логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 http://vecer.com.mk/?ItemID=B0A133B00F475E4FA991E46124B794E8

 

ПИСАТЕЛОТ ГОЦЕ СМИЛЕВСКИ СО РОМАНОТ "СЕСТРАТА НА ЗИГМУНД ФРОЈД" РАСТУРА И ВО ИТАЛИЈАНСКИТЕ МЕДИУМИ


Не е до името, на Грција и е страв да ги врати имотите на протераните Македонци


"Проблемот е во фактот што во 1948 година од Грција беа протерани триста илјади Македонци, на кои им е конфискуван целиот имот", вели нашиот писател во интервју за најтиражниот италијански дневен весник "Кориере дела сера"


Првиот млад македонски писател кој ќе го објави најголемиот светски издавач "Пингвин", Гоце Смилевски, не престанува да изненадува. Последниот литературен шок доаѓа од Италија, каде што писателот растура со романот "Сестрата на Зигмунд Фројд". Рецензии се објавени во "Ла република", "Ил соле 24 оре", "Л'еспресо" и во ватиканскиот дневен весник "Л'осерваторе романо". Во дневникот "Кориере дела сера", пак, се појави интервју во кое авторот е најавен како "откровение што доаѓа од Македонија". Во интервјуто Смилевски зборува за основните идеи на романот, а одговара и на прашањето за проблемот со името меѓу Грција и Македонија.
"Проблемот не е во името, туку во фактот што во 1948 година од Грција беа протерани триста илјади Македонци на кои им е конфискуван целиот имот, кој, по влегувањето на Македонија во ЕУ, Грција стравува дека ќе мора да го врати", храбро и дрско одговара писателот за најтиражниот италијански дневен весник.

Рецензентот во ватиканскиот дневен весник "Л'осерваторе романо" подвлекува: Роман кој одговара на многу имплицитни прашања за човечката и интелектуална средина во која е родена психоанализата, но, исто така, опфаќа и пошироки егзистенцијални теми. Преку животот на Адолфина авторот сугерира дека иако секој од нас е сам и детерминиран од својата судбина, ние можеме да создадеме оригинална и длабока интерпретација на животот".

Во рецензијата на дневниот весник "Ил соле 24 оре" се оценува дека станува збор за "оригинален и фасцинантен роман". Натаму се вели: "Раскажувањето не ја следи логиката на линеарна приказна, туку тоне длабоко во себе и одново изнурнува преку нишката која постојано се кине и постојано се обновува. На моќен начин овој надарен млад автор не го конструира романот како права линија, туку како вител.". Рецензентот наоѓа сродност на ова дело со формата на античката трагедија: Ова е роман за подземниот свет на сестрите, кој Гоце Смилевски го сопоставува на небесниот, подеднакво болен, но ултимативно триумфален, свет на браќата, како хор на анонимни жени кои ја кажуваат својата сопствена вистина која се спротивставува на онаа на машките херои на трагедијата...

Најтиражниот италијански неделник "Л'еспресо" објавува рецензија во која авторот пишува: "Јас сум импресиониран" и нагласува дека станува збор за "страстен роман".

За романот "Сестрата на Зигмунд Фројд" минатата година Гоце Смилевски ја доби Наградата за литература на Европската унија. Делото се преведува на повеќе од дваесет јазици во светот. Во САД романот го објавува најголемиот светски издавач "Пингвин" од Њујорк. (Де.Т.)

Смилевски спореден со Жозе Сарамаго
Во рецензијата објавена на страниците на "Ла република", меѓу другото, се вели: Во романот Фројд и Виена се само можност за патување по темниот и болен живот на една жена поразена од судбината. Тој е реконструиран со стил кој е силен, повеќеслоен, опсесивен. Авторот наликува на Жозе Сарамаго, во начинот на кој суптилно ги крши правилата на формата за да го изнесе на површина она што е суштински значајно...



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Август 24, 2019

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте правила за млади документаристи на Косаковски. Како предавач, тој ќе зборува за своите принципи при креацијата на своите синеастички дела и ќе ги претстави своите…
Август 18, 2019
чехов

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе, тој мора да биде образован“, вели во едно писмо рускиот писател Антон Павлович Чехов кое му го испратил на неговиот помал брат, во кое му напишал и листа на услови што…

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Јул 04, 2019 Литература 385
Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици.…

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Јул 02, 2019 Научни трудови 280
Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 383
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Беседи

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

« »