логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Скопје, 19 декември 2011 (МАНУ)Во Македонската академија на науките и уметностите  се одржа свечен собир по повод 90-годишнината од  раѓањето на првиот претседател на оваа институција, Блаже Конески.

Конески е роден на 19 декември 1921 година во Небрегово, Прилепско, а почина на 7 декември 1993 година во Скопје. Тој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и универзитетски професор.

На одбележувањето на 90-годишнината од  раѓањето на Блаже Конески присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, академици и универзитетски професори. Повеќе делегации положија цвеќе на споменикот на Блаже Конески.

 Stardelov.za-B.Koneski.jpg

Акад. Георги Старделов
Претседател на МАНУ

Stardelov.za-B.Koneski.jpg

ПОФАЛНО СЛОВО ЗА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

На денешен ден, на 19 декември, во далечната 1921 г. точно пред 90 години, роден е Блаже Конески. Денеска го честуваме тој ден на првиот претседател на МАНУ, ја честуваме 90-годишнината од неговото раѓање, од раѓањето на човекот кој со своето единствено дело се извиши во стожер на новата постасномска македонска културна и јазична епоха на која тој ѝ втисна траен и неодминлив белег. Лингвистичкото, книжевно-историското и поетското дело на Блаже Конески уште во времето кога тоа беше создавано, се вреднуваше највисоко и беше секогаш ставано на самиот врв. За Блаже Конески, веќе во 70-тите години на минатиот век, се пишуваше како за споменик кој се движи. А кога за само некој час ќе биде свечено откриен неговиот споменик пред нашата Академија, Блаже Конески ќе може да каже, како некогаш Пушкин, дека овој споменик не е само во негова слава туку и во слава „на народот од бурјан вечно чист”, во слава на македонскиот јазик и на македонската поезија.
Блаже Конески претставува средишен столб на македонската културна ренесанса во ХХ в. Тој ги положи лингвистичките научни основи на нашиот книжевен јазик воздигнувајќи го него во наша единствена татковина. Со Блаже Конески ја откривме сета исконска длабочина на простата и строга македонска песна. Со него далечните македонски епохи, расцепкани и разграбени, ги вративме во својата матица, поврзувајќи ги со сегашнината во една нова синтеза и нова целина. Со него ги воспоставивме за овие седум децении сите разурнати мостови меѓу нив, осмислувајќи ги како наш долготраен автохтон културен континуитет. Со неговите песни го допревме самиот врв на европската и светската поезија. Без него и неговото големо дело не би биле сиромашни само за еден човек, колку голем гениј да е тој, туку за цела една епоха.
Блаже Конески со с# што се зафати и со с# до што допре, во с# нурна и продре најдлабоко. Тоа го направи во лингвистичката и книжевно-историската наука, тоа на уште повеличав начин, го направи во поезијата. Воопшто, Блаже Конески во македонската култура е од рангот на оние ретки личности во историјата на културите на другите народи кои $ даваат печат на својата епоха (Пушкин, Шевченко, Гете, Његош или Вук итн.). Тоа се личности кои со своето дело во повеќе области отвораат нова страница во историјата на културата на своите народи, личности низ кои духот на времето, неговите културни настојувања и стремежи се пројавуваат на најдлабок и на најсестран начин. Во таа, имено, смисла зборуваме за епохата на Блаже Конески во историјата на македонската литература и во историјата на македонскиот јазик.
Лингвистичкото, литературно-историското и поетското дело на овој голем македонски творец стана во нашата модерна културна историја најтемелниот и најтрајниот духовен постамент на новата македонска епоха во ЏЏ в. Сите македонофоби, сметаа со тој факт, дека Македонија го губи својот идентитет штом $ се одрече нејзиниот јазик. А Блаже Конески беше решавачката личност на браникот на нашиот јазик. Балканските циници убаво знаеја дека тој, со своите фундаментални лингвистички истражувања, со своите длабоки толкувања на нашето културно и општодуховно траење во времето, со трансисториската сила на својот поетски опит ја извиши неа до ѕвездите. На македонското поприште подвигот на Блаже Конески, го подготвуваа столетијата на нашето духовно траење, низ кои тој толку ингениозно умееше да го излачи, да го впие во своето севкупно и единствено дело она најесенцијалното – базичните духовни процеси и личности, базичните квинтесенции на македонското поетско и јазично историско траење во протекот на времињата. Од друга страна, Блаже Конески со своето знаменито дело му втисна на нашиот јазик и на нашето духовно траење на светско-историски план во модерната историја, неодминливо културно и големо духовно научно достоинство, зашто по него нè паметат во областа на јазикот и литературата во современата европска и светска култура.
Во личноста и делото на Блаже Конески, и како голем поет и како голем научник, не е можно да се воспостави некоја поделеност, на пример, меѓу неговото научно лингвистичко, книжевно-историско, од една, и неговото поетско творештво, од друга страна. Во сите нив го чувствуваме фундаменталниот принцип на неговиот творечки опит: во секоја своја песна, во секој свој стих, но и во секоја своја лингвистичка мисла, суд и исказ, да открива и да формулира, еден, се осмелувам да речам, закон кој има универзална смисла и трајно значење за македонскиот опстој. Тоа е така зашто секој негов стих, секоја негова песна, но и секој негов научен суд, или книжевноисториска и критичка рефлексија, живеат не само според своите сопствени иманентни поетички, лингвистички туку, во прв ред, според своите сопствени морални закони и прерогативи, на народниот колектив, како што самиот велеше. Се должеше тоа на фактот што кај Блаже Конески пеењето и мислењето не го изневерувало никогаш живеењето, ниту живеењето, пеењето и мислењето. Неговите песни се самооткривање, себеоткривање, себекажување. Во нив се вкрстени животот и поезијата во една единствена и неразлачна синтеза. И затоа им се предаваме ним така и толку штедро како да се дел од нас самите. Во густата ноќ на човекот, во големата, несогледлива и недогледлива негова бездна, поезијата на Конески е просветлување на патот на човекот до него самиот. Во неговите песни се слушаат и одѕвонуваат тешки човечки јанѕи, болни и очајни крикови на човековата осама. Неговите толку едноставни, строги, но и толку содржински богати и комплексни песни, прилегаат на магиски формули во кои се заклучени големите човечки тајни. Има во неговите стихови афористички инкантации, нешто од онаа гномска драматика на македонските пословици во кои по мостовите на човековиот помин по овој тлеен свет се среќаваат и обединуваат во едно животот и поезијата. Има во неговите стихови голем дел од историското колективно искуство на родот наш, за тоа како се траело, живеело и исчезнувало под небесниов свод. Но, над сето тоа и заедно со сето тоа, има и се одвива во песните на Конески една виолентна драма на човекот, за тоа како тој го изврвел својот трошен човечки век.
Во поетското и во научното дело на Конески живее и пулсира едно длабоко наталожено животно, егзистенцијално и историско искуство на нашиот човек и на нашиот народ. Тој тежок и комплексен порив нивен во историјата, тие да продрат до себе до својата посебност и длабочина, присутен е не само во секое негово поетско туку и во секое негово научно дело. Неговите толку едноставни, строги, но и толку длабоки песни прилегаат на магиски формули во кои се шепотат големите човекови исповеди. Има во неговите стихови нешто од онаа космичка драма на македонските легенди и преданија. Има во неговите песни и во научните расправи голем дел од историското колективно ходочастие на родот наш, за тоа како се живеело, страдало и умирало под небесниов свод! Но, над сето тоа, има и се одвива во творештвото на Конески една виолентна драма на колективот и родот наш да се крене од смачкано племе, како што го нарече во една своја песна, до оние небесни и ѕвездоподобни навигации за низ нив да го открие она судбинско што се тлеело од века и како тој го изврвел својот драматичен опстој во македонскиов простор и време.
Додека во својата поезија Конески нурна до длабочината на човековото битие, до длабоките траги на човековиот тежок пат до себеси, дотогаш во неговата научна лингвистичка мисла го среќаваме истото тоа, само сега насочено кон загработ во историските длабочини на народниот колектив. Во науката за јазикот и во науката за литературата тој ги дочу и ингениозно ги изрази истите тие лелеци заѕидани во думаните на времето, придушени, но длабоко вистинити, во кои се изразува она судбинско што се таложело под загадочно македонско небо во нашето траење и истрајување под небесниот вршник. Затоа и велам дека поетското и научното дело на Блаже Конески е како излеано од бронза, толку е тоа монолитно, единствено и неделиво.
Се присеќавам сега на еден настан од моите контакти со Конески.
