логоFacebookTwitterYouTubeeMail

За светиот Фануриј, прекрасeн Господов подвижник и непобедлив маченик,

не знаеме од каде доаѓа, ниту кои му биле родители, ни пак знаеме во кое време живеел,

а не може ни точно да се определи во време на кој владетел пострадал.

Неговото житие се изгубило.

sv.Troica.Rubljov.jpgПостои огромно толкување на таа икона, но главно за ангелите е ова: Ангелот што стои најлево и кон кого другите два ангела се наклонети, го претставува Бог Отец, и бојата на Неговата облека е недефинирана,затоа што Отецот никој никогаш не го видел. Ангелот што стои во средината е Бог Словото и го благословува Агнецот...

 Според светите Отци човекот е создаден со разумна душа и прекрасно тело, според образот Божји, според Христа, и со сета свое битие како личност создадена според Бога, во сѐ се уподобува на Христос, совршениот Бог и совршениот Човек. Сѐ му служи на Бога, и умот и разумот, и душата и телото, сите подеднакво достоинство имаат во однос на Бога. Инаку, самиот ум има две функции, примарна која се храни со Бога преку молитвен заедница со Него, и секако крвна заедница преку причеста.

Одговор:

Секако дека нашиот ум зависи од состојбата на срцето, ако срцето е чисто од страстите, умот ќе биде просветлен, но бидејќи ние ништо не можеме да направиме без содејство на Христовата благодат, за да се воспостави таа природна состојба на човекот дадена ни е молитвата 

Овие три збора „Свет, Свет, Свет’’ укажува на троичноста на Боженствата, а зборот „Господ Саваот’’ укажува на Неговото единство. Осана се додава исто така на оваа песна зашто е земена од Ерусалимските деца кои со таа песна Го дочекаа доаѓањето на Господ во Ерусалим, „Осана на Висините, благословен е оној кој оди во името на Господа.’’


Поуки од Светите Отци

krusevoexport