логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Еден од Господовите празници е празникот Преполовение на Педесетница, којшто се празнува во Црквата на средината од периодот од празникот Воскресение Христово до празникот Педесетница, т.е. во средата пред Неделата на Самарјанката (5. недела по Велигден). Можеби е непознат во народот, но се работи за голем Господов празник, бидејќи се однесува на Христа Владиката.

Оваа поделба и поставување на празникот Преполовение во Дванаесетте празници тргнува од гледиштето дека овој празник ни ја дава можноста да го видиме Христовото дело од Неговото крштение во реката Јордан, до Неговото преображение и до Неговото страдање. Знаеме добро дека дека светите Евангелија го опишуваат тоа што го кажал Христос, што направил и што претрпе за спасението на човечкиот род. Токму овој празник ни ја дава можноста да ја видиме таа страна (што кажал и што направил), којашто е доволно суштинска. Со други зборови, се покриваат сите христолошки собитија, од Христовото Крштение до Неговото Преображение.

Преполовение

Важноста на празникот Преполовение, кога се празнува Христос како Премудрост Божја (како што ќе видиме во анализата што следи), се гледа од тоа што катедралните храмови што го имале името Света Софија (Премудрост), не биле посветени на некоја светителка што се викала Софија, туку на Премудроста Божја, а тоа е Христос. Нивната храмова слава била, според разни испитувања, на празникот Преполовение. Преполовение Карактеристичен пример е храмот на Премудроста Божја (Света Софија) во Константинопол, кој така се нарекува по Христа, Кој е Премудроста Божја. Храмот на Божјата Премудрост стана прототип и за други катедрални храмови. Така гледаме дека целата Ромејска држава за центар Го имаше Логосот и Божјата Премудрост. И ако се сетиме дека сите растојанија во големата Ромејска (Византиска) Империја биле сметани од храмот на Божјата Премудрост како центар, тогаш го разбираме местото на Логосот и на Премудроста Божја во животот на Ромејската Империја.

+++

Празникот Преполовение се совпаѓа со јудејскиот празник Сеници, што бил третиот голем празник на Јудејците, заедно со празникот Пасха и празникот Педесетница.

Бил востановен во сеќавање на престојувањето на Јудејците во пустината, кога оделе од Египетската земја кон Ветената земја. Ако празникот Пасха бил востановен во сеќавање на преминувањето на Јудејците низ Црвеното Море, а празникот Педестница во сеќавање на Мојсеевото искачување на гората Синај за да го прими законот Божји, тогаш празникот Сеници бил востановен за да се сеќаваат Јудејците на чудотворното запазување од страна на Бога за сето време на нивното одење кон Ветената земја. Бил наречен Сеници поради начинот на празнување. Јудејците поставувале сеници (шатори) на плоштадите, во дворовите и во собите (терасите) на своите домови и престојувале таму за време на празникот, кој траел седум дена. Очигледно и името и начинот на празнување се должел на тоа што ги препознавале покровот и заштитата Божја со светлиот облак за време на нивното одење во пустината. Ако се сетиме дека сите јавувања Божји во Стариот завет беа јавувања на невоплотениот Логос и дека светлиот облак беше Христос, тогаш разбираме дека јудејскиот празник Сеници се однесувал на Христа.

Јудејскиот празник Сеници бил востановен од Самиот Бог, преку заповедта што Му ја дал на Мојсеј. Му рекол: „Кажи им на синовите Израилеви, велејќи: во петнаесеттиот ден од истиот месец, седмиот месец, е празникот Сеници, Господов празник што трае седум дена. И денот прв ќе ви биде наречен свет, никаква работа не вршете; седум дена принесувајте Му на Господа сепаленици, а и осмиот ден нека ви биде свет, и тогаш принесувајте Му на Господа сепаленици; – тоа е крајот на празникот, и никаква работа не вршете“ (3. Мојс. 23, 34 – 36).

Бидејќи празникот се совпаѓал со собирањето на плодовите, затоа заедно со жртвите како благодарност на Бога принесувале и плодови. Така, се нарекувал „празник на жетвата“ и „празник на собирање“. Јудејците празнувале торжествено, и од таа причина бил многу омилен празник кај нив.

Тоа што Јудејците престојувале во шатори за време на празникот Сеници не било нивен изум, туку Божја заповед, која му била дадена на Мојсеј: „Седум дена престојувајте во сеници: секој тукашен во Израилот треба да престои во сеница, за да знаат поколенијата ваши дека Јас во сеници ги вселив синовите Израилеви од Египетската земја“ (3. Мојс. 23, 42 – 43).

Тоа што нѐ интересира за она што ќе го кажеме во продолжение е дека на празникот Сеници се вршеле две карактеристични символични работи. Прво, секој ден наутро принесувале жртви сепаленици и истовремено свештениците носеле вода од Силоамската бања и, соединувајќи ја со вино, ја излевале над жртвеникот, каде што се принесувале жртвите. Тоа го означувало излевањето на даровите на Светиот Дух, но и водата што Израилците чудотворно ја пиеле за време на своето одење низ пустината. Второ, на првиот ден од празнувањето, заедно со вечерната жртва, ги палеле светилниците во женскиот двор од Храмот и тоа се гледало во целиот град, токму затоа што огновите биле високи 50 лакти. Овие две символични собитија имаат големо значење затоа што се однесувале на Христа. Впрочем, Христос бил Оној што им давал вода за време на нивното одење во пустината, согласно зборовите на апостолот Павле: „и сите пиеја исто духовно пиење; оти пиеја од духовниот камен што идеше по нив, а каменот беше Христос“ (1 Кор. 10, 4). Христос беше и светлиот облак што ги покриваше дење и им светеше ноќе, според зборовите на апостолот Павле: „татковците наши сите беа под облак и сите минаа преку морето; и сите во Мојсеја се крстија, во облакот и во морето“ (1 Кор. 10, 1 – 2)

(Извадок)

Продолжува

Извор:

Скопска православна епархија

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ

Превод од грчки:

јеромонах Атанасиј Арсоски

+++

Pedesetnica.Markov.jpg

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ- ПЕДЕСЕТНИЦА

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 505
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »