Отец Стефан Санџакоски: Враќање од нашата небиднина

Се појавил вториот син на господарот. Откако разбрал дека татко му го примил блудниот брат, се налутил и не сакал да влезе во радоста на татко си. Татко му излегол и го молел да влезе. Постариот син горчливо забележал: Татко, ти служам толку години и никогаш не прекршив твоја заповед, а мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели. А за овој твој син, кој го упропасти твојот имот со блудници, го закла угоеното теле.






Слабата вера во Господа Кој кажа и вети, дека нема да ни биде дадено искушение или тегоба поголема од онаа која можеме да ја понесеме, е причина да изјавиме дека сме се соблазниле. Всушност, допрени се некои наши страсти, или слабости со коишто ние неможеме да се справиме и затоа помислуваме или изјавуваме дека многу тешко ни паѓа кога за некои работи ќе слушнеме или други видиме, а за кои не сме се надевале или не сакаме да помислиме дека се случуваат во нашата околина или од ближниот.
Сакам да ја знам волјата на човекот Божји.
Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.
Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се пофалат дека тие секогаш биле примерни.Да си спомнеме и дека во Царството Небесно не е ограничен бројот на места и дека никој ничие место не зазема. Секој има свое (спечалено преку делата на покајание) и затоа не треба да се труди во својата злоба да затвора врата на оние кои сакаат да се вратат.
Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла, и дека без Бог вистински не ни постоиш и во духовна и во материјална смисла! Тоа може да се случи на два начина: или кога со неисполнување на Божјите заповеди, односно кога со неправилен духовен живот, човек сосема ќе се одголи од Божјата благодат; или кога со правилен духовен подвиг човек го достигнува обожението. Првото е да се види себеси расчовечен, а второто е да се види себеси (колку што може) во споредба со Божјото совршенство.
Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе се однесуваме кон таа благодат, како и кога, колку и дали ќе ја употребиме. Бог само внимава да не ја наруши нашата слобода, а со тоа и нашиот взаемен однос: Родител – дете. Деца, ние немаме ништо посвето од овој однос! Овој однос е единствената надеж на нашето спасение!
Параболата за блудниот син е најпоучна лекција за младите. Во личноста на блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на лекомислената младина: лекоумност, непромисленост, жед за независност; на кратко, сè што е препознатливо за повеќето млади луѓе. Помладиот син израснал во домот на неговите родители. На прагот на неговата зрелост, тој започнал да мисли дека животот во неговиот дом е премногу ограничен.
Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба на лишеност и воедно потреба од најнеопходната храна. Но, постои и глад што е полоша и потрагична од оваа, а таа е - кога човекот лишен од она што е неопходно за неговото спасение, не се ужаснува од таквата несреќа и не чувствува дури ни потреба за спасение. Гладниот човек бара насекаде, заоѓа и обиколува како би нашол малку леб;

Почетокот на покајанието е сознание за гревовите и скрушението заради нив. Некои луѓе, поради незнаење или поради невнимание кон своето спасение, сметаат дека тајната покајание се состои само во исповедта. Тие мислат дека усното исповедување на гревовите пред духовникот ги очистува целосно од нив. Но, не такво покајание очекува Господ од нас. Т
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.
Хистероидни личности се особена, многубројна и забележлива група верници.
Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети – да исполнува ниту едно правило или обичај од старозаветниот Закон.
На 10 февруари 2020 година, во првиот православен манастир во Танзанија беше отслужена првата Божествена Литургија од страна на Неговото Високопреосвештенство г. Агатоник, Митрополит на Аруша и централна Танзанија, во Кидамали, во сослужение на танзаниски свештениц и грчки јеромонаси.
Факт е дека сме во еден вид на духовно робство кое ни го наметнува западниот концепт на живеење. Речиси сите нешта се искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на Дедо Мраз, за кој многу мал процент на православни знаат дека всушност вистинскиот Дедо Мраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е и примерот со светиот свештеномаченик Валентин епсикопот Интерамниски.
























