логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 4 февруари 2011 (МИА) - Bо музејот „Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, во вторник ќе биде отворена изложбата „Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство.

Предвидено е изложбата да ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

На изложбата, која претставува најголемо презентирање на богатото македонско културно наследство надвор од Македонија, како по своите вредности така и по својот обем, ќе бидат претставени експонати од најзначајните збирки на икони од Република Македонија, од Музејот на Македонија и од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид (Галерија на икони). Изложбата ќе биде збогатена со археолошки артефакти од праисторијата и од античкиот период, како и со други значајни предмети од збирките на нашите музеи. Дел од овие наоди првпат се изнесуваат и изложуваат надвор од Република Македонија, информира Министерството за култура.

Станува збор за 62 археолошки предмета, шест примероци од оригинални фрагменти од средновековен живопис, 52 икони и 39 литургиски предмети. На изложбата ќе бидат претставени култните жртвеници од раниот неолит со претстава на Големата Мајка – Земја, извонредната фигурина Адам од Говрлево од 4 милениум пр.н.е., исклучителните наоди од локалитетот Плаошник, пронајдени во текот на неодамнешните археолошки истражувања во Република Македонија, како и Златната маска пронајдена на Самуиловата тврдина во Охрид.

На отворањето на изложбата ќе настапат етно-составот „Синтезис“ и Влатко Стефановски. мд/са/12:58



Поуки од Светите Отци

krusevoexport