логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 glagolica - jpg

На 24 мај  2016 година, Македонската Академија на Науките и Уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките  го одбележаа денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

По повод свечениот собир посветен на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј  бише претставена уникатната  ГРАФИЧКА МАПА НА ГЛАГОЛИЦАТА изработена од академските сликари и графичари Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски. Мапата  ја отвори акад. Катица Ќулавкова.

glagolica

Мапата на македонската глаголица (34 линорези и графики во комбинирана техника на коишто се претставени 34 глаголички букви и буквени знаци, плус еден табеларен линорез).

„Настаната во „грчко-византиска културна средина“, глаголицата претставува мошне автентична и „сложена структура, како со оглед на нејзината семантичка страна богата со христијанска симболика, така и од палеографска и лингвистичка гледна точка“ (Петар Хр. Илиевски, 2006, 146).


glagolica - jpg

Глаголицата е свесно создадена со цел да ги означи графички посебните словенски гласови (ги има 14 диференцијални словенски гласови и графеми). Глаголицата е автохтон буквен знаковен систем кој содржи идеограми и пиктограми кои ја правеле податлива за сакралната комуникација и семиотика, за христијанската религија и теозофија, како и за мистичната мисла и метафизичкиот ум устремен кон нечујните и едвај чујните (неми) сфери. Устројството (семиозис) на глаголицата е синтеза од грами/графеми/идеограми, слова/букви, иконични знаци, нумерички буквеноцифрени величини, астролошки, теозофски, мистични симболи со извонредни естетски и етички одлики

12295261_10203638061831939_2850411991456004019_n
 

Проектот Македонската глаголица е инициран од Канцеларијата на потпретседателот на
Меѓународниот ПЕН – ПОЕТИКИ. Електронското издание на книгата Македонската глаголица веќе е објавена во  Разноликост како бесплатна е –книга. Кликнете ОВДЕ и збогатете ја вашата електронска библиотека.

 

 

 
Автор на фотографијата: Магдалена Делкова

http://diversity.org.mk/news/izlozbagrafichkata-mapa-na-glagolicata-mk/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 151
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 162
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 238
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »