логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Почитувани,

Монасите и монахињите од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, и оваа година со особена радост ве информираат, а воедно и покануваат да бидете дел од еден несекојдневен по својата убавина настан, кој од година во година привлекува огромен број на љубители на духовноста и планините – искачување на врвот Голем Крчин.

Исто како и минатата година, наша цел е на врвот на Голем Крчин, односно на местото на остатоците од поранешниот храм посветен на празникот Преображение, рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива.

Оваа година, заради обезбедување на групата ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид. Меѓу другото, ги замолуваме сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, да пријават и лиценцирани планинарски водичи, со официјално призната лиценца од ФПСМ или МАИВП. Координатор на сите водичи ќе биде лице од манастирот.



Патеката е со средна тежина и трае околу 4 часа. Попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква.

Пријавувањето за учество е задолжително. Токму затоа, ве молиме да го потврдите вашето присуство, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат од вашиот клуб, кај сестра Ефимија (манастир Св. Георгиј Победоносец, Рајчица) на тел: 070 290 210

Време на собирање/поаѓање: 12 август 2018 (недела), 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови.

Место: Пред Бигорскиот скит на светите сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј над селото Битуше (поранешната караула).

Враќање: Организирано поаѓање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата. Пристигање во Бигорскиот манастир околу 13 – 14 ч., и заеднички манастирски ручек.

НАПОМЕНА:

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.

Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување.

Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
Галерија од минатогодишниот настан

 

Извор: Бигорски манастир

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport