логоFacebookTwitterYouTubeeMail

„За неа“, од колекцијата на Националната галерија на Македонија

Чифте амам
7 Март, 20 часот

Соочени со темите од историјата на уметноста каде жената е постојано присутна, од предисторијата преку антиката, хуманизмот и ренесансата, па се до модернизмот и рецентноста, во македонската и регионалната модерна и современа уметност среќаваме сцени каде жената е непресушна инспирација за уметниците.
 Националната галерија на Македонија по повод 8ми март – Меѓународниот ден на жената, ја поставува оваа тема за изложба од својата колекција. Со почит кон светскиот ден на одбележувањето на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување...
Во колекцијата се застапени дела на македонските автори (Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев...), но и помладата генерација (Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов и др.) како и дела од автори од бившите југословенски простори (Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ...), каде девојката, жената, мајката се инспирација во нивното творештво.
Изложбата е проект од програмата на НГМ за 2019 год., поддржана од Министерството за култура, ќе бидат изложени околу 70 експонати, ќе ја отвори Ана Мартиноска, професорка по културолошки студии на Институтот за македонска литература, куратор  Горанчо Ѓоргиевски. Oваа поставка ќе можете да ја погледнете до крајот на месец март.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport