логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

о Рокдејл – Сиднеј (Нов Јужен Велс) Во присуство на многуброен македонски народ, гости и претставници од општествената јавност, викендов беше одржана долго најавуваната прослава, по повод големите јубилеи: „50 години од прогласувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква (17 јули 1967 – 2017)“ и „26 години од Денот на прогласувањето на независноста на Република Македонија (08 септември 1991 – 2017)“. Прославата беше централна манифестација за македонската дијаспора и траеше три дена.  Таа беше организирана од страна на Австралиско – сиднејската  епархија со благослов на надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.

 

Прославата започна на ден 08 септември (петок) со почеток во 19:30 часот со свечена академија и банкет во Македонскиот културен центар „Илинден“, каде што многубројните гости беа почестени со многу богата научна, културно – уметничка и фолклорна програма. На свечената академија покрај огромниот број на македонскиот народ, кој се собра од сите краишта на Австралија, присуствуваа и: преставници и свештенство од Австралиско-сиднејската епархија, преставници од Помесните православни цркви, претставници на Македонската заедница, потоа Неговата екселенција, Амбасадорот на Р. Македонија во Австралија г. Веле Трпевски, како и преставници од културниот и општествено-политичкиот врв на Австралија. Присуство на прославата зедоа и пратениците од Собранието на Австралија: г. Lou Amato (Либерална партија) и г. Stephen Jones (Социјалистичка партија).

Со пеење на молитвата „Оче наш“ и благослов од свештенството започна свечената академија, на која најпрво беше прочитано посланието на нашиот почитуван и многуценет архиереј, Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој иако оправдано не можеше телесно да присуствува, сепак тој наш пастир и таа вечер беше присутен меѓу нам, со своето послание, кое го испрати до нас, како некогаш апостолот Павле кој им пишувал на Македонците. (целосното обраќање на Митрополитот г. Тимотеј можете да го прочитате на следниот линк: http://mpcaus.org/obrakanje-na-dedo-timotej-do-ase/ ).

Она што е особено важно да се нагласи – е тоа што за оваа наша прослава слушнаа и останатите народи во Австралија, како и Помесните православни цркви, кои испратија свои преставници на свечената прослава да ја споделат нашата радост. Посебно Руската Задгранична Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Австралиско – новозеландски г. Иларион испрати своја телеграма, која беше прочитана на прославата од нивниот преставник. Ја користиме оваа прилика јавно да им се заблагодарам за тоа дело и за искрената подршка.

Отакако беше прочитана телеграмата, свое излагање за големината на јубилеите одржа почитуваниот отец, Неговото преподобие игуменот Гаврил (Галев), кој во својот говор направи една историска рекапитулација со која на сите гости им стана јасна значајноста на настаните кои ги прославивме. (целосното обраќање на игуменот Гаврил можете да го прочитате на следниот линк: http://mpcaus.org/slovo-po-povod-proslavata-igumen-gavril/ ). Исто така свој говор одржа и заменик претседателот на Епархијата г. Љупчо Стефановски, кој говореше за голема улога, која ја одиграла дијаспората во овие значајни настани, како и за современите проблеми и предизвици. Потоа на присутните им се обрати и Неговата екселенција, Амбасадорот на Република Македонија во Австралија, г. Веле Трпевски кој истакна дека македонскиот народ е не покорен народ и затоа како таков повторно се изборил за самостојна црква и држава. Веднаш потоа започна богатата  културно-уметничка и фолклорна програма со Културно уметничките друштва „Илинден“ од Сиднеј и „Млада Македонка“ од Волонгонг.

Утредента, на ден 09 септември (сабота) кога Светата Црква го прославува споменот на свети преп. Пимен Велики и на свети вмч. Фануриј – продолжи прославата со Света божествена литургија во храмот „Света Петка“ во Рокдејл. На Литургијата учество зедоа и му сослужуваа на игуменот Гаврил (Галев) и свештениците: протојереј – ставрофор Ефтим Бетински протојереј – ставрофор, Ѓоргија Лапоски и јереј Радојчо Митрев. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ. Кон присутните со слово се обрати игуменот Гаврил (Галев). Празничната радост се гледаше на лицата на присутните.

На ден 10 септември (недела) започна веќе третиот и последен ден од централната прослава. По Божествената литургија во храмот „Света Петка“, прославата продолжи на плоштадот во општината Рокдејл, каде на многубројниот народ го прославуваше денот на независноста на Р. Македонија. На собраниот народ им се обрати Неговата екселенција, Амбасадорот г. Веле Трпевски. Освен Амбасадорот, на присутните се обрати и заменик претседателот на Македонската православна младина на Австралија (MOYA), г. Ананија Ананиевски, кој е и член на Епархискиот црковно – просветен совет (целосното негово обраќање можете да го прочитате на следниот линк: http://mpcaus.org/govor-jubilej-ananija/). Потоа започна богатата  културно-уметничка и фолклорна програма со Културно уметничкото друштво „Илинден“. По што беше затворена овогодинешната успешна прослава.

Ја користам оваа прилика од наше име како  Одбор за организација на прославата – да се заблагодариме на македонскиот народ, кој зеде огромно учество на сите настани и со тоа даде голема подршка на целата манифестација, како и на сите оние кои на некој начин допринесоа оваа централна прослава успешно да помине во најдобро празнично расположение и да биде запаметена како настан за паметење.

Дај Боже да си дочекаме уште многу други јубилеи и прослави. Вечна да ни е Татковината и Светата Црква. За многу години!

Со почит,

Одборот за организација

на јубилејната прослава

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе

2017 лето Господово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Православен календар

 

29/04/2024 - понеделник

Велигденски пости; (строг пост )

ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК – Св. мч-чки Агапија, Хионија и Ирина; Св. мач. Леонид

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная