логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 vozdvizenie.jpg

Маченичка Даниела од Букурешт


Mногупати се случува сите ние да се прашуваме: „Постојат ли светители денес?" Одговорот е еден. Божји светители ќе се појавуваат секогаш и засекогаш. Нивното постоење е истопојавно со живототворното постоење на третото лице на Света Троица, Светиот Дух. Значи, додека Светиот Дух Божји дејствува и владее во нашиот создаден свет, Неговите светители ќе се појавуваат за да ни дадат сила, но и да го понижуваат антихристот - ѓаволот и неговите следбеници, кои се движат околу нас, а честопати дури и среде нашето семејство - колку и да звучи страшно.

Заради безбожноста или лесноумноста на родителите, многу пати се случува тие да ги воспитуваат погрешно младите кои сакаат да бидат близу до Бога. Родителите со егоизам и без да знаат дека нивната утроба е Божји дар, честопати, се обидуваат, обично со катзстрофглни резултати, да го искоренат призивот кон Бога, којшто Божјата благодат го дава на младите кои имаат добродетели и цврсти карактери.

Во нашево време, кога што се се изедначува, и наивкоста се изедкачува со бесмисленост и затапеност, кога научивме да го препознаваме „различното" само тогаш, кога има врска со некпква аномалија или изопаченост, постои околу нас, а во некои од нас и во самите нас, една посебна „различност". Една различност која го има за цел воздигнувањето на човекот. Различност која го води човекот во духовни состојби, непознати за многумина. Таа различност го прави сличен на Христа. „Подражавател Христов" - како што велат нашите Свети Отци.
Подолу ќе видиме една таква драматична историја, која се случи во наше време во соседна Романија.
Ова е одговор за оние кои мислат дека мачениците на нашата вера престанале да постојат.

Но ете постојат и нивните мачеништва, како што ќе видите, не се само едно обично отсекување на глава или едно многучасовно измачување, без тра да ја намали вредноста и венецот на славата на древните и постари маченици. Современата наука може да го претвори измачувањето на телото, но и на духот, во долговремена процедура. Можеби затоа велат Светите Отци на Црквата дека маурниццге во последните времиња и во времето на Антихристот ќе бидат, можеби, најголеми во вековите од нашата вера.

Света маченичка Даниела (1967-2004)

Oвој избран цвет расцути во Романија во 1967 година. Од мала беше многу блиску до Бога. Кога излегуваше од училиштето, навратуваше секогаш и во црквата. Поради тоа, нејзиниот татко ја караше многу сурово. „Каде беше? Цел ден одиш во црква со твоите попови? Што ти даде Бог?" Но, таа не зборуваше ништо, само солзи течеа од нејзините очи. Беше побожна и се молеше многу часови. На матурската забава, кога го заврши средното училиште, не сакаше да оди. Нејзината професорка ја молеше да појде и таа со нив, но таа велеше: „Не можам. Знаете дека ве сакам сите вас многу, но простете ми, не можам да дојдам на славењето".

Имаше кроток карактер и беше добра кон сите. Им помагаше на нејзините соученици околу домашните задачи; седеше ноќе и им ги пишуваше. Беше многу добра ученичка како во училиштето, така и на факултет. Беше многу трудољубива. Целата облека си ја правеше самата. Беше духовно чедо на големиот духовник, отец Софијан од манастирот Антим.

Кога беше студентка, негуваше една парализирана старица којашто ја беа заборавиле сите, госпоѓа Јоана. Даниела одеше секојдневно, наутро, пред факултет и навечер. Беше прилично далеку, а трудот беше голем. И переше, ја негуваше, и пазаруваше, и пееше, и читаше, со еден збор донесе радост во душата на старицата. Еднаш некој ја истепа преподобната Даниела, иако таа не беше виновна за ништо. Штом стивна тепањето, таа клекна и ја целиваше ногата која со здивеност ја удираше. Имаше многу кроток карактер и беше милостива кон сите. Никогаш немаше осудено некого и секогаш ја префрлаше вината на себе.

