логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 За трезвеноумието (13.04.2009)


 

Од 14 век па наваму, отците ја систематизираат и ја организираат молитвата. Тие оставија списи за молитвата. Утврдија дека трезвеноумноста е нешто неопходно за човековото совршенство.

            Efrem.Filotejski.jpgПред да биде систематизирано учењето за трезвеноумноста, пред да стане општо познато и да почне слободно да кружи, отците и духовниците главно се труделе во практичните добродетели. Строго постеле, бдееле, поднесувале разновидни измачувања итн. Но, кога делото на трезвеноумноста излегло на виделина како систематски изложена метода, обемот на подвизите бил смален, не затоа што тие не се потребни, туку затоа што отците во поголема мера му се посветувале на духовниот подвиг одошто на праксата. Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето. Заради тоа, за достигнувањето на чистотата на душата, веќе не постоела апсолутна потреба од телесен подвиг.

            Од таа причина ние, монасите, никако не смееме да ја запоставиме молитвата, бидејќи таа ќе ни донесе стопроцентена корист. Кога трезвеноумието ги очистува умот и срцето и го овозможува целомудреното внимание, како во поглед на надворешните чувства на телото така и во поглед на внатрешните чувства на душата, монахот нема потреба од големи подвизи за да ја достигне истата цел.

            Подвизите на праксата го помагаат трезвеноумието. Од таа причина отците, според силите, ги практикувале телесните подвизи за, се разбира, да го потпомогнат трезвеноумието. Но, главно се бавеле со трезвеноумие, бидејќи молитвата и трезвеноумноста темелно поучуваат за духовните нешта и за ‘теоријата’ (созерцанието).

            Подвигот на трезвеноумието го води молитвениот тихувател кон теоријата (созерцанието) за созерцанието да го одведе кон мудроста, а мудроста до љубовта, додека од љубовта происходи ‘Божествениот ерос’.

            Чистотата е природен исход на трезвеноумието. Чистотата на душата и на телото си доаѓа сама по себе. Трезвеноумието ги заменува најголемиот дел од напорите и страдањата што ги вложувале отците во минатото измачувајќи се и истоштувајќи се себеси до смрт.

            Трезвеноумието ги води тихувателите кон слобода од грижите. Тие увиделе дека претераната грижа за многуте и различни работи претставува сериозна пречка за достигнување на трезвеноумност, бидејќи од грижите се раѓаат помисли. Помислите, од своја страна, го одвлекуваат умот од молитвата и созерцанието. Од таа причина, грижата за непотребните и одвишни работи отците ја нарекуваат духовна туберкулоза.

            Општежителните монаси живеат во послушание. Природна последица на послушанието е ослободеноста од грижите на оној што е послушен. Сè додека го практикувам послушанието и додека некој друг се грижи за мене, јас сум мирен и спокоен и се грижам само за својата служба (диакониа).

            Кога се грижам за својата работа (диакониа) и сметам дека не треба да се грижам за ништо друго, многу добро можам да ги соединам послушанието и молитвата.

            Ако видам дека мојот ум додека се молам не е во состојба да внимава на ракоделието,   бидејќи е расеан на многу работи што не се поврзани за должностите во рамките на послушанието, тогаш нужно ќе почнам усно да го призивам името на Исус и со шепот да изговарам: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!„

            Кога устата се моли, а рацете работат,  трудот бива двојно награден: со благодатта на послушанието и со благодатта на молитвата. Послушанието нè наградува за нашата работа, а  молитвата нè осветува. Секое дело проследено со молитва има посебна благодат.

 

Старец Ефрем Филотејски

 Друго:

Старец Ефрем Филотејски - Слово за молитвата

 

Извор: http://www.mpc.org.mk/predanie.asp

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1548
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 982
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »