Петта недела од Великиот пост (29.03.2015)

Во петтата недела од Великиот пост, кога Црквата молитвено го празнува споменот на преподобната Марија Египетска, и се поучува од нејзиното покајание, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф, отслужи света Василиева литургија во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво, верниот народ се причести со светите Христови Таинства.



















Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, на 28 спроти 29 март 2015 лето Господово, во храмот "Рождество на Пресвета Богородица" во Скопје, ќе се служи сеноќно бдение, со почеток во 22.00 часот.





























