логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Starec.portret.jpg

Архимандрит Софроние -  (Видување  на Лицето Божјо)
„Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Отецот Кој ме испрати...
“ (Јн. 6,44).

Ги бара  ли Неговиот Отец само големите?
Или и „малите“?
Ако е ова второто возможно, зошто тогаш јас би се исклучувал себе си, макар и што знам дека сум сосема ништовен?  Не вложи ли Тој во мене некоја фина интуиција, која што беше подлабока од сите мои мисли и повредна од сите мои знаења?
Како и да стојат  работите со сто тоа, кога во Божеството Христово сум поверувал со целосна сигурност, тогаш и ме обасја Светлината која што не е од овој свет.

 И, во извесен степен, слично како Павле, Го запознав во Неговата Светлина. Во почетокот поверувам со Живата вера, а потоа ми се јави Светлината.
Не се случи ли истото и со Апостолите Патар, Јаков и Јован?
  Кога тие со устата на Петар  ја исповедаа Неговата Божественост, тогаш им одговори: „навистина ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт дури не Го видат Синот Човечки како оди во Царството Свое“ (Мт. 16, 28).

И тоа наскоро се обистинило на Тавор. А и Павле во срцето свое го носеше Христа. Кого го прогонуваше; и затоа му се јавила Божествената Светлина во сила. Ќе се осудам да кажам дека видувањето на Нетварната Светлина, нераскинливо е  поврзана со верата во Божеството Христос. И поврзано, но и на чуден начин зависaт една од друга.

Во единствената Светлина се јавуваат и Христос и Светиот Дух. Оваа Светлина сведочи за Божественоста на Христос, зашто во неа не може, а да не се препознае Бог.  Ова делување не може да се опише.  Во неа е вечноста, во неа е   неизмерноста благост на љубовта. Во него нашиот  дух гледа неопфатни хоризонти. И не одеднаш, туку постепено, духот открива се нови и нови работи, во овој светлоносен продор во небото „каде е Бог“.

„Сега  сме чеда Божји, но уште не се покажа што ќе бидеме. Знаеме само дека кога ќе  се покаже, ќе бидеме слични на Него,оти ќе го видиме каков што е“ (Јн. 3,2).

Во суштина, во секоја прилика на Своето јавување на човекот,  Бог секогаш останува ист; само  ние не Го примаме како што треба; ние не сме во состојба да Го сместиме во Неговата Апсолутност во пределите земни - но, сепак  „го гледаме“, макар и како
- „во огледало“. (1Кор. 13, 12).
Само што ова огледало не е секогаш подеднакво „матно“. Тоа зависи од тоа во колкава  мера ги исполнуваме заповедите Христови, низ кои ни е дадено Самооткровението на Бога . Во нив живее духот на Отецот: „ ...зошто зборовите што  со Ми ги дал, им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол , и поверуваа дека Ти си ме пратил (Јн 17,8).

Ни се дава понекогаш да ја запознаеме состојбата на  бестрастието, кое трае  некогаш повеќе, а некогаш помалку. Всушност тоа е пред се љубовта, која што го „изгонува стравот“ од смртта, ја исполнува душата со вдахновение, ни овозможува да го видиме нашето богоподобие. И во истовреме истата таа љубов  ја потиснува душата со море страдања.
Навистина: „ што е поголема љубовта, толку се поголеми и страдањата на душата“: (Старец Силуан).

Светата Светлина  наидува во текот на молитва во длабоко покајание , исто и  при молитвата на сострадание во љувовта за оние  кои не навредуваат; одеднаш љубовта се стопува со Светлината, а Светлината продира во душата, а надворешноста постанува атмосфера , заситена со  видна Светлина.

Небесната Светлина  не подлегнува на контрола. Неуловлива е по својата природа, таа доаѓа на за нас  неодредлив  начин . Битието на другите димензии ја пробива завеста на земското  тело: продира низ нашата предметна природа, со непредметна енергија. Ни го соопштува разбирањето на надсветското Битие, не  низ видливи или чуствени, туку низ духовни виденија. Овие виденија можат да се изразат со различни зборови, во зависност од тоа со каков дар на збор располагаат лицата на кои виденијата им се дадени.
Но, оној кој имал слично искуство, во било кој зборови ќе препознае за што се работи. - ќе ја препознае реалноста што се крие зад зборовите.

+++


Судејќи за доброто и злото не по количината на извршени надворешни дела, туку според духовниот квалитет на мислата и расположението на својата душа кон тие „посетители“, подвижникот,  навистина се осознава себе си како најлошиот од сите луѓе. Паралелно со тоа, без оглед на сета своја одвратност, тој гледа дека Бог Го обсипал со сите добра и во секоја мера .
Подвижникот не може да сфати зошто многу други пообдарени од него остануваат вон Светлината?
Познато е дека оној што за Бога говори како  што треба,  бидува награден со благодат, а оној пак, кој проповеда лага ќе биде фрлен во  мрачната бездна.
Кога ние  го изговараме духовниот збор пред Духот на Вистината, тогаш први потпаѓаме под  Неговиот суд за секој што го засакал доаѓањето на Спаителот на светот.


+++
Христос е мерата  на сите работи - Божествените и човечките.
Тој е духовното сонце што го осветлува целиот космос.
Во светлоста на неговите заповеди, ние го знаеме патот. Слегуваме самоосудувајќи се во мрачните провалии, зашто од оној момент кога во Христа и низ Него Го откриваме ликот на предвечниот Човек (во креативниот ум Божји),
ние ја осознаваме бездната на нашето помрачување.

Слично на молњата која што сева во ноќта и која  што угасувајќи се ја прави ноќта уште потемна, така и Божествената Светлина која што ни се јавила, по контрастот, ни дава да го здогледаме нашиот внатрешен  мрак,
сличен на густата магла и  одвратната нечистотија.
Од ова видение  ни се јавува мачнина која   што го зафаќа целото наше битие,  се до најситните пори. Притоа , страдањето на нашиот дух постанува вонвременско, поголемо од било која физичка болка.
Ние се топиме во потоци солзи. Поробени од страстите - одеднаш гледаме дека сме одвоени од  Бога, Кој што не ранил со стрелата на Својата љубов.
 

Од дното на душата повикав  кон Тебе,  Господи.

„Дојди, Ти, Единствен Свет и освети и очисти ме од секоја нечистотија.
Дојди, Ти, Единствен  навистина Жив
и исцели ме од смртта која ме победила.
Дојди, вистинска  Светлино
и всели се во мене за вечноста.“

Преведе:  М. Д. Мина



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 641
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »