логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Човекот е она што го јаде

 Разговори за постот (1)


Отец Андреј Ткачјов разговара со неколкумина млади околу смислата на постењето од православен аспект.

 

  • Назар, 29 години


    Не разбирам зошто Црквата пропишува пост пред најголемите христијански празници.

– Нема да постам пред Божик. Нема да постам едноставно поради тоа што не разбирам зошто Црквата одредува пост пред најголемите христијански празници. Лично за мене, постот е поврзан со мојот однос со Бога, а не само со традицијата. Се разбира дека ме радува тоа што има луѓе кои постат на некое традиционално ниво, но за мене е најважен мотивот на срцето, а не „должноста“. Смислата на постот за мене не е само воздржување од јадење туку и воздржување од световни грижи (интернет, телевизија), од секојдневни работи, воздржување за осамување и заедничарење со Бога. За нашето семејство, постот претставува време за смирување и Божјо спознавање. Во тоа време ние се трудиме да им обрнеме поголемо внимание на сиромасите, вдовиците и болните – се посветуваме себеси на доброчинство. За време на постот јас ништо не јадам. Само пијам. Ваквиот пост трае најмногу до седмиот ден. Со семејството редовно одиме во црква, а одлуките за постот ги носиме во семејството, во зависност од семејната состојба.


отец Андреј

    Треба да запомните, дека вие не сте единствени верници. Сите ние веруваме, и тоа значи дека треба заедно да постиме и заедно да празнуваме.

- Во принцип добро постапувате, впрочем, порано така го одредувале постот – според силите или според одредени околности. Само не си одредувал секој засебно, туку одлуките ги носел сецрковниот, сенароден карактер, а со текот на времето, тие одлуки станале стожер на Црковната дисциплина.

Човек постепено треба да се труди животот на Црквата да станува негов сопствен живот; не самиот за себе да ги извршува одредбите, туку да се движи со заедничкиот црковен тек. Кога тој ќе го постигне ова, тогаш тоа е веќе прашање на неговиот личен раст како христијанин. Сѐ што се однесува на духовната пракса е прашање на опит. Постот е вежба, која помага да се вкуси радоста од заедничкото празнување на Божик во сета полнота.

Човекот е она што го јаде

Човекот е она што го јаде

Добро е што се грижите за вдовиците и сиромасите и што поминувате повеќе време читајќи го Светото Писмо. Само важно е уште и да се помни дека вие не сте единствени верници. Ние сите веруваме, што значи дека треба заедно да постиме и заедно да празнуваме. А тоа што одлуката за постот ја носите во семејството воопшто не е лошо. Тоа е лична одлука, и ако вие навистина гледате потреба од тоа, тогаш не гледамништо лошо во тоа.

 

  • Ксенија 21 година, студентка


    Оваа година нема да постам. Го очекуваме првото дете.

– Јас постам секоја година и Божикниот пост не е исклучок. Но оваа година, со оглед на околностите, најверојатно нема да постам. Го очекуваме нашето првенче.

Сметам дека постот на прв поглед е очистување на организмот, така што, тој не им смета ниту на „неверниците“. Но, за мене постот не значи само воздржување од храна, туку значи и поминување повеќе време на молитва и почесто одење во црква. Постите се држат во моето семејство, а јас еднаш или двапати неделно одам во црква.
отец Андреј

    Сè си има достојна замена. Ако не се воздржувате од јадење, тогаш поминувајте повеќе време на молитва.

– Вашата причина е сосем оправдана. Не може да очекуваме подеднаква строгост во постот од болен дедо и младо момче, од затвореник и војник. Бремената девојка најнапред треба да мисли, не за себеси, туку за детето кое го носи. Но и покрај ова во историјата има многу примери кога жените машки ги држеле постите за време на бременоста. Со тоа, тие во детето го зародиле аскетизмот уште во утробата. Но, се разбира, тоа се исклучоци, примери на подалечна светост, примери кои не можат да бидат норми за обичните луѓе. Но, за сè може да се најде достојна замена. Ако девојката не може да се воздржува од јадење, тогаш може да посвети повеќе време на молитва или за читање на Светото Писмо, или пак да им помага на оние кои за тоа имаат потреба.

[продолжува]

  • Друго:

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1346
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1885
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1249
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »