О. Зоран Стаменковиќ: За победата над последниот непријател
По која цена Тој нам ни ја нуди Својата победа? По евтина цена браќа и сестри; по многу евтина цена браќа и сестри мои.Тој нам ни ја дава најскапоценат победа. Да се понизиме и покориме на Божјата волја- тоа е цената која Тој ја бара за да би победил ѓаволот за нас.да живееме за Него, а не за себе си, да го вселиме Него во своето срце - тоа е цената која Тој ја бара да би ја победил смртта за нас.







Уште додека престојував и служев како јеромонах во Бигорскиот манастир, секојдневно се сретнував со многи млади луѓе, кои страдаа и Го бараа Бога. Уште од тие денови стекнав многу млади пријатели со кои и до ден – денес сум близок и со кои се дружам. Знаете дека пријателствата се прошируваат и по природа сум комуникативен и уште од почетокот кога станав епископ решив да сум достапен за сите луѓе, бидејќи и токму

На Великата вечерна, која се отслужи во Соборниот храм Св. Климент Охридски, чиноначалствуваше Митрополитот брегалнички г. Иларион, а во присуство на Архиепископот охридски и македонски г.г. Стегфан и други архиереи, свештенослужители од Скопската епархија и гости од соседни помесни православни цркви.
Нека е благословен Господ Бог Кој и годинава благоволи по завршувањето на безгрижните летни одмори да отпочне уште една година на освојување на нови и проширување на веќе стекнатите знаења. И додека за некои од вас овој септември означува почеток на долгиот период на учење и образување, за други ова е почеток на последната година од истиот тој процес.
Растејќи со растот Христов „во човек совршен“, слабикавиот човек зајакнува, созрева со душата, созрева со умот, созрева со срцето. Живеејќи со Христос, тој сиот расте во Христос, во Вистината Христова, се сродува со неа и таа станува вечна Вистина и во умот негов, и во срцето негово, и во душата негова.
Скопската православна епархија ги поканува сите чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, овој викенд (сабота 23. септември и недела 24. септември) да учествуваат во торжествениот чин на впишување на архимандритот Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите. Прославата ќе започне во сабота во 17:30 ч, во соборната црква „Свети Климент Охридски“, во Скопје, со Воскресна вечерна богослужба на која ќе...
На 18.09.2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во црквата посветена на светиот Јован Крстител отслужи молебен за почеток на новата академска година.На молитвениот собор присуствуваа Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, ректорот на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, поранешниот ректор на истиот Универзитет, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“,
Така, излегува дека ние ниското го прогласивме за средно, средното за високо, па затоа за високото сега нема место во општеството. Тоа е непожелно, се прогонува и карантинира. Медиокритетството (средината) стана врв, а шљамот стана средина (просек). Тоа само значи дека се отвори простор за нов шљам, за нова кал, пониска од
- А за колкава сума би се согласил да ти ги извадам очите? Или за колкава сума би го дал твојот слух?
Исполнувањето на етичките принципи на живеење во Бога, примени на Синајската гора од светиот пророк Мојсеј, приведува пред дверите на божествената парусија. За да го обнови паметењето на момчето, Христос ги наброи: не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си, сакај ги ближните свои како себеси.
Спротивно на православната етика е делењето на народите на подобри и полоши, како и омаловажувањето на било кои етнички и граѓански нации. Особено спротивни на Православието се учењата кои нацијата ја поставуваат на местото кое Му припаѓа на Бога, или оние кои ја девалвираат верата на еден од аспектите на националната самосвест.
Како и во обичната војна, ѓаволот, пред сè, се грижи да ги погуби војсководците, т.е. пастирите на Црквата, за полесно да ги покори другите Христијани. Без добар и разумен пастир, луѓето се како залутани овци. Затоа непријателот на човековиот род подига злобни луѓе кон добриот пастир, за луѓето да го клеветат и да не ги примаат неговите поуки.
Има три зла кои се најголеми и почетоци на секое зло; од нив се раѓаат сите други зла: незнаењето, самољубието и омразата, кои роднински се поврзани и взаемно си помагаат. Зашто од незнаењето на Бога се раѓа самољубието, а од него – омразата спрема она што има иста природа. И никој не му противречи на она што лукавиот го прави против нас преку нив, учејќи нѐ да ги злоупотребуваме нашите сили: со разумот, со желбите и со енергијата.
























