логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА, СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС И СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ МАКЕДОН

 

47 СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА НА 2 АВГУСТ ВО ТРНОВО

31 јули 2018 година, Битола, Македонија - Во организација на Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН на 2 август на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија - Илинден, во потпелистерското село Трново, битолско, во дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ ќе се одржи традиционалната 47 Семакедонска Средба Трново 2018 и 38 Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

На Семакедонската средба годинава, се очекуваат повеќе од десет илјади Македонците од сите делови на Македонија и од целиот свет.

На средбата поканети се пратеници, министри, градоначалници и советници.

Семакедонската средба започнува во 10.30 часот а ќе трае до 12.30 часот, по што ќе продолжи како општонародна веселба.

Во официјалниот дел покрај гостите, свое обраќање ќе имаат претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески, претседателот на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија Александар Јаневски, архимандрит Никодим Царкњас и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат Културно-уметничкото друштво “Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници.

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е наш единствен заеднички именител, само Македонија е наш единствен заеднички содржател! Затоа, организаторите повикуваат на семакедонското помирување и обединување за одбрана на името и идентитетот, затоа што во единството е силата за одбрана на државата и нацијата!

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport