логоFacebookTwitterYouTubeeMail



 

БОГОМИСЛИЕТО И ЧУДЕСАТА НА СВЕТИОТ ПРОРОК

Светиот пророк Илија е роден 816 година пред Христа, од племето Ароново, во градот Тесва, Галатија зашто е наречен и Тесвиќанец. Неговиот татко Савах, видел ангели Божји околу детето како со оган го повиваат и пламен му дават да јаде. Тоа било предзнак на огнениот карактер на пророкот Илија и на неговата од Бога дадена огнена сила. Овој Божји избраник уште од утробата на неговата мајка, сета своја младост ја минал во богомислие и молитва, повлекувајќи се често во пустина во мир да размислува и да се моли. Најголем судир Пророкот имал со израелскиот цар Ахав и со неговата лоша жена Језавела, затоа што отстапиле од правата вера, поклонувајќи и служејќи им на мртвите идоли.
Св. пророк Илија бил голем ревнител и неустрашив борец за верата, правдата, вистината. За неговиот живот и дело постојат повеке чудеса што тој ги направил со името и силата на вистинскиот Бог. На негова молитва, небото се затворило и немало дожд три години и шест месеци; потоа, измолил оган од небото кој ја запалил жртва на својот Бог, додека жреците на Вал тоа не можеле да го сторат; пак по молитва на св. Пророк, Бог пуштил дожд од небото. Чудесно го умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта, и, и го воскреснал умрениот син - единец. Му прорекол на царот Ахав и Језавела дека кучињата ке ги изедат и ке им ја лижат крвта, што и се случило. На планината Хорив, Пророкот разговарал со Бога, а пред неговото заминување за наследник го одредил Елисеј, давајќи му ја својата наметка која била чудотворна и најпосле се вознесол на небото во огнена кочија и огнени коњи.
На гората Тавор се јавил заедно со Мојсеј кога Господ Исус Христос се преобразил. Пред крајот на светот, светиот пророк Илија повторно ке се јави да ја поништи силата на Антихристот (Откр. 11, 1). Заради неговата ревност, правда и повторно доаѓање на земјата, нашиот народ посебно го слави и почитува.

ИЛИНДЕН
НАЦИОНАЛЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНЦИТЕ

Во Православната Црква се почитуваат и слават поголем број пророци, меѓутоа, особено место му припаѓа на светиот пророк Илија, посебно кај македонскиот народ, зашто неговиот празничен ден, а нашиот славен - Илинден, кој стана македон¬ски непокор и простум, втор Велигден. Нашите претци во самиот почеток на 20-от век го избрале денот на Свети Пророк Илија - 2 август 1903 година да кренат востание, да објават војна на една толку моќна и силна османлиска империја. Знаеле нашите комити дека ќе ја изгубат битката, дека ќе дадат голем број невини жртви, но тие знаеле, исто така, и верувале дека преку чинот на Илинденското востание, Европа и светот ке дознае за еден многу мал, но затоа најстар народ во Европа. Народ кој не бара туѓи територии, но бара национална слобода на една колку заборавена, толку и непозната земја на немирниот Балкан; кој сака да биде господар на својата земја. Бара своја самостојна Црква која била укината на незаконит начин.

 

ЗА ИЛИНДЕНСКИТЕ ИДЕАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ ЖИВЕЕ, БОРИ И АКО ЗАТРЕБА ДА СЕ УМРЕ!

На браникот на тие свети идеали, за кои вреди да се живее, но ако затреба и да се умре, македонските комити ги принесоа на жртва своите млади животи, пролевајќи ја својата сопствена крв и определувајќи се за вечност го презреле временото, согласно зборовите на познатиот јунак од "Мечкин Камен", Питу Гули, кој на Панихидата на починатите во храмот "Свети Никола" во Крушево вели: "Браќа, оваа панихида, оваа света заупокоена молитва не е само за нашите погинати браќа и сестри, туку таа е и за сите нас, бидејќи и сите ние ќе загинеме"! Според тоа, нашите борци - Илинденци во името на Бога се колнеа пред евангелието свесно одејќи во смрт, да загинат заради правдата и слободата на својот народ и земја. За нив и за сите чесни и побожни души, пред живиот Бог, вистинскиот човек никогаш не е мртов, а нечовекот е мртов и додека ја гази оваа земја - дамнешна порака на нашите мајки и татковци, на Црквата наша Светиклиментова. Ако веќе мора да се умре и не може да се избегне смртта, тогаш, „подобро мртов човек, отколку жив нечовек".
Илинденското востание иако заврши без успех, македонскиот народ и во сопствената земја, но и каде да оди по белиот свет го прославува и се напојува од тој непресушен вруток на илинденските востаници и херои со надеж дека по Крстот и голготата ке дојде и Воскресението - Велигден. Зашто привидно иако победила силата над слободата, и неправдата над правдата - Илинденскиот идеал продолжува да живее во секоја македонска душа. Македонскиот народ ја има моралната победа која е потврдена и опеана во многу епски чинови.
Еден поет, учесник во востанието - Арсени Јовков, години подоцна, за оние што ги продаваа дрвените дедовски рала за да купат пушки, за тие што ги затворија кепенците на пропаднатите дуќани за да развијат ал-барјаци, ќе проговори со зборовите: "На овој збир од безимени борци, од непознати херои што ги посеаја македонските планини со своите бескрсни гробови, на таа народна маса што нема име, но остави историја, што не говори за себе, но создаде дела што Говорат за неа, што ја влечеше најцрната балканска робија, но даде Илинден 1903, на неа - нашиот поклон, од неа нашата восхит "

ВАШАТА ЦЕЛ Е ГОЛЕМА И ВАШАТА БОРБА Е СМИСЛЕНА...

Оваа морална победа и почит кон нашите борци ја потврдува и самиот непријател и тоа не некој случаен слободоумник од редовите на непријателот, туку самиот началник на крушовскиот гарнизон со зборовите: "...Напразно сме гледале во вас "ешкија " (разбојници). Вашата цел е голема и вашата борба е смислена. Напред, по овој страшен но славен пат по кој сите народи ја постигнале слободата "

Македонските комити биле свесни и знаеле дека оние што го убиваат телото, не можат да ја убијат и душата, спомените и подвизите! Тие засекогаш ке останат да живеат во својот народ и ќе постанат жив идеал на кој постојано ќе се навракаат и напојуват идните генерации до конечна победа. Во долгата и мачна голгота од нашата историја, Македонецот ја чувал својата прадедовска вера и сопствената душа како најголемо и најсвето богатство на човековиот живот. Таа е повредна од целиот материјален свет, од сите земни почести, власт, наслади, уживања. Ништо во светот не може да се вреднува со Боголиката и бесмртна човекова душа. Таа е најскапоцениот Божји дар подарен на човекот и затоа треба и најмногу да ја чуваме. "Инаку, каква ни е ползата ако го придобиеме и целиот свет а душата своја ја изгубиме. "
Живеејќи постојано со овие Божји евангелски вистини, нашите предци - Илинденци и тие пред и тие по Илинден секогаш духовното го ставале над материјалното, вечното над привременото. Телото го жртвувале, но душата своја ја чувале чиста и неизвалкана - избирајќи го потесниот и трнлив, но спасоносен пат кој води во Царството небесно. Токму затоа, на свечената маса, покрај камата и пиштолот стоел и Чесниот крст и Светото Евангелие пред кое клечеле и се колнеле македонските востаници да се борат за правда, за слобода се до конечна победа. Бидејќи малиот и сиромашен македонски народ немал помош и заштита од никаде, а ја знаеле својата бројност, сила и моќ односно, немоќ, единствено во праведната борба, се ослониле на Бога. Знаејќи го, пак, животниот пат, карактерот и ревноста на Божјиот човек- светиот пророк Илија, токму него го избрале за свој заштитник и патрон. Неустрашливиот ревнител за вистината и правдата, не се плашел од никого кога требало да се ревнува за вистинската вера, за праваата и слободите на народот, па макар тоа биле и царските достоинства. Затоа македонскиот страдален народ силно верувал дека Бог преку својот ревнител ке му помогне да се спаси од иноверната власт на големата отоманска империја. Заради тоа, Светиот пророк Илија на големо се слави и почитува во нашиот род македонски.

СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА ВО НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО

Бидејки на молитвата од Пророкот Илија, Бог го заклучил небото и три години и шест месеци не паднало дожд во земјата Израел заради престапите на царот Ахав и царицата Езавела, православните верници веруваат дека св. Илија е клучарот кој го заклучува и отклучува небото, кој го пушта или запира дождот. Постои верување дека со летните грмотевици управува светиот Пророк. Марко Цепенков запишал во своите записи дека во деновите кога има грмотевици, св. Илија трча со својата огнена кочија по облаците за да ја втаса ламјата и да ја убие оти таа ги пасе житата. Овој празник особено во кумановско се почитува и празнува, не се работи во поле за да се заштитат од удирање на громови во полето, по луѓето и стоката. За името на овој светител постојат и други верувања и преданија.
Светиот пророк Илија е патрон и покровител на кожуварите, самарџиите и керамидџиите (ако сеуште ги има). За ова попширно ке прочитате во книгата "Македонски народни празници и обичаи" од Др. Марко Китевски. Ке ја најдете во црквите во Скопје.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 386
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 216
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 213
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »