страна, пак, стравот Божји во подвижничкиот живот означува почеток во восовршувањето во љубовта. Очигледно, за љубов, по сѐ што слушнав и прочитав деновиве, ние не можеме да зборуваме. Но тоа и не е толку страшно, бидејќи за љубов зборуваат совршените.
На прашањето дали според научниците не може а да не постои проблем со причестувањето, односно не е можно да не се пренесе зараза преку Светата Причест, отец Николај одговара: „Се разбира, и добро велат... како што велеа некогаш дека Лазар умрел и засекогаш ќе остане мртов... како што велеа за слепиот дека никогаш нема да види светлина... Бог може сето тоа да го преобрази. И на лично ниво секој од нас може да раскаже за такви чуда. И јас можам, и ќе ги опишам еден ден во мојата биографија“.
Од утрово рано на Четвртокот Велики, кога нашиот Спасител тргна голготски до крај да се смири, но и да посведочи дека иако ќе биде оставен од сите, Он нас ни простува и до крај нѐ милува, затоа што спасение ќе излезе од гробот кадешто слезе Вистината.
Што беше, беше, и што се кажа се кажа, или се направи, сега останува смирено и со трпение да земеме учество во крстот Христов Кој претрпи за нас страдања и крсна смрт, за да земеме учество во радоста на Неговото Воскресение што ни отвори пат и за наше воскресение. Ако не покажеме смиреност и трпение, и воскресенска радост ништо од нашиот подвиг. Да не заборавиме дека христијаните ја преобразија Римската империја не со сила и бунт,
Четврток настапува,
Ако имате деца дома и им е досадно, еве одлична активност да ја поттикнеме нивната креативност.
Оној кој Го љуби Христа секако и Го подражава според своите сили. Значи, Христос не престана да им чини добро на луѓето и кога изостана нивната благодарност, и кога Го навредуваа беше долготрпелив. И кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло. Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами.
Насловот личи на револуционерниот повик „Смрт на фашизмот, слобода на народот“, ама далеку е од револуција: насловот е само надеж, пред Велигден.
Ова ново издание на „Молитвеникот“, освен досегашните молитви, дополнет е со акатистите „Слава на Бога за сѐ“ и кон Ангелот чувар, и повеќе молитви кон повеќе светители и за разни потреби. Тука се и молитвите кон светителите чии имиња ги носиме и оние кои ги славиме како домашни слави - домашни закрилници. Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на тел. 043 221 231.
„... За кратко време кај нас се појави оваа болест; за нив (незнабожците) тоа беше најлошата од сите ужасни работи, најсуровата несреќа, и како што вели нивниот писател, состојба што никој не можел да ја очекува. За нас, не беше така, како и во многу други случаи Господ нè испитуваше и нè смируваше. Болеста не нè одмина, но најмногу пострадаа незнабожците.Многу наши браќа, поради изобилно милосрдие и братољубие, без да се жалат себе си, се поткрепуваа взаемно, без да се плашат, ги посетуваа болните,
Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од власта на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг,
Празникот на Христовото Воскресение нè потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот. Па, кога би се навратиле повеќе на потребата од покајание и праведно живеење, ако не на денот на Христовото Воскресение, ако не на денот кој им дава смисла на човечкиот живот и на постоењето?
























