логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 ДЕЛ ЧЕТВРТИ

(Продолжение)

I. ФРАНЦУСКАТА ПОМЕСНА ЦРКВА
Архиепископ Јован учел дека самостојноста на секоја личност (па и на личностите во заедница) треба да се почитува. Според него, ова се однесува и на црковните заедници кај одделните народи. Во таа смисла тој го изразил и својот став, велејќи: „Црквата е една, но секој народ има свое призвание во тоа единство." Поаѓајќи од оваа своја девиза, овој Архијереј во имињата на откриени светители во древна Галија наоѓал здрави темели за организирање помесна црква за православните Французи.
Според Црковното Предание, први проповедници на Христовата вера на народот во древна Галија биле воскреснатиот Лазар од Господа Исуса Христа и Лазаровите сестри - Марта и Марија. Во она време, овие биле принудени да бегаат од Јудеја, зашто Јудејците сакале да ги убијат. По долго патување, тие се задржале во Прованса (во јужниот дел на денешна Франција!). Тука останале и проповедале за Христа.
Од тоа време уште се споменуваат: Свети Трофим Арлски, како и други свети апостоли од бројот на седумдесеттите, кои проповедувале во овие краеви. Ова се сведоштва дека Светото Православие не било туѓо и непознато за францускиот народ во минатото. Па така, со доаѓањето на новиот (современиот Апостол - Архиепископ Јован!) во оваа европска земја настанало оживување и препородување на Светото Православие во душите на поголем број староседелци - Французи.
Претходно, о. Евграф Ковалевски вложил доста напори да постигне нешто повеќе на ова поле, но немал подршка од црковните фактори, па затоа и успехот негов бил недобро сфатен и потценуван дури од неговите колеги-свештеници. Обратно, тие го напаѓале и о. Евграф бил принуден да ги поднесува нивните навреди, упатени до него. Единствено Архиепископ Јован правилно го сфатил неговиот мисионерски потфат и наполно го подржувал, така што понатаму Православната општина во Париз брзо напредувала, благодарение на соработката меѓу двајцата.
Битно е и треба да се истакне фактот дека овој Владика не пројавил стремеж Православната Црква во Франција да ја потчини под управа на Западно-Европскиот Егзархат, на чие чело бил тој. Не изневерувајќи го принципот за „самостојност и независност", овој Поглавар (на Егзархатот!), издал свој Указ, каде што, меѓу другото, дословно пишува: „Гореименуваната Црква (збор е за Француската!) ќе биде потполно независна од Европскиот Егзархат, возглавуван од мене." И Архиепископ Јован и о. Евграф во некои нешта се разликувале, но по однос на оваа Црква тие биле со иста мисла и обајцата изјавувеле дека таа треба да биде „од Французи - за Французите"; па дури и „без иноземни чиновници" во неа.
Кога, по решение на Светиот Синод на Задграничната Црква, Владиката Јован бил назначен за Ар-хиепископ во Сан Франциско (САД), тој и по заминувањето од Европа мислел и се грижел за напредокот на омилената му Православна Црква во Франција. Меѓу другото, тој се погрижил оваа Света Црква да добие и свој архијереј. Во согласност со верниците, предложен бил за извршување на оваа одговорна должнаст - о. Евграф Ковалевски. Предлогот бил прифатен од Поглаварот на Руската Задгранична Црква - Митрополит Анастасиј и по тој повод следувала изјава од него, која гласи: „Со хиротонијата на о. Евграф за епископ, Руската Задгранична Црква не создава ниту нова епархија нити нова црковна област. Ова значи: Таа (Задграничната Црква!) има чест да засведочи за раѓањето на нова Црква и е готова да учествува во возобновувањето на древната Православна Црква во Франција." (Цитирано според о. Дамаскин Христенсен).
Додека траеле преговорите за хиротонијата на о. Евграф, во тоа меѓувреме се повлекол од должноста Поглаварот на Руската Задгранична Црква, а сите други архијереи откажале да учествуваат во планираната хиротрнија на новоизбраниот кандидат за епископ на Правоолавната Црква во Франција. Архиепископ Јован во моментот, имајќи го предвид не ставот на раководните лица на Задграничната Црква, туку -волјата на народот, тој не се откажал од добронамерната своја замисла, ами продолжил со подготовките за извршување на чинот. Тогаш, по овој повод еден Французин беше забележал за него, велејќи: „Ништо не може да го принуди Архиепископот Јован да се откаже од ДЕЛО, во кое тој гледа Промисла Божја!" Навистина, овој Архипастир пројавувал исклучителна упорност кога е во прашање да се направи добро на едно лице или на цела заедница!
Немајќи друг излез, Архиепископ Јован го поканил да учествува во хиротонијата нему добро познатиот - Епископ Теофил Јонеску (по потекло Романец). Овој без и најмало двоумење веднаш се согласил, па така бил хиротонисан првиот православен Епископ, Преосвеќени Евграф (Ковалевски), за православните христијани - Французи.
Еве уште една потврда на народната мудра изрека дека - со труд и упорност - се се постигнува, особено кога е во прашање Богоугодно дело, замислено и остварено од добронамерно лице, а во корист на другите!
II. ХОЛАНДСКАТА ПОМЕСНА ЦРКВА
Архиепископ Јован се потрудил и успеал да образува и организира Православна Црква и во Холандија. Некои автори овој негов успех го истакнуваат како врвно дело на неговата апостолска дејност во Западна Европа. Ова се должи на фактот дека условите биле поблагопријатни неговата активност тука, за пократок временски период, да биде одбележна со позначајни резултати. Имено, православните Холанѓани полесно и побрзо се здобиле со свој Архијереј, во името на Епископ Јаков Хашки. Понатаму, оваа Црква брзо се развила. Таа имала: свои манастири, богослужбени книги на свој мајчин јазик, периодични списанија со религиозна содржина и др. Во Житието за Свети Јован Шангајски, составено од о. Серафим (Роуз) и о. Герман (Подмошенски) се истакнува дека сите овие придобивки православните Холанѓани ги припишувале на Владиката Јован и тие него го имале за свој голем добротвор.
И во Франција и во Холандија Архиепископ Јован бил многу почитуван од сите православни верници. Α Хашкиот Епископ Јаков за него изјавил дека самиот тој немал подобар „духовен татко" и дека повеќе никогаш не ќе најде друг таков во својот живот.

