Во 13.07 часот, после кратката молитва (која траела само 7 минути) на Ерусалимскиот Патријарх Теофил и неколку десетици илјади поклоници, собрани во храмот и низ тесните улички околу него, Благодатниот оган повторно слезе над гробот Господов во храмот на Воскресението Христово во Ерусалим. Светиот оган од година во година се спушта над камениот гроб, на којшто било поставено телото Господово после симнувањето од Крстот.

























