логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Ѓакон Валериј Духанин


✤✣✤

Оковите на страстите и како да се ослободиме од нив

✤✣✤

Во духовниот живот на секој христијанин постои една јасна, би рекле очигледна задача – искоренување на гревовните страсти. Не можеме и да Му се служиме на Бога, и да бидеме предадени на гревовните навики. Според зборовите на Св. Игнатиј Брјанчанинов „кога страстите ќе завладеат со човекот, тогаш умот лишен од своето владеење, сервилно им служи на себеугодливите и поробувачки страсти, во исполнувањето на нивните лукави, чудни и гревовни потреби“. Односно кај страсниот човек целиот внатрешен свет е заробен во задоволувањето на страстите. Мислите и чувствата на срцето се насочени кон барање на она што ја задоволува гревовната потреба на нашата падната природа. Умот и срцето на таквиот човек се заробени, затворени во оковите на гревот, мислат и го посакуваат само тоа што е грев или влече кон гревот.

180334.b.jpg

Очигледно христијанинот не може да постигне успех во духовниот живот кога се наоѓа под власта на страстите, тие „природни болести на човекот“, кога ги исполнува нивните желби, па дури и не се обидува да се бори со нив. Доколку целата смисла на духовниот живот се состои во тоа да ги оттргнеме умот и срцето од земјата, да ги вознесеме на небото и со целото свое битие да се приопштиме кон Бога, тогаш секоја гревовна навика, пристрасност кон нешто телесно, „го слегуваат умот и срцето од небото и го влечкаат по земја меѓу безбројните гадинки и влекачи на пространото житејско море“. Затоа вистинскиот духовен живот „бара трезвен и строго морален пристап“, бара искоренување на сите гревовни навики, оставање на секаква пристрасност кон земното, бидејќи во спротивно гревовните впечатоци ќе почнат да се пројавуваат во умот и срцето, да ја расејуваат молитвата, да не оддалечуваат од Бога и од спасението.

Страста подлежи на вечни маки и исполнувајќи ја својата гревовна волја веќе ја умртвува душата. Бидејќи таа не Му служи на Бога како на Источник на животот, туку на гревот како на почеток на вечната погибел. Ете зошто неопходен е подвиг преку кој треба да се вратиме од смртта кон животот, да оживееме за Господа, а за да го постигнеме тоа, треба да ја исполнуваме Неговата волја и да ги искоренуваме страстите. Но како да го направиме тоа?

Бидејќи страста сама по себе претставува гревовна навика, прикованост на душата кон лошото дело, од особена важност е овој синџир да се скрши, да се раскине врската. „Секое противење на потребата на страста, ја ослабува страста, постојаното, пак, противење ја уништува“. Колку и да ни го бара страста своето, треба да ѝ откажуваме послушност. Без поткрепа гревовната желба слабее.

Решително противење е можно само тогаш кога душата ја губи наклонетоста кон гревот, се исполнува со омраза кон страста. Кога ние нешто ќе замразиме, се трудиме да се држиме што понастрана од него. „Замразувањето на гревот е знак на вистинско покајание и решеност за водење на добродетелен живот“. „Кога нашата природа повредена од гревот ќе се крене против Евангелското учење, да ја изразиме својата омраза кон природата со отфрлање на желбите и потребите нејзини. Колку порешително е изразена таа омраза, толку порешителна ќе биде победата над гревот и природата со која владее гревот, толку побрзо и успешно ќе биде нашето духовно преуспевање“.

Светителот наведува ваков пример: „Кога некој постојано ги предава своите другари, нему другарите му се непријатели, ќе се оддалечат од него како од предавник којшто им посакува погибел; гревовите отстапуваат од оној што ги исповедува гревовите свои, затоа што гревовите наши се засноваат и крепат на гордоста на нашата падната природа, не трпат разобличување и срам“. Доколку гревовните навики ни станале другари, треба нив постојано да ги исповедаме, да ги разобличуваме преку таинството Покајание. Разобличени, тие ќе отстапат од нас: „Доколку си стекнал навика кон гревовите, почесто исповедај ги и наскоро ќе се ослободиш од ропството гревовно, лесно и радосно ќе Го последуваш Господа Исуса Христа“. За христијанинот тој подвиг треба да биде постојан, бидејќи страстите ќе нѐ вознемируваат до самиот крај на нашиот земен живот.

Треба да се знае и тоа дека иако е неопходен подвигот на христијанинот, сепак не е подвигот оној што го ослободува христијанинот од власта на страстите: него го ослободува десницата на Севишниот, го ослободува благодатта на Светиот Дух. Не ние сами се ослободуваме себеси со своите сили, туку нам победата ни се дава од Бога. Затоа самото делување на христијанинот преку противење на гревовните желби, не е ништо друго туку средство за барање на помош од Бога за искоренување на страстите. Знаејќи ја својата гревовна немоќ, ние треба во молитвата да ја бараме помошта и милоста Божја. Преку молитвата, всушност, ние Му оставаме на Бога да дејствува во нас и Он, доколку е по Негова волја, ќе ги искорени нашите немоќи.

*Цитатите се земени од Аскетски огледи – Игнатиј Брјанчанинов

Продолжува

Извор: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1346
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1885
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1249
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »