логоFacebookTwitterYouTubeeMail

На 22 јануари (вторник) во 20 часот во Македонска Опера и Балет,  ќе се одржи свечена промоција на играно-документарниот филм „ТИ СИ АЛЕФ“ , чиј автор, сценарист, режисер и продуцент е проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.

ТИ СИ АЛЕФ е играно - документарен филм за неуморниот патник кој тргнал по  патот на вистината, правдата, светлината и љубовта. Приказна за една неверојатна потрага по духовното обновување и средбата со највозвишеното, транцеденталното, за сите допири со вечноста сфатена како скаменета сегашност, за човекот како микрокосмос, за лавиринтот на посебната форма за да се пронајде совршениот став за смислаата на постоењето во секојдневниот живот, за да се продолжи понатаму...

Улогата на Алеф: Игор Џамбазов

Посебен белег на вечерта се настани кои го отсликуваат патот до Алеф:

Концерт на доц. д-р Абаз Јахја (изведба на бендир неј) и Ајдин Јахја (изведба на неј)

Ликовна изложба под мото „Тајната на животот е да се падне седум пати и да се стане и осмиот пат“ на проф. д-р Живко Поповски - Цветин (сликар,хуманист)

Изложба на фотографии на тема : “Од пепелта до вистината со Алеф”

Покануваме екипа од вашиот медиум да го проследи настанот.

Поздрав и убав ден,

Popularno.mk
    

Gjorgi Selkov / Editor in Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / +38971453252

Popularno.mkBulevar AVNOJ 112/241000, Skopje, Republic of Macedoniawww.popularno.mk

Twitter  Facebook  Instagram



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport