логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

8 октомври 2019

„Антолог“ најавува
 
„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН

добитник на наградата „BookStar 2019“


Организацискиот тим на Фестивалот на европската книжевност „BookStar“ со големо задоволство го најавува гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран неговиот роман Авијатичарот, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го приопшти Ѓорѓи Крстевски. Романот е најчитаниот наслов во книжарниците на „Антолог“ оваа година, а е објавен со поддршка на Институтот за преводи на Русија. Покрај овој роман, ќе бидат промовирани уште две претходно објавени книги од овој автор – Лавр и Соловјов и Ларионов, во превод на Павел Попов.

Промотор на романите ќе биде книжевникот и универзитетски професор Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Ана Јовковска.

            В четврток, пак, 10 октомври, со почеток во 10 часот, во Салата за седници на Филолошкиот факултет во Скопје, во чест на добивањето на наградата „BookStar“, Евгениј Водолазкин ќе одржи почесно универзитетско предавање на тема Неколку размисли за современиот роман. Освен тоа што студентите и гостите ќе можат да поразговараат непосредно со овој голем руски писател и да ги слушнат неговите видувања за романот денес, во оваа пригода ќе му биде доделена и наградата „BookStar 2019“, со што ќе заврши и официјалниот дел на Фестивалот. Предавањето ќе биде на руски јазик, а обезбеден е превод на македонски.

Авијатичарот почнува со мистерија. Инокентиј Петрович Платонов се буди во болница во 1999 година, без сеќавање за тоа кој е или како се нашол таму. Иако изгледа како да е триесетгодишен, постепено сфаќаме дека е постар од еден век! Вистински Робинсон Крусо, фрлен на брегот на еден чуден модерен свет што не го разбира и од кој де факто е изолиран. Како точно пристигнал во постсоветската ера, очигледно транспортиран директно од 1920-тите?

Места и моменти во времето од руската култура, вклучувајќи го и револуционерниот и постреволуционерниот Петроград. Единствената, временски фрактурирана биографија на Платонов му дава широка перспектива на рускиот живот: исто како што еден авијатичар би можел да испита широк простор озгора, неговите спомени датираат од раниот советски период до крајот на дваесеттиот век.

Авијатичарот е дело на сеќавање и заборавање. За заедничкото плетење и разбирање на еден век во руската историја. Романот запрашува: Која е поврзаноста меѓу индивидуалната и колективната меморија? Што е поважно во нашето разбирање на минатото: големите историски настани или малите детали од секојдневниот живот, како што се звуците и мирисите?

Евгениj Водолазкин е руски писател роден во 1964 година во Киев, Украина. Од 1990 година работи во Одделот за староруска литература, каде што е водечки научен соработник. Автор е на повеќе од сто трудови поврзани со древната и со новата руска литература. Предава на универзитети во Минхен и во Санкт Петербург. Неговиот роман Лавр ги освојува наградите „Големата книга“ и „Јасна Полјана“ во 2013 година. Преведен е на повеќе од 15 јазици. Историјата е негова првична инспирација, без оглед дали турбулентните времиња на Октомвриската револуција или наследството на византиската култура.

Фестивалот „BookStar 2019“ беше отворен вчеравечер со промоциите на книгите Двојно стакло од Халдора Тородсен (Исланд) и Воспитувањето девојки во Чешка од Михал Вивег (Чешка). Покрај Евгениј Водолазкин, вечерва ќе бидат промовирани и книгите Бележникот на татко ми и Куќата на џамијата од Кадер Абдолах (Холандија). А утревечер пак ги промовираме книгите Исцелување на светот од Слободан Шнајдер (Хрватска) и Малтерего од Марко Шелиќ Марчело (Србија).

Денеска и утре, освен фестивалските промоции, посетителите ќе имаат можност да ги проследат и книжевните дискусии Да се биде европски романописец денес (8 октомври, 17 часот) и Во сенката на читателот (9 октомври, 17часот), организирани во соработка со Друштвото на писатели на Македонија, а во рамките на проектот United we read! / Читаме заедно.

Сите фестивалски настани и активности се достапни во програмата на настанот на „Фејсбук“.

Фестивалот е поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија, Министерство за култура на Република Северна Македонија, мрежата „Традуки“, Институтот за преводи на Русија, Холандскиот литературен фонд, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на Република Чешка, Исландскиот книжевен центар, Младинскиот културен центар и Друштвото на писатели на Македонија.

 

МАЛ ЈУБИЛЕЈ ЗА BOOKSTAR, АНТОЛОГИСКИ ПОТФАТ ЗА НАС!

 

 

Следете нè на:

Facebook

https://www.facebook.com/antolog

 

Instagram

@antolog_mk; @bookstar_festival

 

Twitter

@bookstar2017

 
Youtube
https://www.youtube.com/channel/UCPMeZZYy8_NAAGJ4bUR3OeA    
Кристина Велевска,
Книжевен центар „Антолог“,
ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1, 1000 Скопје

Kristina Velevska,
"Antolog" Publishing House,
"Gjorgji Pulevski" 29/1, Skopje

+ (389) (0)78/290-745

http://antolog.mk/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 670
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 724
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 709
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »