логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Македонските уметници Филип Јовановски и групата ОПА Опсесивно-посесивна-агресија (Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски) се дел од групната изложба „Сé е вечност (кога сме опседнати со победата)“ која ќе се отвори вечерва во Галеријата СИЗ во Ријека.
Во изложбата, која е курирана од Агата Рогош од Полска учествуваат и уметниците: Немања Цвијановиќ од Ријека, Лана Чмајчанин од Сараево и Албан Муја од Приштина.

Текст на кураторката Агата Рогош:
Стравот е безначајно чувство. Смртта е процес кој му припаѓа на оној Другиот. Постојат работи кои се многу поважни од смртта. Таму каде што никој не умира постои едно пресудно правило: живеј и јас ќе те мрзам, умри и јас ќе те оплакувам.
Но, како тоа да го правам, ако никогаш не умреш?
Изложбата реферира на јазикот на современата пропаганда, земајќи ги предвид историските прашања и настани. Суштинското прашање на овој проект е превземено од еден од филмовите на Вим Вендерс: и што научивме од тоа? Ништо!
Како културната меморија се користи за политички прашања? Кој е односот на авторитетот и отпорот? Кој и како го обликува колективното памтење и колективниот заборав и кои се последиците?
Уметниците и уметничките, низ реферирање на различни системи и уредувања како и на некои универзални или локални приказни, ќе постават суштински прашања поттикнати од феноменот на игарата, феномен кој е очигледно сеприсутен во јавниот дискурс и ќе се земе предвид и односот меѓу националното, странското и потиснатото.
Ќе се постават и прашања за присутноста на Другиот/ите и Едното/ната од Нас, баш како и правилата според кои се повикани во играта. Прашањето е кој ќе победи. Сепак, нема сомнеж дека опседнатоста со победата е присутна како и неизбежна, без разлика на општествениот, политичкиот или културниот контекст.


Филип Јовановски (1979, Битола) е визуелен уметник и активист.Mоментално ги завршува постдипломските студии на Академијата за ликовни уметности на одделот за сликарство во Скопје. Живее и работи во Скопје. Насловот на неговото дело кое се претставува на изложбава е „Мртва природа: од колекцијата Работничката класа заминува во рај“,кое е триканална видео инсталација.

ОПА е основана во 2001 година од страна на визуелните уметници Слободанка Стевческа (1971, Скопје) и Денис Сарагиновски (1971, Скопје). И двајцата студирале на Академијата за ликовни уметности во Скопје а работат на граница меѓу уметност, медиуми и перфоманс. Насловот на нивното дело кое се претставува на изложбава е „Вечно тело“, кое е триканална видео инсталација.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 352
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 817
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1062
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »