логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 atanasij

 23/02/2016   Актуелности, Поуки - совети

Лимасолскиот митрополит Атанасиј излезе со официјално писмо до Синодот на Кипарската црква, околу одржувањето на претстојниот Сеправославен Собор. Го  пренесуваме преводот од неговото писмо во целост:

Кон Светиот Синод на Светата Кипарска Црква.

Ваше блаженство, свети браќа, кои беа одобрени за разгледување на различните претходни сеправославни средби, а се одржаа по повод подготовката на Великиот и Сеправославен собор, и кои добија статут на официјални текстови за темите, за кои ќе се разговара на Сеправославниот собор. Срдечно ви благодарам што ми ги испративте.

Бидејќи во испратениот Устав за организацијата и поредокот на Светиот и Велик собор на Православната Црква (поконкретно, член 12, параграф 2-3) се спомнува, дека можеме да го изразиме нашето гледиште најпрвин на нашиот помесен собор, го изложувам моето скромно мислење пред Сесветата ни Црква, и моите убедувања околу гореспоменатите теми.

Што се однесува на текстот од Петтата претстојна сеправославна средба (која се одржа во Шамбези, Женева, во периодот од 10-17 октомври, 2015 г), кој е именуван „Решенија – односот на Православната црква со останатиот христијански свет“, би сакал да го кажам следното.

Потполно се согласувам со првите три членови од текстот, но од четвртиот член натака, ги имам следните забелешки:

Нашата Православна Црква, молејќи се „за обединување на сите“ – верувам, дека тука се има во предвид враќањето во општење со сите оние, кои отпаднале од Православната црква, а конкретно – еретиците и шизматиците – под услов, да се одрачат од ереста или расколот, и во покајание, запазувајќи ги наложените процедури од Светите канони, да се припојат кон Православната црква.

Православната Христова Црква никогаш не го изгубила „единството во верата и општењето во Светиот Дух“ и идејата за „враќање во единство“ со „оние кои веруваат во Христос“ е неприемлива, зашто сметам, дека веќе е во единство со сите свои чеда, кои примиле Крштение, како и со оние кои правилно Го исповедаат Христос – нешто, што недостасува кај еретиците и шизматиците, и затоа се моли за нив да се вратат во Православието во покајание.

Сметам, дека она, за кое се зборува во чл. 5, а имено – за „изгубеното општење меѓу христијаните“, е погрешно, зашто Црквата, како Божји народ, се наоѓа во единство со себеси, на чело со Христос, и никогаш не го изгубила своето единство, и следствено, нема потреба повторно да го бара, затоа што отсекогаш постоело, постои и ќе постои, зашто Црквата отсекогаш постоела и ќе продолжи да постои.  Тоа што се случува, е што одделни општини и народи, или одделни личности се одделуваат од телото на Црквата, а Црквата се моли и треба да продолжи преку својата мисионерска дејност, да ги повикува сите да се вратат во покајание според канонскиот начин во Православната црква.

т.е. Не постојат други Цркви, туку единствено ереси и шизми, и затоа е редно да ја разјаснеме терминологијата. Идејата за „враќање на христијанското единство“ е погрешна, затоа што единството на христијаните, членовите на Христовата Црква, никогаш не престанало да постои, зашто тие остануваат обединети со Црквата. За жал, многупати еретици и шизматици се одделувале од Црквата, но внатрешното општење никогаш не се изгубило.

Се прашувам, зошто во текстот постојано станува збор за „цркви“ и „исповеданија. Која е разликата меѓу нив и кој е критериумот кој ги дели на цркви и исповеданија? Која е Црквата, која е ереста, кои се шизматиците и другите исповеданија? Ние исповедаме една Црква, а сите останати се еретици и шизматици.

Сметам дека богословски, догматски и канонски, да се нарекуваат еретиците и шизматиците „цркви“ е нешто сосема погрешно, зашто една е Црквата Христова, како што се споменува во чл. 1, и не би требало да ги нарекуваме шизматиците или еретиците „црква“, зашто само Православната црква е таква.

Никаде во текстот не се споменува, дека единствениот пат, кој води до единство со Црквата е враќање во покајание на еретиците и шизматиците во Едната света, соборна и апостолска Црква Христова, која според чл.1 е нашата Православна Црква.

Текстот, кој вели, дека „треба да се разбере традицијата на Древната црква“, внушува дека има онтолошка разлика меѓу Древната црква на светителите од седумте Вселенски собори и Црквата која ни е позната до ден денешен – нашата Православна црква. Веруваме, дека нема никаква разлика меѓу Црквата од XX в., и Црквата од I в., како што исповедаме во Символот на верата, кој вели, дека Црквата е апостолска.

Во чл. 12 се вели, дека заедничката цел на богословските дијалози е „полното востановување на правилната вера и љубовта во единството“. Оставаме со впечатокот, дека ние, православните бараме начин да се вратиме во правилната вера и единството во љубовта, како да сме ја изгубиле правата вера и преку богословските дијалози со инославните се обидуваме да ја најдеме. Сметам, дека тоа е недопустливо за сите нас.

Спомнувањето во текстот за „Светскиот совет на црквите“ отвара можност да ја изразам мојата позиција по повод на некои доскорешни противканонски настани, кои се случија под едно или друго име, зашто во тој Совет, нашата Црква се смета за „една од многуте“ или како клон на Едната Црква, која бара начин и се бори за нејзиното востановување преку тој Световен собор. Но за нас, една е Црквата која ја исповедаме во Символот на верата, а не многу.

Гледиштето, дека запазувањето на нашата позната православна вера се осигурува само преку соборниот систем како единствен „компетентен и веродостоен орган по прашањата за верата“, е преувеличено и ја пропушта вистината, зашто во црковната историја имало многу Собори кои озакониле погрешни и еретички догми, додека пак истовремено, православниот народ им се спротивставувал и ја запазувал православната вера, кога Православието победувало. Ниту соборот без верниот народ, без полнотата на Црквата, ниту народот без Соборот на епископите може да се смета себеси за Тело Христово и Црква Христова, која правилно го исповеда животот и догмите во Христос.

Потполно разбирам, Ваше Блаженство и свети мои собраќа, дека во наши дни не можеме во современите црковни текстови од тој вид да се користиме со навредливи и рески зборови, ниту пак сметам дека некој има потреба од тоа. Но, вистината треба да биде секогаш точно и јасно изразена, се разбира, со пастирско расудување и вистинска љубов кон сите. Должни сме кон браќата, кои се во ерес или шизма, да бидеме потполно искрени и со љубов и болка да се молиме да се вратат во Црквата Христова.

Смирено сметам, дека текстовите од таква важност и значење на Сеправославниот Собор треба да бидат многу внимателно прегледани до секој богословски и канонски детал, за да не претрпат влијание од такви неточни и неправилни богословски термини и погрешни забелешки, кои би можеле да доведат до погрешни толкувања на православното разбирање на Православната црква. Освен тоа, за еден Собор да биде валиден и канонски, во никој случај не смее да се отклонува од духот и учењето на претходните Собори, учењето на светите отци и Светото Писмо, и секогаш јасно да ја одразува правилноста на нашата вера.

Кога од светите отци и кога и каде во текстовите на светите канони или на Вселенските или Помесните свети собори, еретиците и шизматиците се определуваат како “цркви“? Ако ересите се цркви, тогаш каде е Едната Христова и апостолска Црква?
Смирено ја изразувам мојата несогласност околу отпаѓањето на практиката на сите досега Свети Собори – локални и Вселенски, секој епископ да има и свое право на глас. Никогаш немало таква практика – секоја црква да има свој глас, кој ќе го претставуваат претстојателите како декоративен елемент на Великиот и Свет собор, лишувајќи ги од правото на глас.

Имам и други забелешки на различни точки од текстот, но не би сакал да ве заморувам дополнително, па затоа се ограничувам само на прашањата, кои според мене се најсуштински, скромно изразувајќи ја нашата несогласност и убедувања.

Не би сакал никого да огорчам со ова, што го пишувам, и не би сакал да излезе така, дека ги осудувам и поучувам браќата и отците во Христа. Но, чувствувам потреба да го искажам она, кое ми го наложува совеста.

Молам, моите ставови да бидат разгледани на секојдневниот ред на Светиот Синод.

По вашите молитви,

Најмалиот меѓу браќата во Христа,

Атанасиј, митрополит на Лимасол

 Преземено од: преспанско-пелагониска епархија

11 февруари, 2016 година

Извор: http://dobrotoliubie.blogspot.mk/2016/02/blog-post_73.html
Митрополит Атанасиј Лимасолски, Писма, Сеправославен Собор



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 818
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

« »