логоFacebookTwitterYouTubeeMail



На 13. 10  .2017 во 19, 30 часот, во Галеријата при Факултетот за ликовни уметности  во Скопје, ќе се отвори втората самостојна изложба на младиот македонски скулптор Антонио Пирковски. На изложбата ќе се презентира со  проектот „ Сигнали“  кој представува  светлосно кодирана, интермедијална амбиентална инсталација која ѝ припаѓа на неон-артот.  Во темниот галериски амбиент,  како што ќе напише во предговорот  Маја Неделковска Брзанова „светлосните и звучните  стимулатори, кои се динамично  временски и ритмички програмирани,   синхронизирано ,  наизменично се рефлектираат и се емитуваат во просторот.  Низ аудио-визуелните дразби кај набљудувачот спонтано се стимулира сетилната сфера, која  низ постојаното пулсирање на сигналите  ја воспоставува и интеракцијата со публиката“.

Антонио Пирковски е роден  во 1993 во Скопје. Во 2016 година дипломирал на Катедрата за скулптура, во класата на проф, Гоце Наневски, со насока графики дизајн, на ФЛУ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досега има учествувано на 15 групни изложби и две работилници. Добитник е на наградата за скулптура „Петар Хаџи Бошков“ доделена од ФЛУ во 2016 и на  втора награда за графички  дизајн, постер на тема „Божествена комедија“, доделена од Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје, по повод 750 години од раѓањето на Данте Алигиери. 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport