логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

„ Безнадежноста е загуба на свеста дека Бог сака да ни даде вечен живот. Светот живее во безнадежност. Луѓето самите себе се имаат осудено на смрт. Животот на светот е устроен околу некоку човечки страсти, а духовниот живот се наоѓа на периферијата. Должни сме да направиме пресврт во ваквата состојба на работите, да го поставиме духовниот живот во срцето на нашиот живот.

Мудроста на овој свет не може да го спаси светот. Собранијата, владите, многусложените организации на најразвиените современи држави на земјата се немоќни. Човештвото страда бескрајно. Единствен излез е да ја најдеме мудроста внатре во нас, решението да не живееме согласно со идеите на овој свет, туку да Го следиме Христа.

Како можеме да го најдеме својот пат. Според Евангелието Христос Е нашиот пат. Христос рече: “ Јас сум патот.“ Ако Е Он патот, должни сме да Го следиме не надворешно, туку внатрешно. И да помниме оти на Голгота и во Гетсиманската Градина се бореше против сите. Сам! “

 

- Старец Софрониј

 

Март 2020 лето Господово

 

Избор од фб профил на

 

Monika Nikolova

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1043
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1005
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…