Бо пролетта 1987 кога го одбележувавме 40-годишниот јубилеј на Друштвото на писателите на Македонија, во својство на тогашен негов претседател, го поканив неговиот прв претседател да појде заедно со нас, повеќемина југословенски и странски писатели, гости на нашето Друштво, да го посетиме манастирот Свети Јован Бигорски. Блаже се согласи и сите поминавме еден ден по долината на Радика заедно со него. Кога стасавме во манастирот, Конески се оддели за миг. Го видов како замислен стои пред еден натпис. Забележав, исто така, како со голема концентрација му се приближува на тајното загадочно место, како ги вади очилата и нешто запишува. Брзо по овој настан тој ја објави песната „Читач”. Може да се рече дека во тој час присуствував на самото раѓање на идејата на оваа песна во која ја открив големината и единственоста на Конески. Откако неа ја прочитав, објавена подоцна во „Црква” 1988, во свеста ми се врежаа нејзините последни стихови во кои Блаже вели: ,.Така се случи / да ми даде Господ слаби очи / морен вид / да не можам да ги прочитам” (па докрај споменувајќи ги иконостасите во Свети Спас, во Јован Бигорски и во Лесново, делата на Петре Гарка Филиповиќ и на Макарија Фрчковски) заклучува:
Јац цу одам,
а кога ќе пречекате вие
друг таков читач како мене?
Ова мое присеќавање за Конески немаше воопшто да го спомнам ако во мене не изнурна овој мал детал што речито зборува и сведочи за големината на овој наш јазичен гениј. Имено, јас сум длабоко уверен дека ние не сме имале, ниту за долго ќе имаме, таков читач на праизворите, длабочините и столбовите на кои се кревало и извишувало битието на нашиот народ. Се прашувам: Кој толку длабоко и неповторливо во својата толку длабока и раскошна речовитост ги прочитал, открил и протолкувал, на пример: Климента, Кирила Пејчиновиќ, Миладиновци, Григора Прличев, Рајко Жинзифов, Јордан Константинов Џинот, Марко Цепенков, Крстета Мисирков, Коста Рацин, и многу други наши бележити луѓе кои духовно нè забаштинеа како народ, и чија мисла ни е во коренот наш што длаби во земјата македонска? Кој толку темелно ја протолкувал нашата народна, проста и строга македонска песна? Кој толку поетски ингениозно ги прочитал универзалните зрачења на македонските легенди? И каде на друго место со толкава поетска сила е прочитана, откриена и протолкувана тајната и смислата на трошниот човечки век, неговиот трагичен помин под небесниот свод и во него таа вечна битка на Еросот и Танатосот? Каде, кај кој друг читач се прочитани недосегливите длабочини на човековото битие со толкава сеопфатна животна полнота како во неговата поезија? И каде и кај кого читањето било подлабоко и посеопфатно за нашето трагично историско опстојување во времето и просторот низ долготрајните македонски столетија?
Хе, не ќе пречекаме ние уште за долго таков читач и таков човек. Затоа Конески претставува книжевна епоха и затоа ова негово денешно честување ја изразува, всушност, свеста за тоа дека во неговото поетско и лингвистичко дело сублимирана е врвната смисла на македонската историска егзистенција заради што и се издигна тој во македонската култура, како наша највисока и највозвишена духовна вертикала во втората половина на 20-от век.
Во познатиот свој есеј „Личноста на Коста Рацин”, Блаже Конески ни открива нешто многу битно за нас самите во историјата. Според него иако ние како нација немаме долг и богат опит, величината на нашиот историски пат до себеси е во тоа што низ сите промени и превратности во историјата на нашиот народ, ние сме создале трајни, врвни и неприкосновени константи во кои најсилно се изразувал и потврдувал нашиот национален опстој во времето. Меѓу тие константи се извишуваа највисоко во ХХ в.: Крсте Петков Мисирков, Коста Рацин и Блаже Конески. На македонскиот простор, напиша тој, не може веќе да се изневеруваат нивните базични историски пораки без, притоа, да не се засега во суштинската основа на нашиот национален развиток. Ете затоа ние како Македонска академија на науките и уметностите му даваме толкаво значење на одбележувањето  на 90 годишнината од раѓањето на Блаже Конески. Со него и со неговите претходници, на нашиве балкански бришани простори каде уште ни се закануваат балканските циници и програмери на геноцидот (Конески) ние најсилно и несоборливо го браниме нашиот национален идентитет, зашто откривајќи ги и осознавајќи ги нив, ние најсестрано и најдлабоко се осознаваме и откриваме самите себеси. 

Stardelov.za-B.Koneski.jpg

Stardelov.za-B.Koneski.jpg

 Stardelov.za-B.Koneski.jpg


   Stardelov.za-B.Koneski.jpg

 Stardelov.za-B.Koneski.jpg

ЧУВАРИ

Вие што го чувате споменот на мојата младост,
на мојот занес, на мојата смеа,
на мојот понесен збор,
знајте:
понекогаш сум толку жеден за вашата рака!
И ми се чини дека од само еден допир,
мек и мигновен,
сè би минало што ме боли,
би се сталожило,
и би здивнала мојата душа.
Но сепак стојте кајшто сте се нашле,
да не се видиме пак!
Ваша должност нека остане
да не се наруши споменот каков сум бил.
Ништо друго!

 Stardelov.za-B.Koneski.jpg

Преминпортал

Извор: МАНУ

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 209
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 420
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 567
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »