логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Esen.manastir1.jpg

Esen.manastir1.jpg

Меѓународен научен симпозиум за Свети Наум Охридски

Esen.manastir1.jpg

Охрид, 4 ноември 2010 (МИА) - Во Охрид денеска беше отворен Меѓународниот научен собир „Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“, како дел од активностите за одбележување на 1.100-годишнината од упокојувањето на Преподобениот Свети Наум Охридски Чудотворец.

Esen.manastir1.jpg

За животот и дејноста на ученикот на браќата Кирил и Методиј, како и за неговото значење во афирмацијата на Охридската духовна и книжевна школа, на собирот ќе говорат експерти и слависти од Македонија, но и од 15 научни центри од Хрватска, Литванија, Германија, Италија, Русија, Словачка и од Бугарија. 

Претседателот на Програмско-организациониот одбор, Илија Велев, истакна дека на научниот собир ќе бидат претставени 49 научни трудови од повеќе научни дисциплини посветени на ликот и делото на големиот светител. Тој потсети дека овој собир е продолжение на научниот симпозиум одржан во 2005 година, по повод 1.100-годишнината од изградбата на манастирот Свети Наум, кога беа објавени мошне значајни реферати што расветлија мошне значајни прашања што претставуваа загатки за активностите на Наум Охридски, а кои дотогаш беа непознати за јавноста.

- За жал во палеославистиката и медиавелистиката делото на преподобниот Наум Охридски беше во своевидна сенка на Свети Климент Охридски. Иако преподобниот Наум се чествува и во другите славистички и научни центри, но во секој случај сме задоволни што на овој собир се најавени голем број учесници од 15 други научни установи. Во науката се откриваат се поголем број научни достигнувања, како нови творби на овој наш светител, појасни професорот Велев од Институтот за македонската литература.

Esen.manastir1.jpg

За прашањето околу тоа кому му припаѓа Свети Наум Охридски Чудотворец, Велев истакна дека тој припаѓа на целата словенска и христијанска цивилизација.

- Она што е важно за македонската традиција и современа култура е што неговата дејност главно проникнува од изворите во охридскито духовен центар и што е мошне важно - неговиот култ се воспоставува и шири од македонските простори, додаде Велев.

Угледниот професор Волф Ошлис, еден од основачите на македонстиката во Германија и еден од најдобрите познавачи на македонскиот јазик и култура, рече дека темата „Свети Наум“ е секогаш интересна за сите македонисти, оттаму што Наум, Климент и другите се основоположниците на македонската култура, јазик, религија, дури и нација. Притоа тој открива нови детали и теории за активностите на Свети Наум Охридски.

- Јас по малку се гордеам што во германската историја најдов директен контакт на Свети Наум и германскиот Регино фон Прим, игумен во еден манастир во планините на западна Германија. Тој во историската 893 година беше тука како пратеник во тогашната империја, притоа остварувал директни контакти со Царот Симеон, веројатно и со Наум, рече Ошлис.

Според него, во секој случај Наум и Регино се првите и најважните европски дипломати од периодот пред илјада години.

- Бедата за нас македоистите е што знаеме кој беа Климент, Наум, но не ни се познати деталите. Не можеме повеќе да прашуваме кој беше Наум, туку да откриваме што повеќе за неговите работни задачи и опкружението во кое живеел и работел Наум. Наум всушност беше премиерот на Царот Борис и Симеон, негов министер за надворешни работи, шефот на тајната служба, значи повечќе професии што се вршат на скриен, задкулисен начин. Токму оттаму и мојата теорија да се препознае човекот според неговите службени обврски, рече Ошлис, додавајќи дека станува збор за теми надвор од досегашните категории кога се работи за ликот и делото на Свети Наум Охридски Чудотворец.

Меѓународниот научен собир што ќе трае до 7 ноември се одржува во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.

Свети Наум Охридски Чудотворец (830-910) заедно со Климент Охридски е меѓу најистакнатите ученици на словенските просветители Кирил и Методиј, учесник во нивната Моравска мисија.  Бил учител, писател и меѓу основоположниците на словенската и македонска писменост и просвета, основач на манастирот Св. Архангел кај Охрид, кој денес во негова чест  е именуван манастир Св. Наум. Бил меѓу основачите и учител во Преславската книжевна школа, успешно ја продолжил дејноста на свети Климент во Охридската книжевна школа и  се занимавал и со литература. Починал на 23 декември 910 во манастирот што го изградил на брегот на Охридското Езеро.

Култот за Св. Наум Охридски Чудотворец покрај во Македонија е раширен и кај другите јужнословенски народи, како и во Албанија и Грција. аб/са/14:40

 Esen.manastir1.jpg

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 523
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 593
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 547
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Параболата за митарот и фарисејот – Св. Филарет Московски

Наместо смирено да Му се заблагодари на Оној, од Кого е секое добро и секој совршен дар; наместо да Му благодари на Бога што му дал можност да ги изврши...

г. Јосиф, митрополит Тетовско - гостиварски: Темели за нов почеток

г. Јосиф, митрополит Тетовско - гостиварски: Темели за нов почеток

Сигурен сум дека со полагањето на камен-темелникот за изградба на овој конак на местото на стариот руиниран објект, како и  со веќе започнати проекти за обнова на стариот конак и...

« »