логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Во четврток, 2 декември 2010год., во 12 часот во галерискиот простор во Сули-ан, на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се отвори изложба на цртежи од студентите од трета година на Катедра по графика под менторство на доц. м-р Славица Јанешлиева-Бачварска. Цртежите се работени за време на работилницата одржана во Пелинце од 27.09.-01.10.2010 година. Работилницата е дел од Теренската настава на ФЛУ и беше мошне успешна во својата цел, т.е. ослободувањето од грубата комерцијализација на уметноста и восприемената артифициелност. Подготовките за работа, дискусиите и самата работа на хартија и платна, како и фотографија и видео нудеа бројни опции за истражување во доменот на аплицирањето на ликовните принципи и третманот на ликовните дела.
На работилницата од страна на 13 студенти, беа сработени 60-тина цртежи и 20-тина платна во масло и акрил. Селекција од цртежите и платната ќе биде прикажана на изложбата. Изложбата ќе биде пропратена со фото и видео документација од работилницата.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie