логоFacebookTwitterYouTubeeMail

AЛЕНКА ГЕРЛОВИЧ – МАКЕДОНИЈА 1953–1957
По повод стогодишнината од раѓањето на Аленка Герлович

Со тематската изложба на Аленка Герлович претставуваме избрани дела што сликарката ги создала помеѓу годините 1953 и 1957 во Скопје, а пред сѐ во Охрид и Струга. Помеѓу нив се многу мотиви на фигури на жени во носии, мажи и деца од македонските села и циганските четврти. Чести се мотивите на животни што ги цртала на панаѓурите за животни и на пазарите, а ја влечел и македонскиот пејзаж што секогаш одново и одново го претставувала на цртеж.

Сета реалност што сликарката ја редуцирала во ликовите се поврзала во претставување на единствени и чисти ликовни целини. Меѓу нив во раните македонски цртежи најчесто е избран мотивот на лица и фигури на жени и деца. Често се посветувала на македонската носија, која особено ја привлекла и маѓепсала. Академско зацртаниот ликовен принцип на цртежот подоцна го заменила со јасен, конструктивен линиски цртеж и преминала на урбана стилизација и апстракција. Такви се цртежите со туш и со мотиви на жанровски ликови и на пејзажи со ликовно одмерена композиција, со линии што се нижат во рамни, шематско карактеристични линии и истовремено здружуваат едноставност и раскош.

Изложбата од збирката на депото на Посавскиот музеј во Брежице претставува мал дел од донацијата на Аленка Герлович, врзана за цртежите што како љубопитна патничка, истражувачка и уметничка ги бележела по цела Македонија. Во својата книга „Деланки од мојот живот“ сликарката Аленка Герлович запишала дека ликовните посети во Македонија каде што во пеесетите години ги поминала сите лета бил обиколница во нејзиниот развој како пејзажна сликарка. За нејзината подоцнежна работа било поважно доживувањето на монументалноста и голотијата на македонската покраина. Меѓутоа, тогаш ја привлекло богатството од мотиви на фигури, затоа по цели денови цртала луѓе и животни на „пазарите“, по селата и во „циганските маала“.

Во ова мноштво цртежи, скици и студии што Герлович ги „запишувала“ како моменти на секојдневно волшепство се населила љубовта на сликарката кон сѐ што е македонско, до вчера живо. Исто толку сликовити се и нејзините патописи помеѓу годините 1954 и 1957, кои се нејзиниот подарок за Македонија. Преку нив ги следиме невидливите нишки на нејзината реалност, кога запишала: „Покрај Треска се белееше ред тополи со сребрено-бели стебла на вечерното сонце. До нив мирно стоеше бел коњ. Долго го цртав. Беше неподвижен на вечерното сонце. Белината на девојченцето на прозорецот, на жените во Кучевиште, на тополите и на белиот коњ, тоа е истиот дел на Македонија. Тоа е нешто чисто и поетично, без егзотика...“

И таква чистост и поетичност носат и нејзините избрани дела полни со љубов, разбирање и пријателство кон Македонија.

ДА СЕ ЖИВЕЕ УМЕТНОСТА
Стогодишнина од раѓањето на АЛЕНКА ГЕРЛОВИЧ (1919—2010)
1. 4.–15. 4. 2019

Национална галерија на Македонија, Мала станица, ул. Јордан Мијалков 18, 1000 Skopje

Отворање на изложбата

ДА СЕ ЖИВЕЕ УМЕТНОСТА
Стогодишнина од раѓањето на АЛЕНКА ГЕРЛОВИЧ (1919—2010)

Гостувачка изложба на Посавскиот музеј во Брежице, Република Словенија

во понеделник, 1 април 2019 во 18 часот

Национална галерија на Македонија, Мала станица

Ќе може да се види до 15 април 2019.

Изложбата ќе ја претстави Ожи Лорбер, кустос во музејот, Посавски музеј Брежице
Поздравни говори: Н.Е. проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија
Иван Молан, градоначалник на Општина Брежице



Поуки од Светите Отци

krusevoexport