логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Свети Нектариј Егински Чудотворец (делоод неговата служба
Хвалитни стихири на 4, глас 1:

Со пофални песни да се собереме и да го прославиме свештениот спомен на божествениот Нектариј, кој од Христа беше прославен, заради убавината на неговиот живот, со дар за чудесни исцеленија, за спасение на верните.

Твоите свети мошти, отче Нектариј, се покажаа како втора Силоамска бања: зашто лечат тешки болести, и преку дејствувањето на Духот секогаш им даруваат здравје и избавување на оние кои притекнуваат кај нив.

Кој ќе ја прослави достојно твојата семоќна сила, Спасителу и животодавецу? Зашто сега си ì го дал на твојата света Црква како столб и потпора, Нектариј со Бога беседеше, и вистински ти служеше во светост.

Помиризлив од полските кринови, за кои Спасителот говореше, е благоуханието на твоите почитувани мошти, благословен Нектариј, радувајќи ги сетилата на верните. Затоа Егина, гледајќи ја божествената благодат во тебе, достојно те нарече благословен.

Слава, глас 5:

Отче свет, бидејќи живеејќи си го направил божествениот закон твое задоволство, си се огледал на животот на древните отци: потчинувајќи му го плотскиот ум на духот, си се облекол во побожност и светост, како богомудар епископ, вистински трудбеник на добродетелта. Затоа од Бога светло си прославен и твоите мошти се покажаа како извор на исцеленија преку осенувањето на Утешителот. Но излеј ја во нашите срца росата на твојата благодат, блажен Нектариј, и преколнувај го Господа, да ни дарува голема милост.

И сега, богородичен:

Те ублажуваме тебе, Дево и Мајко Божја; ние верните заслужно те прославуваме: граде неразрушлив, тврдино несоборлива, непобедлива помош и штит, и прибежиште на нашите души.

 

Величанија:

Си се покажал во Црквата како нов светилник во последните времиња преку твојот свет живот: затоа со духовни зраци ги просветлуваш умовите на верните, отче Нектариј.

Од Христа си бил прославен со дар за чудотворење при твојот блажен крај: затоа, отче, твојот ковчег им точи секаков вид исцеленија на болните.

Сочувај го и штити твојот манастир, отче Нектариј, што посветено те почитува; и секогаш благословувај го Островот Егина и цела Грција со твојата помош и застапништво.

 

Тропар, глас 1:

Верни да го прославиме Нектариј, чедо на Селиврија и заштитник на Егина; вистински пријател на добродетелта, кој се појави во последните времиња како благочестив слуга Христов: зашто точеше обилно исцеленија врз оние кои со почит извикуваа: Слава на Христа Кој те прослави; слава на Оној Кој те возвелича; слава на Оној Кој преку тебе сите ги исцелува.

Слава, друг тропар, глас 4:

Си живеел свето како епископ богат со мудрост; си го прославил Господа преку твојот добродетелен живот светителу Нектариј. Затоа, прославен од силата на Утешителот, ти ги прогонуваш лошите духови и ги исцелуваш болните кои со вера доаѓаат кај твоите свети мошти.

 

Кондак, глас 8:

Со радосно срце да му испееме пофалби на оној кој се јави како новојавена светлина на вистинската вера, и новоподигнат бедем на Црквата, зашто бивајќи прославен преку дејството на Духот, обилно точеше исцелителна благодат врз оние кои повикуваат: Радувај се отче Нектариј.

Икос: Си се покажал пред светот како човек со небесен ум, Нектариј, епископе Христов: зашто водеше праведен живот, и во сите работи беше искрен и вдахновен. Затоа од нашите усни слушаш:

Радувај се, низ тебе верните се подигнуваат;

Радувај се, низ тебе непријателите се зачудуваат;

Радувај се, зашто си подобен на светите отци;

Радувај се, божествен учителу на Православните Христијани;

Радувај се, најсвет дому што Бог го изградил;

Радувај се, книго на новиот живот, божествено испечатена;

Радувај се, зашто се израмни со светителите;

Радувај се, зашто мудро си ги отфрлил сите светски работи,

Радувај се, светло знаме на верата;

Радувај се, свештен инструменту на благодатта;

Радувај се, низ тебе Црквата се весели;

Радувај се, низ тебе Егина се радува;

Радувај се, отче Нектариј.

 

Прва молитва

 

О, мироточива главо, светителу Нектариј, Божји архиереју! Во времето на големото отстапништво и безбожништво, си засветлил со побожност и си му ја скршил главата на прегордиот ѓавол, кој нè рануваше. Заради тоа, Христос ти дарува да лечиш неизлечиви болести, кои нè спопаднаа поради нашите беззаконија. Веруваме дека те засака Бог бидејќи си праведен, па заради тебе да нè помилува нас грешните, да нè разреши од проклетството, да нè избави од болестите и во целата вселена да се слави Неговото страшно и преславно име, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

 

Втора молитва

 

О, свет Нектариј, богомудар отче! Прими го, чувару на православната вера, исповедувањето на луѓето со Христовото име, кои денес се собраа во храмот до Божјата благодат која живее во тебе. Веста се рашири низ целата земја дека ти, голем меѓу светиите, Божји угоднику, се јавуваш на сите страни на светот на оние кои го призиваат твоето име и дека на болните од рак им даруваш исцеление.

Слушнавме за свештеникот Нектариј, кој подигнува храм во твое име, со големи маки, бидејќи боледуваше од рак на градите и секој ден крв му истекуваше од раните и многу страдаше, но не го оставаше светото дело.

А ти, многумилостив светителу, одеднаш се симна од небото и пред него се појави во храмот. Тој, пак, за тебе мислејќи дека си собрат и еден од смртните, од тебе побара да се помолиш и рече: „Многу сум болен, но сакам да подигнам свет храм, само еднаш во него да отслужам света литургија заедно со парохјаните, а потоа и да умрам, бидејќи не се плашам од смртта“.

А ти отче, иако беше бестелесен, своето лице со солзи го ороси! И прегрнувајќи го страдалникот, го целиваше и му рече: „Не тагувај, чедо мое, бидејќи бргу ќе оздравиш, зашто си искушан со болеста. И сите ќе дознаат за ова чудо“. Овој, пак, исцелувајќи се, разбра со кого зборува, но ти тогаш стана невидлив.

О, голем Христов угоднику, Нектариј! Тој храм денес е довршен и твоите чудеса се умножија како морето! Ние сфативме дека молитвите на праведникот треба да бидат поддржани од нашата усилба за Божјата служба и со решеност да умреме заради Христа, за да оздравиме. Отче праведен, те молат твоите болни чеда: со нас да се исполни Божјата волја, добра, угодна и совршена, бидејќи Бог не ја сака смртта на грешникот, туку грешникот да се обрати и да биде жив.

Ти, пак, пророку на Божјата волја, исцели нè со своето благодатно јавување, да биде голем Бог на Небесата и на земјата во сите векови! Амин.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1036
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 999
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

Ретроспектива (2005-2020): „Митрополит Струмички Наум - Го сведочиме ли Крстот Христов или само својот крст? (6)

 Сите имаме свој крст, но прашањето е: дали нашето страдање Бог го прима како учество во Крстот Христов или тоа е само обично, очајно и бесмислено човечко страдање? Односно, дали...

За силата на смртта и на крстoт Христoв

За силата на смртта и на крстoт Христoв

Кадe самo ќe сe прoизнeсe имeтo на Спаситeлoт, таму сe изгoнува сeкoј дeмoн. Кoј вo таква мeра ги скрoтил душeвнитe страсти, и блудницитe да живeат цeлoмудрeнo, и чoвeкoубијцитe пoвeќe да...

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

Игумен на манатирот "Успение на Пресвета Богородица",о. Фотиј, Берово: БЕСЕДА

...По тоа ќе не познаат,по тоа ќе ни мерат...Ако нашите дела и нашите постапки бидат во согласност со Божјите зборови. Лесно е да се каже,тешко е да се спроведе.Еден најобичен...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

Како духовник сум сведок колку многу бракови се распаѓаат, и тоа христијански бракови, на воцрковени сопружници. Христијанскиот брак, а со него и сето општество, се наоѓаат во застрашувачка ерозија и...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Митрополит Струмички Наум: На рјеках Вавилонских... (12.09.2020)

Ни покажа и нѐ поучи и како духовно да пораснеме и да ја достигнеме оваа Божествена љубов. Нѐ поучи дека, покрај лоши дела и зборови, срцето треба да го очистиме...

« »