логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 

Големиот водосвет се извршува секоја година на 5/18 и 6/19 јануари. Многумина прашуваат дали оваа Агијазма (света вода) се пие, се користи за миење, се чува во домовите и дали ја заменува Божествената Причест. Во текстот кој следи имаме објаснување за Великиот Водосвет (богојавленската вода), т.е. како треба христијаните да ја чуваат таа вода, како да ја примаат.

    Постои ли разлика помеѓу Великиот Водосвет кој се извршува во навечерието на Богојавление (на Водокрст), и оној кој се извршува на самиот празник?

Великиот Водосвет кој се извршува во навечерието на Богојавление и на денот на празникот, е потполно ист. Погрешно некои мислат дека оној кој се извршува во навечерието е „мал водосвет“, а следниот ден „Великиот“. И во двата случаи се извршува Великиот Водосвет. Малиот Водосвет се извршува во првиот ден од секој месец, како и редовно кога тоа го бараат христијаните во разни прилики (осветување на куќи, продавници и институции, при освет на темели итн.). Великиот Водосвет се извршува само двапати во годината, на 18 и 19 јануари во храмот.

    Каде се чува Богојавленската вода и за што се користи?

Богојавленската вода се чува цела година во храмот. Се чува не без причина. А причината не е друга, освен за да „се употребува“ од верниците под одредени услови и претпоставки. Вообичаена е ситуацијата која се однесува на оние кои се под епитимија од духовникот, кога им е забрането да се причестуваат, на извесен период, и тогаш им се дава богојавленска вода, за благослов и утеха. Не постои ниту една пречка за ова, ако се наоѓаат „во покајание и се исповедаат“. Но задолжително треба да бидат известени дека Богојавленскиот водосвет не ја заменува Божествената причест со Телото и Крвта Христови, за која треба со покајание да се подготват, за да се ослободат од пречките на гревот, та да се удостојат поскоро да се причестат.

    Може ли Богојавленската вода да се чува во домовите и да пијат верниците од неа кога се болни или за заштита од урочување и секое сатанско влијание?

Одговорот е позитивен. Тоа се содржи во свештените текстови од Службата на Великиот Водосвет, каде се вели, „за сите кои црпат и се причестуваат од неа (од оваа осветена вода) да им биде за исцеление од болките (страстите), за осветување на домовите, за секаква посебна полза“, и „да биде поразителна за демоните, непристапна за противничките сили“ (види и во молитвата против уроци, каде се вели: „Отстрани од твоите слуги секакво ѓаволско влијание, секакво сатанско помрачување и напаѓање… причинето од лош поглед или злокобна мисла или пожелба од злобни луѓе“). Несомнено на овој начин верникот се раководи да ги избегнува другите места („бајачници“, маѓии и други методи на лукавиот), и да прибегнува кон валидните „водосвети“ на Црквата, како што е Богојавленскиот (Великиот) водосвет, но и т.н. Мал водосвет, ризницата на Божествената благодат, како свесен член на Црквата и учесник во нејзините осветувачки средства. Се разбира, се претпоставува дека во домовите каде што се чува Богојавленската вода, да гори и кандилото редовно, и да има побожност кај членовите на семејството, кај сопружниците и кај децата, и да се избегнува секоја причина која ја прогонува божествената благодат (како што е богохулството и други бесрамности).

    Која е врската меѓу постот и Великиот водосвет?

Историскиот почеток на Великиот водосвет е следниов: Во древната Црква во навечерието на Богојавленијата – како во навечерието на Пасха и на Педесетница – имало крштевања на Огласените, т.е. на новите христијани. На полноќ се извршувало осветување на водите заради извршување на крштението; оттогаш влезе обичајот – како што нѐ известува светиот Јован Златоуст – христијаните да земаат од осветената вода и да пијат од неа и да ја носат во своите домови за благослов и да ја чуваат преку целата година (од Словото на Светото Крштение на Спасителот).

Но подоцна, во времињата на литургиско назадување, службата на Водосветот се издвои од службата на Крштението, макар што сочува многу елементи од него. Остана обичајот верните да земаат од осветената вода „за осветување на домовите“, како што ни соопштува осветителната молитва од Богојавленскиот водосвет.

Исто така рано се прошири обичајот да се пости пред празникот Богојавленија, од две причини:

Прво, двата големи празници на Рождеството Христово и на Богојавленијата во древната Црква беа соединети во еден, во празникот на Богојавленијата или Епифанијата (Јавување од Небесата), кој се извршуваше на 6/19 јануари (обичај кој се сочувал во Ерменската црква до денес); но светиот Јован Златоуст (4 век) ги разделил двата празника и одредил Рождеството Христово да се празнува на 25 декември/7 јануари, а, пак, Крштението Христово и Објавувањето на Света Троица да се слави на 6/19 јануари. Пред секој Господов празник претходи пост за душевно и телесно очистување на верниците. Да си спомнеме дека постот во себе содржи елемент на жалење поради гревовите. Па така, кога се разделија двата празника, постот кој претходеше продолжи пред празникот Рождество Христово; затоа Црквата одреди да постиме само во навечерието на Богојавленијата како подготовка за празникот, а не повеќе денови, бидејќи се наоѓаме во празничен период, во светиот дванаесетдневник (во периодот на 12празнични денови, од Божиќ до Богојавление, кога Црквата слави и не се пости).

И второ: древен обичај беше исто така, оние кои се крштеваа да постат и заедно со нив и нивните кумови, роднините, но и другите христијани кои запазуваа доброволен пост „за оние кои се крштеваат“. Па не беше тешко во свеста на христијаните да се поврзат пиењето на осветената вода и постот, без да постои причинска врска помеѓу нив.

Па така, пренесувајќи го прашањето во денешно време можеме да кажеме дека, оние кои редовно ги примаат Светите Таинства (Светата Причест) и кои ги запазуваат сите пости на Црквата, како што е на 18 јануари, се веќе подготвени да пијат од Богојавленската вода на 18 или 19 јануари.

(Богојавленската вода се пие секојдневно од празникот Богојавление па сѐ до одданието на празникот, без посебен пост).

На крајот, оние кои редовно пијат од Богојавленската вода, што ја чуваат во нивните домови, во моментите на болест и опасности и др., со или без пост, нека не заостануваат во духовниот пост, оддалечувајќи се „од секаква скверност на телото и духот, па да твориме дела свети и во страв Божји“ (2.Кор. 7,1).

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Извор: http://amvon.mk/2018/01/vodosvet-bogojav/

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 737
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…