Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци
Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестајно да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши.






На 12 февруари 2020 година, кога го празнуваме споменот на Светите Тројца Ерарси (светите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст), Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.
Љубовта на Бог кон човекот е толку висока и силна, затоа што Господ оди на Крст заради таа љубов. Христијанинот е човек, кој исто така е призван имено кон таква љубов кон сопругот, кон децата, кон родителите, кон сите. Не случајно Светото Писмо секогаш се сврзува заедно со љубовта кон луѓето и љубовта кон Бога, затоа што едното е возможно без другото. Таквото разбирање на љубовта, како нешто посилно и поважно од животот и смртта, е предложено на човекот од страна на христијанството.
Првата недела од Триодот е посветена на параболата за митарот и фарисејот. Црквата наша со убавата и боговдахновена химнологија го насочува нашето внимание следејќи го словото на Господа, дека онаа молитва којашто спасува и го оправдува човекот не е молитвата на човек којшто верува во неговите добродетелите и праведност и во добрите дела, туку молитвата на човекот што има скрушено срце и како митарот повикува кон Бога: „Боже, помилуј ме грешниот“.(Лука 18,13).
Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo сeмeјствoтo, вo сeлoтo, вo градoт, вo цeлиoт свeт, бeз Нeгo нe сe мoжe. Сo Нeгo мoра да сe запoчнe. Акo сe сака да сe внeсe дoбра вoлја, мир, љубoв и
Светот ќе постане зло, ќе исчезне милоста и љубовта кај луѓето.
Искушенијата се јавуваат во две форми: првата – тестови, испратени одгоре; втората – соблазни оддолу. Искушенијата, испратени од горе го утврдуваат квалитетот на човечките добродетели. Бог од самиот почеток го познава срцето на човекот, па затоа ги испраќа искушенијата, не со цел да дознае какви се нашите добродетели: тоа се прави за самиот човек, откако во нив ќе види примеси на лаги и измами, да се покае и да се сврти кон доброто. Да не се лишуваме од таквите искушенија, испратени од горе.
Си беше еднаш еден свештеник, кој еден зимски ден не сакаше да служи Литургија, бидејќи беше многу ладно. Беше десет степени под нулата и свештеникот знаеше дека единствениот кој би служел со него тогаш, би бил црковниот пејач. Свештеникот не знаеше ништо за учењето на Црквата за присуството на Триумфалната Црква ниту па за тоа како Божествената Литургија им помага на живите и починатите. Со тешко срце се присили да замине во црква. По пат се молеше да не дојде црковниот пејач за да не мора да служи, туку да си замине дома. Но, пејачот сепак дојде.
Еднаш го слушнав следново: „Секогаш кога грешам, не се чувствувам расположен за молитва. Се чувствувам недостојно и едноставно, не можам да се молам“.Навидум, оваа изјава звучи правилно – многу често и јас сум го чувствувал истото. Но, продолжив да размислувам за ова, додека не се сетив на едно друго прашање: „Што ми е потребно да почувствувам пред да започнам да се молам?“ Во конкретниот случај, претпоставувам дека едноставно се чека да помине чувството на голема грешност. И тогаш сфатив.
Во нашето човечко сфаќање, ние сме склони да ги спротивставуваме славата и смирението, и на смирението да гледаме како на недостаток и слабост. Според човечкото рабирање, само нашата неспособност и отсуството на знаење можат во нас да предизвикаат чувство на смирение. На современиот човек, воспитан да се потпира на јавното мислење, на самоувереноста и на бесконечната самофалба, е речиси невозможно да му се објасни
Пред откривање на моштите на св. Теодосиј Черниговски (1896 год.), свештеникот кој го вршеше преоблекувањето на моштите, се измори и задрема крај нив. Го здогледа пред себе светителот кој му рече:
Јас се навикнав на ладно и дожд, само не можам да се навикнам на лошото време во срцата на луѓето. Ако вие навистина ме љубите и ме сакате, не правете му на никого зло. Само непријателите и човечката злоба мене ме измачуваат, прават да страдам...
Еднаш кога непријателот на нашето спасоние е поразен од совладувањето на првата и најлесна пречка што тој ја поставил на патот на Божјите воини, гордоста нема да му дозволи да се предаде. Тој поставува втора пречка, користејќи ги телесните гревови, а особено похотата на телото. Телото моли за милост кога ја започнува својата битка за спасение; ова е малигната жалба на бесмртноста. Тоа не смее да се слуша. 
Литургијата е најдобриот пробен камен за нашата духовна состојба: живи ли сме или мртви – што се гнезди во нас, какви страсти, какви душевни немоќи?
Зошто ние, почитувачите на мирот, немилосрдно и непрестајно војуваме?
