Некои од нејзиното семејство се обидуваа да ја наговорат да се омажи. „Не, не, јас сакам да останам само со Бога" - велеше. „Можеш да бидеш со Бога и мажена" - и велеа. Таа им одговараше: „Да, но ако се омажам значи дека ќе го ставам Бога настрана, а јас не го сакам тоа. Сакам да дадам се на Бога". Ноќе се молеше со часови. Никогаш не заспиваше без да го направи своето молитвено правило. Нејзините браќа и сестри и викаа: „Што ти дава Бог, што ни матиш со твоите попови, што ти дава твојата вера? Па татко ти ти дава јадење. Зошто се запиша на факултет, за да одиш во манастир?".

Кога го заврши факултетот отиде во манастир. Татко и ја бараше долго време и откако ја најде и донесе дома, ја тепаше бездушно. Еднаш, последната вечер пред нејзиното последно заминување во манастир, плачеше и се молеше непрестајно. Направи 1000 метании барајќи просветлување од Пресвета Богородица. Заспа дури на разденување. Кога се разбуди, го зеде икончето од Пресвета Богородица што и ја имаше подарено отец Софијан. Се прекрсти, ја целиваше иконата и одлучно, си ги собра работите и замина. Потоа и даде едно писмо на една пријателка за да му го даде на отец Софијан. Еве ја неговата содржина: „Отец, ја видов во сон иконата на Пресвета Богородица. И видов, иконата како да оживува и Богородица ме гледаше внимателно и јас ја прашував што да правам. Видов дека ме гледа со голема болка. Видов солза на Нејзиниот образ. Одеднаш кога ги рашири рацете за да се помоли и една солза капна на мојата рака. Кога ме допре Нејзината солза, се разбудив и одлучив да одам". И таа отиде. По патот на Крстот, по патот на Спасителот Христос.

Но и овој пат татко и ја најде. Кога ја донесе од манастирот повторно ја натепа страшно. Ја исече нејзината монашка облека (расо) со една ножица и ја фрли во ѓубрето. Го извади од вратот и нејзиниот крст и и викна: „Ах, твоите попови и црквата!" Тогаш таа се онесвести. Кога си дојде на себе, му рече: „Те молам, остави ми ги иконите, не можам да живеам без нив". Тогаш татко и ги фрли иконите на земја, ги изгази и потоа ги зема сите. Таа му рече: „Добро, се ми зеде, но душата не можеш да ми ја земеш". И од тој момент таа се молеше вака: „Пресвета Богородице помогни ми, Господи Исусе Христе, не ме оставај".

Татко и гледајќи дека не може да напрзви ништо за да ја оддалечи од православниот живот, намисли да направи нешто ѓаволско. Најде некој негов братучед - лекар и и измислија дијагноза: „параноична шизофренија проследена со мистичен делириум". Се до крајот на својот живот таа мораше да зема лекарства „за да се смири". Последните две години ги помина во болница со цевки во носот. Поради лекарствата беше секогаш речиси без свест.

Татко и ја чуваше од утро до вечер, за случајно да не дојде во контакт со побожни и верни луѓе. Нејзината неподвижност во креветот и лекарствата што и ги даде психијатарот предизвикаа парализа и затнување (опструкција, преплет) на цревото. Така измачена, почина на Велики Вторник, на б Април 2004 год. во Страдалната Седмица.

Ова се случи околу 22.00 часот. Бидејќи татко и не би прифатил да дојде свештеник, на чудесен начин за нејзината смрт дозна отец Константин и околу 23.00 часот го изврши опелото. Татко и за првпат отсуствуваше, иако претходно го беа виделе во болницата.
На нејзиниот гроб почнаа да се случуваат чудеса. Првото чудо се случи во среда, на 12 мај 2004 год., при што оздраве едно момче што боледуваше повеќе од 8 години од иста болест. Истата година оздраве еден студент којшто боледуваше од болест на крвните садови, а во 2005 год. оздраве еден млад човек што имаше напад на слепото црево.

Гробот на преподобна Даниела се наоѓа во гробиштата Андронаке во населбата Коледина во Букурешт.


извор:  www.vatopaidi.wordpress.com
Превод од новогрчки јазик:
ѓакон Емил Атанасов

Извор: Троичник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 496
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »