логоFacebookTwitterYouTubeeMail

                            Скопје, 17.07.2018 година



Ве известувам дека во периодот од 20.07. до 24.08.2018 година во околината на Битола ќе се одвива снимањето на долгометражниот игран филм “Le Milieu De L’Horizon” (“Позади хоризонтот”), копродукција помеѓу “Box Productions” www.boxproductions.ch од Швајцарија и “Entre Chien et Loup” www.entre-chien-et-loup.be од Белгија. Филмот е во режија на Delphine Lehericey и финансиски е подржан и од Еуримаж.  Носител на филмскиот сервис е “Кино око”.
Eдна од главнати улоги во филмот ги толкува  Laetitia Casta позната од улогите во филмовите Asterix and Obelix vs. Ceasar, Gainsbourg (Vie Heroique), Nes en 68, Luisa Sanfelice… Laetitia Casta e е исто така позната како супер модел на Victoria Secret. Таа била на насловните страници на најголемите светски модни магазини и учествувала на ревиите на најпознатите дизајнери.
Нејзина партнерка во филмот е Clémence Poésy која  учествувала во филмовите Harry Potter and the Deathly Hollows: part 1 and 2, ТВ сериите Gossip Girl, Genius, War and Peace…
Филмот ги користи поволностите од Законот за филмска дејност во делот на поврат на финансиски средства кои не се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Со оглед на големите актерски имиња и сериозноста на продуцентските куќи кои стојат зад голем број на успешни филмови, сметаме дека овој проект ќе биде од големо значење за промоција и афирмација на Македонија како дестинација за снимање на филмови.

Срдечен поздрав,

Роберт Насков, продуцент



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport