логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ПОКАНА ЗА ДЕБАТА
 
           КОН УРЕДНИЧКА СЛОБОДА: САМОРЕГУЛАЦИЈА НА ПРОГРАМСКИТЕ АСПЕКТИ ВО ЈАВНИОТ СЕРВИС 23.01.2019 (среда) / Хотел „Солун“, Скопје /  10.30 часот
 

Опис на настанот
На дебатата ќе се говори за овозможување на уредничка слобода во јавниот сервис преку саморегулација на програмските аспекти. Говорниците ќе зборуваат за различните аспекти на процесот на изготвување на Програмски правилник за МРТ. Програмскиот правилник претставува документ на саморегулација во кој се поставуваат основните приници, процеси и улоги во планирањето, реализирањето, емитувањето и евалуцијата на програмата. Овој документ има цел да ја постави рамката на програмски стандарди кои ќе го овозможат произведувањето на квалитетна програма што ги вградува највисоките професионални стандарди и го штити јавниот интерес.
Дебатата се реализира како дел од проектот „Иницијатива за уредничка слобода: Нови политики и застапување засновано на податоци“ што го спроведува Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во партнерство со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Главната цел на проектот е да ги процени ефектите на постоечките политики врз уредничката слобода кои произлегуваат од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  и да покрене застапување засновано на податоци за нови предлози и решенија за политики кои ја штитат слободата на изразување.
Проектот се реализира како дел од програмата Civil Society Facility на IPA 2 (the Instrument For Pre-Accession Assistance) инструментот на Европската Унија за Македонија.  
 

                                                                                                                      АГЕНДА
10.00 – 10.30 | Регистрација на учесници
10.30 – 11.30  | Отворање на дискусијата
                      Говорници: Смилка Саркањац – Претседателка на Програмскиот совет на МРТ
                      Анета Андонова – Главен и одговорен уредник на првиот сервис на МРТ
                      Ана Чупеска – Професорка на Правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј-Скопје
                      Игор Јованоски – консултант на ИОХН-Скопје
                      Модератор на дискусијата е Насер Селмани – Здружение на новинари на Македонија/ИОХН-Скопје
11.30 – 12.30  | Дискусија
12.30 – 13.00 | Кафе и освежување

* За дебатата е обезбеден симултан превод.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport