логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 
crkva.sumrak.dr1.jpg

ПРЕДГОВОР

   Оваа книга има дупла цел: како прво, од гледна точка на православното христијанско учење за задгробниот живот да пружи објаснување на современите “ посмртни ” искуства, кој потикнале толкав интерес во некој религиозни и научни кругови, и како друго, да ги приближи основните извори и текстови кој содржат православно учење за задгробниот живот.

  Ако е денес ова учење така лошо сватено, тоа во многу е последица на  нашето “ просветено ” време каде што овие текстови се заборавени и сосема “ вон мода “. Ние се обидовме овие текстови да ги направиме поразбирливи и подостапни на современиот читател. Нема потреба ни да се говори за тоа колку овие текстови представуваат неспоредиво покорисно и длабоко четиво одколку што денес се тоа популарните книги со искуства, “ живот по смртта ”, во кои, ако и не се обичен сензационализам, сеедно не може да бидат ништо друго освен надворешен ефект, заради тоа што во нив нема целосно и вистинско учење за задгробниот живот.

  Православонто учење изложео во оваа книга ке биде, без сомнение изложено на критика на некој, како премногу “ едонставно ” и  “ наивно” за да може во него да поверува човекот на ХХ век. Заради тоа треба да се нагласи дека тоа не е учење само на неколку изолриани или нетипични учители на Православната Црква, туку учење кое Христовата Православна Црква го постави од својот почеток, кое е изложено во  безброј светоотечки дела,  во житијата на Светите и во богослужењата на Православната Црква, кој што Црквата непрестајно ги предава, се до нашите денови.

   “ Едноставност ” на ова учење е едноставноста на самата вистина, која, било да е искажана во ова или она учење на Црквата, представува освежувачки извор на јасноста во пореметувањето кое во современите умови предивзвика различните заблуди и празните шпкулации во последиот век. Во секоја глава на оваа книга се укажува на светоотечките и хагиографските изворници кој го содржат ова учење.

  Како основен извор на вдахновение при пишување на оваа книга послужија делата на епископот Игнатиј Брајанчанинов, кој беше, веројатно, прв значаен руски православен богослов кој непосредно се занимавал со оваа проблематика, така заоштрена во наше време: како да се сочува автентичното христијанско Предаие и учење во подполност станал туѓ на Православието и тежнее кон тоа да го побие или отфрли, или да го протолкува на таков начин за тоа да стане сообразено со световниот начин на живот.

  Јасно согледувајки римокатолички и други западни влијанија со кој се обидувале да го  “ модернизираат ” Православието, па и во негово време преосветениот Игнатиј се спремал за заштита на Православието по пат на изучивање на православните извори (со чие што учење се напојувал  во најдобрите манастири од своето време), така и по пат на спознавање на науката и литературата на своето време ( тој се школувал на воено-инжењерската школа, а не на духовната академија).

  Вооружен, на тој начин, како со познавање на православното богословие така и (општо-образовните) науки, тој го посвети својот животот на заштита на Православието и разобличување на современите застранувања од него. Не е преувеличување ако се каже дека во XIX век никој во православните земји, никој како тој, не умеел така да го брани православието од искушенијата и заблудите на новото време. Единствен кој би можел да се спореди  со него би бил неговиот сонародник епископот Теофан Затвореник, кој во суштина го правел истото тоа, но на помалку  “ високо” ниво.

  Еден том собрани дела на еп.Игнатиј (книга III) посветен е исклучиво на црковното учење за задгробниот живот, кое тој го штитеше од римокатолицките и другите современи искривувања. Заради тоа од овој том, воглавно, ги превземавме за нашата книга на преглед прашањата како што се митарствата на душата – учење кое од многу причини, “ грешниот ум ” не може да ги прифати, но упорно истрајува на нивното поинакво толкување или потполно одфрлање.

  Преосветен Теофан, секако, го учеше истото тоа, па се користевме и со неговите зборови, а во нашиот век, друг истакната руски православен богослов, блаженоупокоен архиепископ Јован (Максимович) толку јасно и читко го повтори ова учење, та ги искористивме неговите зборови како основа на заклучнота глава на нашата книга.

  Тоа, што православоното учење за задгробиот живот толку јасно и сватливо го излагаат современите учители на Православието се до нашите денови, на нас ни е од огромна корист кој денес настојуваме да го сочуваме отечкото Православие не просто со правилно наведување на неговите зборови, туку и повеке од тоа – по пат на вистинско православно толкување на овие зборови.

  Во книгата, освен споменатите православни извори и толкувања, користевме и современа неправославна литература за “ посмртните ” јавувања, како и  низа окултните текстови за тоа прашање. Во тоа го следевме примерот на владиката Игнатиј – онолку потполно и непристрасно, колку е неопходно заради разобличувањето на нивната невистина; како православни христијани не би од тоа самите се соблазнниле. Како и тој, и ние наоѓаме дека неправославните текстови, кога се работи за фактички опис на искуство ( а не за разбирање или толкување), често пружаат потресни потврди на православната вистина.

  Нашата основна цел во оваа книга беше да пружиме толку детално спротивно гледиште, колку што е тоа потребо да би се покажала коренита разлика помеѓу православното учење и искуството на Светителите, од една страна, и окултното учење и современите искуства, од друга.

  Да го изложевме едноставно православното учење, без тоа спротиставување, тоа би било убедливо само за малубројните, не сметајки ги оие кој веќе се придржуваат на тие убедувања; но денес, можеби, и по некој од оние кој се вовлечени во современо (парапсихолошка и др. – прим. прев) искуство, да ја увидат разликата помеѓу нив и вистинското духовно искуство.

  И самиот факт дека претежен дел од оваа книга е посветен на размотрување на искуства -  како христијански, така и нехристијански – говори за тоа дека овде се работи само за излагање на црквеното учење за животот по смртта, туку дека тоа исто така се однесува и на авторовото толкување на различните искуства кој овде се споменуваат. А што се однесува до самите толкувања, тие оставаат простор за допуштени разлики во мислењата помеѓу православните христијани. Ние се трудевме, колку што нам ни е возможно, овие интерпретации да ги изложиме во условна форма, не трудејки се точно да “ одредиме ” некој страни на тие искуства онака како може да се одреди од општото православно учење на Црквата за задгробниот живот. Конкетно, се што е во врска со окултните искуства  “ вон телото ” и во   “ астрална форма ”, ние едностанво го наведовне во форма во која самите учесници го навеле, и ги споредивме со слични случаи во православната литература, не обидувајки се точно да ја одредиме природата на тие искуства.

  Ги сваќаме како реални искуства во кој навистина се одигрува контакт со демонски сили, а не просто како – халуцинациии. Нека читателот самиот просуди колку е таквиот пристап исправен.

  Би требало да е јасно дека оваа книга ни во кој случај не претендира  на тоа да го пружа во подполност исцрпното излагање на православното учење за задгробниот живот. Таа представува само вовед во неа, “ Целосното учење ” по тоа прашање , всушност не постои, како што нема “ експерт ” во таа област. Ние, кој живееме на земјата, тешко можеме да поставиме почеток на разбирањето на духовниот свет, додека самите таму не пребиваме. Тоа е процес, кој започнува сега , во овој живот, а завршува во вечноста, каде “ лице во лице ” ке го созерцуваме ова, што денес го гледаме “ како во огледало, во загатка ” ( I Кор. 13; 12 ). Меѓутоа, православните извори на кој укажуваме во оваа книга, ни даваат основен нацрт на ова учење, кое е доволно – не да стекнеме точно знаење за она што е, на крајот на краиштата, над нас, туку да не потикне да одпочнеме борба за достигнување на цели на христијанскиот живот – Царствово Небесно, и да избегнеме демонски стапици, кој непријателот на нашето спасение ги поставува долж патот на христијанската борба. Паралелниот свет е вистинит и поблизок, од колку што ние обично мислиме, а патот кон него се отвата со подвижнички живот и молитва, која Црквата ни ја дала како средство на спасение. Оваа книга е посветена и намената на оние, кој таков живот сакаат да водат.

 (Продолжува)

 Подготви : Љубиша Петковски

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 642
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »