логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Христос воскресна!

Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.

Повеќе...

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

 


 

starec.Sofronij.freska.jpg

На  засилената молитва ѝ е својствено тоа што  срцето и умот ги воодушевува во нивниот двиг кон вечноста толку многу, што минатото во потполност се заборава,  и  во умот  не останува никаква помисла за овоземната иднина; душата има само една грижа: да не се изгуби ТАКВИОТ Бог;
 да не се биде повеќе недостоен за Него.
Колку што е појак нашиот порив кон Безграничниот,  до толку позабавено ни изгледа нашето приближување кон Него. Од една страна, мачното чувство   на  сопствената ништожност, а од друга   - видувањето на неискажливата големина на Бараниот,  ја чинат невозможна веродостојната проценка на нашата вистинска  положба:
дали ние Му се приближуваме на Бога или се оддалечуваме од Него?

Посматрајќи ја Светоста на Бога, човекот расте побрзо отколку што напредува во способноста својот живот да го усклади со заповедите. Оттаму впечатокот дека растојанието меѓу Бога и нас не престанува да се зголемува!
 Во научната работа секое ново откритие, бидејќи не е и  конечно, го покажува нашето претходно незнање и со самото тоа како да ја проширува областа на непознатото и недоволно познатото кое лежи пред нас.
Може да ни биде дадено и за многу кратко време со умот да ја видиме  целта (независно од природната возраст), но практичното остварување на она што е интуитивно испитано може да бара напор и целиот живот; па дури и тогаш успехот не е сигурен.
Во областа на науката и уметноста постојат извесни точки на потпирање кои што го олеснуваат судењето;  но сосема е друга работа со духот кој што копнее кон Беспочетниот.

Познато е дека и уметникот и философот, и научникот - можат многу сериозно да  страдаат во својот творечки грч, иако нивната цел е навистина ништожна во споредба со нашата.
Кога лошите мисли ќе го прекинат Христијанинот кој што се моли  во неговото пребивање во Вечното, него го обзема страв, духовен страв, се разбира. Да се видиш себе си заробен во ниски страсти кои што одалечуваат од Бога - погодува многу тешко и болно.
Во очајничката тага, молитвата  се собира внатре, во самата срцевина  на нашата личност и поприма облик на „спазам“: целиот човек се собира како стисната тупаница. Молитвата се претвора во зборови со вапај.
Тоа е едно од најмачните доживувања: да се чувствуваш себе  си во најмрачната јама на гревот, недостоен за Светиот на Светиите. Но, нема друг - лесен - пат за да се совладаат страстите.
Секоја христијанска „работа“ неизбежно е поврзана со подвигот; а љубовта како најголема од се, бара и најголем труд.
Животот на Христијанинот по својата внатрешна суштина, преставува следење на Христа: Што ти е тебе (до што друго)?
 Ти ајде по Мене (Јн.21,22).
Заради тоа секој верник во поголема или помала мерка , го повторува патот Господов - иако својот крст нема со сопствена сила да го подигне врз рамениците за да  тргне  во Гетсиманија и понатаму на Голгота (зашто без Него не можеме ништо да  сториме“ (Јн. 15,5).
Оној, Кому му беше даден овој страшен благослов, однапред го виде своето воскресение; судбината на другите - верата во милосрдието Божјо.

Ете, што всушност Таткото Небесен бара од нас: сите луѓе се должни  да го „земат својот крст“ за да наследат живот вечен. (Мт.16,24-25).
Оној кој што го одбегнува носењето на крстот - нема да го одбегне ропството во страстите, така што ќе ожнее пропаст  и  распадливост (Гал. 6,8; Рим. 8,13).

Заповедта за  љубов спрема Бога и ближниот свој исполнета е со длабоки страдања, но тие страдања се пропратени и со небесна утеха  (Мк.10,29-30):  душата ја оживува оној мир кој што Господ му го предаде на апостолите пред својата Голгота. А кога човечкиот дух ќе биде воведен во сферата на светлоносната љубов Божја и на Отецот наш, тогаш целокупната болка паѓа во  заборав и душата необјасниво се насладува (Јн.12,50; 17,3).


Taкa „жената кога раѓа има болки, оти дошло времето нејзино, но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот (Јн.16,21).“
Така и уште повеќе се радува христијанинот, кога во своето длабоко чувство и во својот ум, гледа дека е роден од Бога, за вечноста.

Природно е дека човекот што верува, ако е воопшто можно  вистината за Откровението дадена на Црквата ја чува во својата полнота и чистота. Многувековното искуство на Црквата убедливо докажало дека секое отстапување од патиштата  на Евангелските заповеди одалечува и од сознанието во кое што е содржан вечниот живот. (Јн.12, 50; 17,3).
Ние не сме во состојба да го сочуваме совршенството на заповедите, но од нас зависи, ќе сакаме ли да покажеме максимална ревност. Останатото  ќе го изврши Тој Самиот.
 Во нашиот напор да ја стекнеме љубовта Христова, нам ни се дава да видиме и колку е недостапна Светоста Божја, а истовремено и колку  е неизмерно Неговото смирение.
Силата на Евангелските заповеди е во тоа што природно  нè воведува во бесконечноста на Божественото Битие. Душата блажено Му се восхитува на Бога; таа е воодушевена од Неговата Снисходливост спрема нас,  кое што се покажа во Неговото вотелотворување.
 Нејзиниот учител во сè  е - Христос (Мт.23,8).
Без Него човештвото неизбежно би пропаднало во длабокиот мрак на сопственото зло.
Христос е Светлина на светот; низ Него е пројавена вистината и од полнотата Негова, сите ние примаме благодат на благодат (Јн.8,12 - 1,16 - 17).

Смирениот Бог  (му се) се противи на   гордите, а на смирените им дава благодат (1.Пт. 5,5; Мат. 23,12).
Неговата благодат е Божјиот живот и тој Свој живот  им го дава на оние кои тежнеат да Му се уподобат „Кој себе се унизува, ќе се воздигне“: Во складот на овие принципи на нашата аскетика се појавува покретот на душата кон самоунизувањето, кон  „бесконечното“ мало, и избегнувањето на гордото и грчевито самовеличење.
Нашиот пат, е пат на апофактички подвиг. Неговата цел е следење на Христа, Кој што себе се унизил (се испразнил)  сè до смрта на Крстот. (Фил.2,59).
Што подлабоко одиме „наудолу“, тоа сè порадикално се ослободуваме од последиците на гордиот пад на нашиот Прататко Адам. И кога нашто срце ќе постане чисто (Мат.5,8) тогаш во нас се вселува и Отецот и Синот и Светиот Дух  и ние се уподобуваме  во непоколебливата реалност на Царствово Божјо, каде што неискажливата величина е слеана со соодветното смирение и кротост.
Самото  Овоплотување на Божјото  Слово е исто така кеносис, онтолошко својствен  на Божествената љубов.  И синот ништо не присвојува за себе, туку се му дава на Отецот.  Нашето испразнување се изразува така што оставаме се што ни е на земјата драгоцено, исполнувајќи ја заповеста:
„ ...ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот Крст и да оди по Мене; зашто, кој сака да ја спаси душата своја, ќе ја изгуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене, ќе ја најде“  (Мт 16.24 - 25). 

И пак: „Така и секој од вас кој нема да се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик“ (Лк. 14,33).
Таков е патот на Живиот Бог.

Некој законик...искушувајќи Го (Исуса) рече:
Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?
 А Он му рече: Што е напишано во Законот? Како читаш?
А он одговори и рече: Возљуби го Господа, твојот Бог, се сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли и својот ближен како себе си!
 Му кажа пак: Добро одговори, тоа прави го и ќе бидеш жив (Лк.10.25 - 37).
На прашањето на законикот :  А кој е ближниот мој? - Господ му одговори со приказанта за добриот  Самарјанин, чија суштинска смисла лежи во планот на заповеста:
 Туку вие,  љубете ги непријателите ваши  и чинете добро...не очекувајќи ништо; и наградата ваша ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот. (Лк. 6,35).
За состојбата на нашиот дух во моментите кога нам ни се дава благодат да ги љубиме непријателите, Старецот Силуан говореше како за искуство на Божествената вечност во границите на овој живот. 
Тој зборуваше и пишуваше:  „Кој не ги љуби непријателите, сеуште не го запознал Бога како што треба“.
Заради подобро објаснување  на оваа благодат ќе се осудам да додадам: оној, кој што низ озарувањето со нетварната Светлина на Светиот Дух во себе ќе го доживее преоѓањето „од смрт во вечен живот“, природно ги сожалува сите кои што се лишени од оваа добробит.
Бидувајќи вон границата (досегот) на смртта таквиот човек е ослободен од стравот и ја знае замислата на Отецот за него: Чедо, ти си секаде со Мене и се Мое е твое. (Лк.15,31).
 А ако се што Отецот има , нам ни се дарува тогаш на душата и постанува својствено „да се радува и весели“ кога некогаш мртвиот брат ќе оживи  за непропадливата слава во Царството на Живиот Бог. (Лк. 15,32).
Да се биде Христијанин значи да се верува во  воскресението на мртвите; да се надеваме  во нашето восиновување од страна на Небесниот Отец, за тоа дека и ние ќе бидеме обдарени со Божествениот начин на постоење и по дарот на љубовта на Отецот ќе постанеме она што е Тој Самиот по суштината своја, т.е. дека  ќе постанеме богови.
Такви се ветувањата на Бога и Отецот,  нам кои што поверувавме во Исус Христос како Син, Единороден и Единосуштен  на Отецот. Голем е гревот да се намалува откровението  за Човекот кое што  ни  е дадено во Духот Свет, за тоа како  тој, Човекот,  е замислен од страната на Бога, пред  да биде создаден  овој видлив свет.

Казната за овој грев (неверување во воскресението) има посебен карактер: тоа е нашето сопствено самоосудување, зашто самите се одрекуваме од  дарот на нашиот Творец.
 Зошто се откажуваме?
 Пред  и над сè, затоа што дарот на Отецот се стекнува со голем напор, со многу страдања. Оваа тема е извонредно длабока и кој е во состојба  јасно да им ја покаже оваа задача на луѓето кои што се наоѓаат на различни степени  на сознанието и разумот?
 Кој може на начин што одговара да ја опише совршената, неповторлива восхитеност на нашиот дух, кога во Светлината на Божественото ни се откриваат премудрите патишта на Живиот Бог?

Но, како можеме да веруваме во можноста за воскреснување за вечноста после нашата смрт во тело? Сè што доживуваме и чувствуваме ни изгледа врзано токму за тоа тело со неговите перцепции .

Дури и размислувањето го чувствуваме како движење на некаква енергија во нашиот мозок и срце...
не сите имале молитвено искуство,
не сите ги доживувале состојбите  од кои духот се ослободува од матерјалните врски, во условите на времето и просторот.
Далеку сме од тоа. Но, ете, ние веруваме во науката  со наивна вера, без оглед на нејзината очигледна релативност. Во своите највисоки облици духовниот подвиг оди многу подалеку од секоја човечка наука, но во своите почетни стадиуми е едноставен , па дури и радосен.
Ќе се обидам да ја разјаснам вистинската причина за одбивањето да се следи Христос - Вистината.
„...И кога за Христос се проповеда дека воскреснал од мртвите, како тогаш некои помеѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите. А штом нема воскресение на мртвите тогаш и Христос не воскреснал, а ако пак Христос не воскреснал тогаш празна е нашата проповед, празна е нашата вера...тогаш и оние што умреле за Христа, загинале... зошто и ние секој час се подложуваме на опасност? ...Секој ден умирам браќа...“ (1 Кор.15гл.)

„И Он се одвои  од нив колку камен што може да се фрли, па преклони колена па се молеше..велејќи: Оче кога би можело да ме одмине оваа Чаша!
 Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!
И Му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше. Па бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв што паѓаа на земјата.“ (Лк. 22, 41 - 44).

Што е по суштина оваа Чаша Христова?
Длабочината на оваа тајна е скриена од нас. Обидувајќи се да Го следиме Христос , така што ги почитуваме Неговите заповеди ние неизбежно и непрестајно пиеме некаква чаша, но сме далеку од полнотата на она  што Го мислел и доживувал Христос „тој час“.
Сепак, нешто аналогно се случува и со нас, како што Он Сам рече:
Чашата која што Јас ја пијам ќе ја испиете.
 Таинствена е ЧАШАТА Христова, но и нашата чаша е  сокриена од туѓите очи.
И ако само во овој живот се надеваме  во Христа, појадни сме од сите луѓе, рече Апостол Павле.
Да, токму така.
Во што е, значи, необјаснивоста на оваа благословена „несреќа“ за оние кои што не тргнале по Христа?
Во тоа што  воопшто, сите реакции на Духот Христов, на се што се случува околу нас,  се длабоко различни, а често и дијаметрално спротивни на духот од децата на овој свет.
Еве ви пример:
Јуда излегол од Сионската одаја со тоа Господ  да Го предаде на распетие, а Он во тој момент проговорил:
„Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него“ ( Јн.13,31). 
Слично на тоа на секој чекор во Евангелието гледаме дека Господ живеел во втор план на Битието, таму каде што се се прекршува  низ призма од друг вид. 
 И кој сака  макар и делумно да ја разбере оваа тајна должен е да Го земе на раменици својот крст и во целина да  се предаде на волјата на Отецот Небесен.
 Нема друг пат.
 Борбата меѓу Христос и овој свет сè уште не е завршена!

Преведе:  М. Даниловска Мина

Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6785
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6609
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5806
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1460
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1788
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 1663
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

Божествена Литургија во Водоча (06.05.2024)

„Неверојатен лик е свети Јован Крстител, само што јас тоа не знам и не можам да го опишам со зборови. Неговото присуство ги збунува современиците. Свештениците и левитите, а кој...

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Преподобен Јустин Ќелиски - Беседа на Воскресението

Со Своето Воскресение Господ го извел родот човечки од пеколот и го вознесол во Рајот. Господ го извлекол од смртта родот човечки и го вознесол во Бесмртноста. Господ од ништо,...

БEСEДА  за oсвeстувањeтo oд грeвoт

БEСEДА за oсвeстувањeтo oд грeвoт

Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на...

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

18/05/2024 - сабота

Светата великомаченичка Ирина; Светите Мартин и Ираклиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

Тропар на светиот праведен и многустрадален Јов 6 мај / 19 мај 2024

„Благословено да е Името Господово“ –восклик на победа во маките твоио Јове свети, кои во радости се претворија,бидејќи душата твоја...

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Тропар на светата Великомаченичка Христова Ирина 5 мај / 18 мај 2024

Твоето срце миомирисно семе Христово постана,О, Ирино света девственичке,од него Господ за себе мноштво народ подигна,душата ти, палмина гранка на...

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Тропар на светата маченица Христова Пелагија Тарсиска 4 мај / 17 мај 2024

Девице света, Пелагио Христова,вистината го озари умот твој и исполни срцето,со неа се излечи душата твоја,радувај се сега во небесните...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная