логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Vselenski.sobor

Благодатта е многу нежна: за да ја стекнеме треба многу да се трудиме, а да се изгуби многу е лесно.

Таа не поднесува ниту најмала невистина, нечистота или внатрешна скриена навреда.

- Схиархимандрит Виталиј (Сидоренко)

 

 

 

(Преминпортал-Снежана Корнет)

 4ти декември 2019 лето Господово

  Друго:

 


Vitalij.Sidorenko.jpg

Ете го образецот, и дишењето, и животот по дејството на Светиот Дух, како што древните свети отци ги учеле своите чеда и ни го оставија образецот на своите поуки.

Браќа! Господ рекол: Моите овци го слушаат Мојот глас и одат по Мене (Јован 10:27). И затоа, оној што е вистински ученик, тој во се’ пребива послушен на својот Авва до смртта, и се’ што и да направи неговиот Авва, го обраќа во свое усовршување, без да смее да расудува за она што му е заповедано или да каже: „Зошто е тоа, зошто е она?“ Во спротивен случај, тој би бил не ученик, туку судија на Аввата; а сето тоа произлегува не од нешто друго, туку од развратната човечка волја. И така, ако некој Авва му заповеда на својот ученик да изврши некакво дело, а тој започне да противречи, тогаш очевидно е дека тој сака да го постави своето и да го замени словото на својот Авва. Нека таквиот да расуди: кој во тој случај ќе биде Авва – тој, чиј збор е заменет, или оној, чиј останал? Кој сака да ја исполни својата волја, тој е син на ѓаволот, а оној што ја исполнува волјата на таков, тој ја исполнува волјата на ѓаволот. Дури и во случај да ја исполни својата волја, и тогаш нема да добие спокој. (Јас секогаш од своеволие не сум спокоен, простете ми, сестри). А што се содржи во тоа? Само непослушание, кое е погибел за душата.

И така, кој види дека се соблазнува од својот Авва, тој треба да се оддели од него, за да не ја погуби својата душа и да не го понесе осудувањето на другите што ги развратува. Кога не знае дали неговиот Авва постапил добро или лошо, тој веднаш се соблазнува поради својата волја, зашто дури и да постапи според својата волја, никој не бил поправеден од сопствениот Авва. А штом тој го знае полезното подобро од својот Авва и сеуште е негови ученик, нека го остави и сам нека ги учи другите. Не опрелестувајте се од ѓаволот и не следете ги внушенијата на својата волја на штета на себе си – никогаш нема да биде по вашата волја, затоа што злото не го трга злото. Но ако ја оставите својата волја на Бога, тогаш Тој ќе постапи како што Му е угодно.

Сестро! Треба да трпиме, затоа што Господ рекол: Со трпението спасувајте си ги душите (Лука 21:19), а Апостолот: Трпение ви треба (Евреите 10:36). Ако Бог посакал да те испита дали ќе можеш нешто да истрпиш, зарем ќе се покажеш дека немаш трпение? Зошто не и’ рече на твојата помисла: „Колку време сум живеела, зарем нема да ги истрпам и останатите не многу дни?“ А кога помислата ти вели: „А како постапи Аввата со другите?“ – одговори и’: „Затоа што тие се свети, а јас сум недостојна и напротив, достојна сум за секакво оскрбување.“ Ако го сметаш твојот Авва за човекоугодник, а тој всушност не е таков, тогаш ти си ја погубуваш својата душа; а ако тој навистина е човекоугодник, тогаш нема ти да дадеш одговор за него, туку тој ќе треба да даде одговор за тебе. Кој сака нешто и не го добива, тој треба да ги разгледа времето, погодностите и слободното време, и тогаш ќе разбере зошто не се случува она што тој го сака; но и оној што не го разбрал тоа, не бива да укорува било кој друг, туку само себе си, велејќи: „Јас сум недостоен“, таков е патот на оние кои сакаат да се спасат и да живеат според Бога.

Ако сакаш да се помолиш за многу работи, бидејќи Бог знае од што имаме потреба, моли се вака: „Владико, Господи, Исусе Христе, научи ме на Твојата волја!“ А ако се молиш за страстите, тогаш вели: „Исцели ме по Твојата волја.“ А кога се молиш за искушенијата, вели: „Ти го знаеш полезното за мене, помогни и’ на мојата немоќ и по Твојата волја дари ми избавување од искушенијата“ или „Господи! Јас сум во Твоите раце, Ти го знаеш полезното за мене, упати ме по Твојата волја, не допуштај да паднам во заблуда и да го злоупотребам Твојот дар. Устрој, Владико, тоа да се изврши во Твојот страв, зашто Твоја е славата во веки, амин.“

Секогаш треба да ја имаме увереноста дека грешиме во се’ – и со слово, и со дело, и со помисла, а при секој случај да велиме „згрешив“ – не можеме. Тоа ни го внушуваат демоните кои сакаат да не’ фрлат во униние. Тие ни внушуваат дека ако не говориме така за секое свое дело, тогаш сметаме дека не сме погрешиле. Но да си спомниме на Еклесијаст, кој велел: Време да се говори и време да се молчи (Екл. 3:7). И наутро – за изминатата ноќ, и вечер – за изминатиот ден, да кажеш со умиление во молитвата за нашиот Владика – Бога: „Владико! Прости ми се’ заради Твоето свето име и исцели ја мојата душа, зашто согрешив пред Тебе.“ И тоа е доволно за тебе, подобно на тоа кога некој имајќи постојан заемодавач, зема од него пари во различно време, и бидејќи не е во состојба секој пат да се раздолжува со него со точност, се раздолжува одеднаш; така е и тука.

Ете, земени се поуки од древните свети отци. Ползувај се од нив за слава на Триипостасниот Бог, по молитвите на Богородица, по застапништвото на Бесплотните Небесни Сили и на сите Светии, кои од века Му угодиле на Бога и на нашите отци, кои сега се подвизуваат и се молат за нас. Амин.

Советувајте се со Старците.

Извор: Животът на Схиархимандрит Виталий

Преземено од: Маран Ата

 

 

 






Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 726
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…