 

(Продолжува)

Подготви: Стојанка Тежак

vozdvizenie.jpg

Борис Кр. Бошковски
СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ
(1896. - 1966.)
Животот, дејноста и чудесата на Свети Јован (Максимович), Скопје 2001

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан

Издава
Свети Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (6)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (5)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (4)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (3)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (2)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (1)

СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (12)

 СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ (13)

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 853
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1123
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 1069
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

БEСEДА  за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

БEСEДА за идoлoклoнствoтo какo прeљуба

Каква e таа прeљуба штo ја направил Израилoт и Јудeја (т.e. израилскиoт и јудeјскиoт нарoд) сo камeн и сo дрвo? Тoа e пoклoнeниeтo на идoлитe oд камeн и oд дрвo....

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

БEСEДА за Христoвoтo oсвeтлувањe

Христoс e пoтрeбeн и на пoчeтoкoт и на крајoт. Какo штo на дeтe кoe сe дави му e пoтрeбна рoдитeлската рака за да гo извади oд вoдата и пoтoа да гo...

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Милан Ѓорѓевиќ: Томина недела

Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето...

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

БEСEДА за вниматeлнoст кoн сè штo нe e пo Христа

Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту вoскрeсeниe oд мртвитe, бидeјќи ниe нe дoаѓамe дo Вистината сo нагаѓањe чoвeчкo, туку сo Бoжјo oткрoвeниe.

БEСEДА  за живата надeж

БEСEДА за живата надeж

Нo, кoј дeнeс им пoкажа живo надeвањe на луѓeтo, кoј и какo? Апoстoлoт Пeтар oдгoвара на oва прашањe: “Гoспoд наш Исус Христoс и тoа сo вoскрeсeниeтo oд мртвитe. Никoј друг...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

« »