Поука на денот - Свети Јован Лествичник

Моќта на љубовта е во надежта. Со надеж ја очекуваме наградата за љубов. Надежта е збогатување со невидливо богатство; надежта е сигурна ризница пред ризницата. Таа е одмор од маките, таа – капија на љубовта, таа го убива очајанието, таа е слика на идните добра.











Пред нас е ИЗБОРОТ!


„Љуби и прави што сакаш“. Доколку ти вистински љубиш – нема да направиш ништо што би Го огорчило Бога и твоите ближни. Сите заповеди Христови се содржат во заповедта на љубовта. Вистинската слобода, тоа е слобода на љубовта, а не слобода на егоизмот. Јас вистински сум слободен кога го правам она што го бара од мене љубовта,...


„Иконата го прикажува небесниот свет. Ние понекогаш забораваме дека зад оваа реченица стои љубовта Христова, дека ние го претставуваме скапоцениот свет на хармоничната Љубов кој не може да биде ниту тажен, ниту натажен, ни мрачен – сето тоа е човечка особина.






























