логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на
светиот Кирил
архиепископ Ерусалимски
18 март / 31 март

О Кириле оче свети,
над тебе многу пати прогонството
Петрово се исполни, но ти смирено
твоето послушание го изврши,
верата чиста ја запази, вдовици заштитуваше,
сираци удомуваше, народ поучуваше,
и кон Спасителот нивните души ги приведуваше.
Моли се за нас учителу свети
кој првите чекори на секој Христијанин со елеј ги зали.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот
преподобен отец
Анин
18 март / 31 март

Подвигот твој свети Анание не остана
 нем сведок за твојата љубов кон Бога,
туку Вистинитиот, благодатен извор
на исцеленија те направи,
лекувајќи ги сите од мноштво тегоби,
 и бесловесните кон тебе итаа,
привлечени од силата Господова која во тебе дишеше.
За нас моли се старче свети преподобен
да се напоиме од водата жива небесна,
која катадневно Спасителот на тебе ја лиеше.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Трофим и Евкарпион
18 март / 31 март

Сам Господ гледајќи ја простотата на срцето ваше,
ги отвори очите ваши за спознание на вистината
о Трофиме и Евкарпионе, а вие војници Христови станавте,
принесувајќи благодарност преку покајание
и стекнувајќи Небесно Царство преку маченичко исповедание,
молете се за оние кои денес го празнуваат
вашиот чесен спомен.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Православен календар за 31/03/2019

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски   

Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 г. го наследи на престолот блажениот ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господ. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син Констанциј, а од друга во времето на Јулијан Отстапник, со самиот цар отпадник од верата и со Евреите. Во времето на силата на аријанците на денот на Педесетница се јави знакот на Крстот, посветол од сонце, се простираше над Ерусалим и над Елеонската Гора. Ова траеше неколку часа, а почна во девет наутро. За оваа појава што ја видоа сите жители на Ерусалим му пишаа и на царот Констанциј и тоа на мнозина им послужи за утврдување во Православието, а против ереста. Во времето на Отстапник се случи друг знак. За да го понижи христијанството Јулијан ги наговори Евреите да го обноват Соломоновиот храм. Св. Кирил Му се молеше на Бога тоа да не стане. И имаше страшен земјотрес којшто урна сѐ што беше обновено на храмот. Тогаш Евреите почнаа одново да градат. Но повторно фати земјотрес и го урна не само новоизграденото туку и старите камења кои уште се држеа под земјата. Така се обвистини зборот Господов: „ни камен на камен овде нема да остане“. Од многубројните списи на овој Свет отец зачувана е само неговата „Катихетика“, првокласно дело што ја потврдува верата и праксата на Православието до денешен ден. Овој светител беше необичен архипастир и голем подвижник. Се одликуваше со смирение и кротост, а сиот беше испостен и блед во ликот. После многуплодниот живот во подвиг и витештво за верата во Христа, мирно се упокои во Господ


Свети Анин Чудотворец 

Родум од Халкидон. Според растот малечок како Закхеј, но со духот и во верата голем. Во петнаесеттата година се одрече од светот и се насели во една визба во близина на реката Еуфрат и таму принесуваше покајание и молитви најпрво при својот учител Мајум, а по неговата смрт сам. Со силата на својата молитва еден сув бунар го наполни со вода и исцелуваше болни од разни болести и маки и ги скротуваше ѕверовите. Еден скротен лав постојано живееше кај него во послушание. Имаше дар на проѕорливост на далечина. Кога еден столпник кој живееше недалеку од него го нападнаа разбојници и толку го изнатепаа што овој намисли да слезе од столбот и да оди да ги обвини кај судиите, Свети Анин проѕре во неговата душа и ја виде намерата, па по својот лав му испрати писмо во кое го молеше да ја остави, да им прости на напаѓачите и да си го продолжи подвигот. Беше неискажливо милосрден. Епископот Неокесариски му подари едно магаре за да му го олесни носењето вода од реката, но тој му го подари магарето на еден сиромав којшто му се пожали на својата сиромаштија. Епископот му даде друго магаре, но тој и тоа го подари. Тогаш епископот му даде трето магаре но само на заем, како водоносец, со тоа што би морал да го чува и да му го врати. Пред својата смрт овој светител виде како му доаѓаат Мојсеј, Арон и Ор, кои го повикаа: „Анине, Господ те вика, стани и појди со нас!“ Им го откри ова на учениците и Му го предаде својот дух на Бога. Се упокои на возраст од 110 години.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 398
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »