логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светиот
Божји пророк Јона
22 септември / 5 октомври

Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни,
преку него ја видовме милоста Негова,
Оној Kој човекот го создаде, Тој & го љуби.
Kако дете Јона Бог го воскресна,
како возрасен во познание беше приведен,
о, Христе на Твоето триденевно во земја престојување.
Пророче ти кој стана труба која на покајание повикува,
моли се своите гревови да ги препознаеме,
и со пост и молитва кон Христа да припаднеме.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

  Тропар на светиот
Христов маченик
Фока градинар Синопски
22 септември / 5 октомври

Плодови на ревноста твоја принесе пред Господа,
а Он плодови на љубов во тебе умножи,
духовни бисери кои на дар доби,
на дар ги раздаде: радост, мир, трпение,
добрина, милосрдие, кротост, воздржување,
о, Фоко Божји угодниче.
Моли се за нас морепловецу и твоите молитви
нека нѐ водат, со Бога помирени во Царството Небесно.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Фока чудотворец
епископ Синопски
22 септември / 5 октомври

Го подготви срцето твое, Фоко
свештеномачениче за Господа, и ниедна стихија земна
не ја допре верата која ти на Него ја положи,
ниедно мудрување човечко ревноста не ја намали,
венеценосецу на кого Небото видливо рака положи.
Радувај се и за нас моли се благодатен Божји угодниче.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на преподобниот
Христов презвитер
Јона Палестински
22 септември / 5 октомври

Светило запалено пред Господа,
дрво плодородно кое плодови дава навреме,
крошно од чии молитви и солзни капки
денес се напојуваме, Јоно Божји угодниче,
испрати утробата твоја при Христа рожба
достојнославна и не се посрами љубовта
која нозе Господови целива, туку и денес
за нас моли се, пред Спасителот во вечноста.

 
*татко на преподобните Теодор и Теофан нацртани


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Козма Зографски
22 септември / 5 октомври

Блажен си ти Козмо свети испосниче,
кој за водител ја имаше Пресвета Богомајка,
а за учител Христос Спасителот.
Радувај се и за нас моли се преподобен оче,
кој срце за Бога отвори, а солзи за наше
спасение приклони, да бидеме
помилувани просејќи ги пред Господа
твоите свети молитви.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
поранешен цариник Петар
22 септември / 5 октомври

Благословен е милосрдниот Бог о, Петре
свети покајниче, милоста Негова е
 од век до век за оние кои на Него се надеваат,
полагајќи ја душата нивна заради Царството Небесно.
Радувај се светителу, радувај се милосрден
Христов робу и за нас моли се,
трпението и смирението твое,
да бидат залог за нашето спасение.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светиот
епископ Христов
Софрониј Вратчански
22 септември / 5 октомври

Смирението твое Софроние епископе свети,
мноштво дарови донесе во градината на душата твоја,
а ти на Бога благодарејќи срце отвори,
за поука исповедничка, на народ кој
жеден стои пред ликот твој од Христа осветен.
Радувај се и нас спомни нѐ пред Оној, Кој власт има
списоци грешни да искине и во мирот Свој нѐ приведе.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Православен календар за 05/10/2018  

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

vozdvizenie.jpg

Светиот пророк Јона

Живееше повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на којашто пророкот Илија ѝ го воскресна синот од мртвите. Со своето тридневно пребивање во утробата на китот Св. Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение - го изобрази Воскресението на Господ од мртвите. Другото запишано за овој прекрасен пророк треба да се прочита во Книгата на пророкот Јона (Стариот Завет).

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 248
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 731
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »