Австралиско-сиднејската епархија со голема и свечена прослава ги прослави големите јубилеи
Она што е особено важно да се нагласи – е тоа што за оваа наша прослава слушнаа и останатите народи во Австралија, како и Помесните православни цркви, кои испратија свои преставници на свечената прослава да ја споделат нашата радост. Посебно Руската Задгранична Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Австралиско – новозеландски г. Иларион испрати своја телеграма, која беше прочитана на прославата од нивниот преставник



Световната мудрост не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно земните идеи, туку, да го следиме Христа.-
"Значи, дојди, мој возљубен сине. Дојди, макар на еден ден, за да беседиме за Бога и да богословиме и ќе се насладиш со она за што мечтаеш. Дојди, за да ги слушнеш овие диви карпи, тие таинствени и молчаливи богослови, кои ќе ти изложат своите длабоки мисли и исповедите на твоето срце и умот кон нашиот Создател.
Покрај вообичаените рубрики, овој пат отворивме уште една рубрика – репортажи, во која со секој нов, нареден број ќе биде опфатена репортажа за еден манастир или црква во Македонија. Целта ни е да не ги заборавиме нашите корени, да се потсетиме и да ги истакнеме нашите духовни богатства, па на тој начин да оствариме поблизок контакт со Татковината, а кога ќе ни се понуди можност, и да ги посетиме.
„Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век. Што означува овој последен член во Символот на Верата? Не можеме да ја издржиме мислата за вечниот живот, освен ако самата вечност не навлезе во нашиот!“
БЕСЕДА: Успение на Пресвета Богородица
Сè штo e oд Бoга, тoа e прeкраснo и прeмудрo. Сeкoe Бoжјo сoзданиe oди пoслушнo пo oнoј пат кoјштo Бoг гo oпрeдeлил. И ѕвeздитe сe движат, и живoтнитe живeат, и вoздушнитe струи сe управуваат - сè спoрeд рeдoт вoстанoвeн oд Бoга. Самo чoвeкoт, најразумнoтo битиe, чeстoпати паѓа вo бeзумиe и oставајќи гo Бoжјиoт пат измислува нoви патишта спoрeд свoитeпoмисли.
На 26. Август (ден сабота) со почеток во 08.00 часот, во храмот „Вознесение Христово“- Свети Спас-Драчево, ќе се отслужи Божествена златоустова Литургија, по која во големата трпезарија ќе се одржи трибина, на која воведничари ќе бидат вероучителите Илија Орачки и Стефан Цветановски, а ќе говорат и следниве гости:
На големиот христијански празник, Преображение на Господ Исус Христос, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Неготино. На крајот на Литургијата, Митрополитот заедно со свештенослужителите пристапија на средината на храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето.
На 19.08.2017 година, кога Црквата го слави Преображението Христово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
А, еве, по неизмерната милост Божја, испратена преку благословот на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, дел од монашкото братство на Бигорски и сестринствата од Рајчица и Пречиста, и оваа година се удостоија да го доживеат тоа, со изобилна благодат исполнето, литургиско торжество на врвот Крчин, на надморска височина од 2341 мети. Но за разлика од минатата година, овој пат ним им се придружија многу повеќе љубители на...

























