логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Evropska.kuka.Lichenovski4


4 ноември 2022 е значаен датум за Europe House Skopje!

Навршија три години откако тогашниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли (1956 – 2022) симболично го предаде клучот од Europe House Skopje на македонската младина. Оттогаш, просторот служи првенствено на младите функционирајќи како „место на новата генерација“.

Трет роденден на Europe House Skopje! Ја славиме културата, културните работници и уметноста!

Овој роденден е точка во која ги спојуваме културното наследство со вештините, идеите и духот на младите.

Културните припадности и традиционалните идеали не само што играат важна улога во дефинирањето на тоа кои сме ние, туку и ни помагаат да го видиме светот во поинакво, позитивно светло. Tие сe катализатор на промени, промотор на вредности, и влог за идните генерации.

Како дел од роденденската програма, во Среда (9ти ноември) од 12:00 до 14:00 часот, е  отворена на изложба во спомен-куќата на Лазар Личеноски.

Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство. Неговото сликарство го одразува нашето поднебје, преку колоритот и најпознатите негови пејзажи на афиони, галички бачила, Охрид и многу други. Личеноски е еден од втемелувачите на ликовниот живот кај нас. Неговиот талент, творечки опус и спомен-куќата како културен објект ги поврзавме со нашите роденденски активности.  Го прославуваме идентитетот и оставштината на овој великан, притоа давајќи простор и можност да се вклучите и славиме заедно.

Со свеж пристап и различни уметнички творештва, студентите и професорите од Факултетот за ликовни уметности ќе ја изложат својата визија, интерпретирајќи ги ликот и делата на Личеноски.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец ноември. Наскоро ќе објавиме дополнителни датуми за посета, изјавија организаторите на настанот од  Europe House Skopje

Evropska.kuka.Lichenovski5

plakat studentska izlozba.jpg

 Evropska.kuka.Lichenovski1

Како домаќин на активностите по повод третиот роденден на Europe House Skopje под мотото „THINK FORWARD – ЗАТОА ШТО КУЛТУРАТА Е ВАЖНА“, Омаж на културното наследство на Лазар Личеноски, сме особено почестени со изборот и идејата за промоција на културното наследство.

Бидејки темата на Европската Унија за 2023 е „Европска година на вештини“, изборот на Личеноски како автор и мозаикот „Апотеоза на трудот“,претставуваат глорификација на трудот (професиите), вештините.

Намерата на Европската делегација, со особено залагање на амбасадорот Дејвид Гир, е да даде поддршка во напорите за валоризација и реконструкција на ова особено културно наследство, Спомен куќата на Лазар Личеноски.


Evropska.kuka.Lichenovski3

Имено, во изминативе години Министерството за култура финансираше изработка на обемен број на проектни програми. Изработен е „Елаборат за валоризација на Спомен-куќата на Лазар Личеноски“ од страна на НУ Конзерваторски центар, Скопје. Стручниот тим за изработката на елаборатот беше во состав: Томовски Лабин, дипломиран историчар на уметност, конзерватор-советник; Таневска Анета, виш конзерватор; Ристов Јован, дипломиран правник, конзерватор-советник. Во 2016 година е изготвен Основен проект за  конзервација, реставрација и реконструкција на куќата на Лазар Личеноски, фаза архитектура со конзерваторско-реставрациски интервенции, статика-конструкции, водовод и канализација, електрика и против пожарна заштита. Врз основ на Одобрение на Управата за заштита на културното наследство во 2020 година започна реализација на Проектот за спомен куќата. Во текот на 2020 започна и во 2021 е завршена фазата водовод и канализација и дел од фазата електрика која е во завршна фаза во 2022.


/cp/ps/Mail/Downloader?uid=36773&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=d2056&pct=8866d&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=8&attachmentID=f_la82cwiw7


Во тек се изработува Анекс на Проектот, со претходно направени геотехнички истражувања за поставување на дренажен систем околу објектот заради појава на влага од атмосферски/подземни води како и санација на влезниот степенишен дел на објектот кој е деградиран.

 

Покрај архитектонскиот проект кој кореспондира на недвижното културно добро, изработени се проектни програми и конзерваторско проектирање на движното културно наследство. Движното културно наследство е Колекција од повеќе збирки: Збирка на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели), Збирка на 37 мозаици и 5 зграфити, Етнолошко-музејска збирка со обемен етнолошки материјал и Библиотечна збирка. Во февруари 2022 г. според предвидената програма на Националната галерија за 2021 г. комплетно е завршена конзервација и реставрација на збирката на мозаици. Во тек е подготовка на проектот за конзервација и реставрација на 122 ликовни дела, дел од Колекцијата на музејот. За етнолошката и библиотечната збирка се направени истражувања, методолошка класификација, внесени и евидентирани, следат конзерваторски елаборати.


Evropska.kuka.Lichenovski2
 

Во напорите да се обезбедат средства за еден ваков исклучително обемен и значаен проект, Националната галерија во изминатите години на повеќе наврати правеше обиди за обезбедување на вонбуџетски средства за конзерваторските работи на движното културно наследство. Во 2022 и 2021 се обративме до JICA Balkan Office преку канцеларијата во Скопје. Во 2020 година приложивме апликација за грант од програмата Cultural Grant Assistance of Japan, The Sumitomo Foundation Fiscal 2020 Grant For Projects For The Protection, Preservation & Restoration Of Cultural Properties Outside Japan. Во 2017 и 2018 Националната галерија аплицираше во Програмата на амбасадорскиот фонд на Соединетите американски држави, U.S.Ambassadors Fund for Cultural Preservation, кои веќе на неколку наврати ни доделија средства за санација и реконструкција на Даут пашиниот амам и Чифте амам.

 Evropska.kuka.Lichenovski6

Бидејки не застануваме, оптимизмот во нас е патоказ за движење напред, веруваме дека во оваа прилика ќе имаме можност да реализираме голем дел од зацртаното со поддршка на Европската делегација во Република Северна Македонија, изјави директорката Дита Старова Ќерими.

 

Evropska.kuka.Lichenovski

Национална галерија на Република Северна Македонија

Графички решенија и фотографии: Europe House Skopje

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1316
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1646
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

БEСEДА за градoт штo сe ѕида

Затoа гo брамe oнoј град штo ќe дoјдe. Тoа e град сoѕидан oд духoт, oд живoтoт и oд вистината. Тoа e град на кoјштo eдинствeн нeимар e самиoт Гoспoд Исус...

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА  (27.04.2024)

Отец Славчо Костадиновски: ЛАЗАРОВА САБОТА (27.04.2024)

Нашиот Господ Исус Христос, додека ја извршуваше спасителната мисија на земјата, воедно и го подготвуваше народот за примање на спасителното учење, односно Неговата наука. Он му правеше многу добродетели на...

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници - НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

30/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

ВЕЛИКИ ВТОРНИК – Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски; Свети Акакиј епископ Мелитински; Свети Агапит папа Римски; Преподобните Саватиј и Зосим; +Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Тропар на преподобниот Јован Декаполит 18 април / 1 мај 2024

Блажен си ти Јоване преподобен, радост на големиот Григориј – твојот учител, смирен по срце, сотрудник на Јосиф, славејот на...

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски  17 април / 30 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 17 април / 30 април 2024

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 16 април / 29 април 2024

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная