логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Владимир Солов
јов



Приматот на свети Петар, како непроменлива востановеност.


Трите камења на христијанството 
 
 
„А Јас тебе ти велам: ти си Петар...“ (Матеј 16:18).Од трите атрибути коишто, согласно овој основен текст, според божественото право му припаѓаат на кнезот на апостолите (прво, призивот да биде основа на црковното здание преку непогрешливоста во исповедањето на вистината; второ, добивањето на клучевите во владеење; и трето, власта да сврзува и да разврзува) само последниот е заеднички за Петар и за останатите апостоли.Сите православни богослови се согласни дека апостолското право да сврзуваат и да разврзуваат не им било дадено на дванаесетмината како на поединци, или како лично и привремено првенство, туку дека тоа претставува вистинско начело и извор на вечно свештеничко право, пренесено од апостолите на нивните наследници во хиерархиски поредок – на епископите и на свештениците на Вселенската Црква. Но, ако е така, тогаш и првите две првенства, поврзани со уште поголемо достоинство и многузначност со свети Петар, не можат да бидат лични (поединечни) и случајни права. Тоа би било невозможно и од причини што со првото од овие првенства Господ јасно го поврзал постоењето и опстојувањето на Својата Црква во претстојната борба против властите на злото.Ако правото да сврзуваат и да разврзуваат, дарувано на апостолите, не е обична метафора и не е лично и привремено својство, туку е, напротив, реално и живо зрно на вселенската и на вечната востановеност коешто го опфаќа сето битие на Црквата, како би можеле личните предности на свети Петар, објавени со толку јасни и свечени искази, да бидат метафори коишто ништо не докажуваат, или привремени и лични привилегии? Нели би тербало тие првенства, исто така, да бидат поврзани со некаков основен и стабилен поредок, во врска со кој историската личност на Симон бар-Јона претставува само главен и типичен претставник? Богочовекот не втемелувал минливи поредоци. Тој во своите избраници, преку нивната смртна индивидуалност и вон границите на таквата индивидуалност, видел неминливи принципи и обрасци на своето дело. Тоа што Тој го говорел на собирот на апостолите се однесувало на сиот свештенички чин, на Црквата во сета нејзина целост.

 

Возвишените зборови, изговорени од Него кон самиот Петар, востановувале во единственото лице на тој апостол државна и неподелена власт на Вселенската Црква за сето време на нејзиното постоење и за сиот тек на нејзиниот развој во настапуачките векови. И ако Христос не сакал да ги поврзе формалното востановување на својата Црква и гаранцијата за нејзината стабилност со власта заедничка за сите апостоли (зашто, тој не се обратил на соборот на апостолите со зборовите: врз вас ќе ја создадам Мојата Црква), тоа очигледно докажува дека Господ не ги сметал епископскиот и свештеничкиот чин (претставени со сите апостоли заедно) сами по себе доволни за формирање на неразрушливата основа на Вселенската Црква во нејзината неизбежна борба со вратите на адот. Исус, засновувајќи ја својата видлива Црква, пред сè мислел на нејзината претстојна борба со злото; и, за да го обезбеди единството на своето дело, единство коешто дава сила, Тој на чело на хиерархискиот поредок поставил единствен и централен темел, безусловно неделив и независен, и кој ја има, сам по себе, сета полнота на власта и на ветувањето: „Ти си Петар, и на тој камен ќе ја изградам Својата Црква, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“.Сите размислувања во полза на врховната и централната власт во Вселенската Црква би имале мошне мала вредност во нашите сопствени очи, ако тоа би биле само расудувања. Но, тие се базираат на богочовечкиот факт, јасен за секој христијанин, без оглед на сите вештачки толкувања преку кои [другите] се обидуваат да го елиминираат.Наша задача не е изложување на некаква апстрактна неопходност од поредокот, кој преку Хирстос станал жива реалност.Кога источните богослови ни ја докажуваат неопходноста од хиерархискиот поредок во Црквата воопшто, нивните аргументи не можат да ни изгледаат убедливи без евангелскиот факт: избирањето на дванаесетте апостоли за поучување на сите народи до крајот на векот. На сосема ист начин, кога сакаме да ја докажеме неопходноста од неделив центар на самата таа хиерархија, цврстата основа на сите наши расудувања ја имаме во фактот на изборот на Петар, кој требало да послужи како човечка потпорна точка за божествената вистина во нејзината постојана борба со вратите на пеколот, во фактот на тој избор, единствен по својот вид, кој ја дава непоколебливата основа на сите наши расудувања. Ако под Црква подразбираме совршено единство на човекот со Бога, безусловно царство на љубов и на вистина, тогаш е невозможно да се дозволи во Црквата постоење на каква било власт или авторитет.

 

Сите членови на тоа Царство Небесно претставуваат свештеници и цареви, безусловно еднакви во меѓусебниот однос, а еден единствен центар на тоа единство е самиот Исус Христос. Но, ние не зборуваме за Црква во таа смисла, зашто ниту Христос не говорел за неа во таа смисла. Кога се зборува за Совршена Црква, за победоносна Црква, за царство на славата, се претпоставува дека власта на злото и вратите на адот дефинитивно се уништени. А Христос токму за тоа и ја изградил својата видлива Црква, за да се бори со вратите на адот, и за таа цел Тој на Црквата ì го дал човечкиот и земниот центар на единството, макар што, се разбира, на Црквата секогаш ì е потребна Божја помош.   Ако не сакаме да паднеме во спротиставени крајности на слепиот материјализам и на бессилниот идеализам, тогаш мора да признаеме дека потребите на реалноста и задачите на идеалот се согласни и одат напоредо со поредокот востановен од Бога. За да го претстави во Црквата идеалниот принцип на човештвото и на хармонијата, Исус Христос востановил, како прототип на соборно управување, првоначален колегиум или собор на дванаесет апостоли, еднакви меѓу себе и соединети со братска љубов. За да може идентичното идеално единство да се оствари насекаде и во сите времиња; за да може соборот на црковните глави (старешини) секаде и секогаш да триумфира над расправите и да го сведува многуобразието на одделните мненија во еднообразие на општообврзувачки заклучоци; за да можат расправиите да се завршат и единството на Црквата да може реално да се пројави; за да не се излага тоа единство на случајноста на човечките условности; за да не ја гради својата Црква на непостојан песок, божествениот Градител свечено го објавува неразрушливиот Камен, непоколебливата Карпа на црковната монархија и го воспоставува идеалот на еднодушноста, поврзувајќи го со реалната и жива власт.   Каменот на Црквата, ни велат, е Христос, и тоа е вистина која ниту еден христијанин никогаш не ја оспорувал. Но, би била мошне неразумна – доколку е искрена – ревноста на оние коишто, заради заштита на Христос од божемното понижување, се доследни во несфаќањето на Неговата вистинска волја и го негираат поредокот што толку очигледно е востановен од Него. Зашто, Тој не само што објавил дека каменот на Неговата Црква е Симон, еден од Неговите апостоли, туку, за да ја внедри со поголема сила таа нова вистина, за да ја направи поизразита и поочигледна, Тој самиот призив – да биде камен на Црквата – го преточил и во лично и постојано име на Симон.  

 

 И така, две вистини се подеднакво неспорни: Христос е – камен на Црквата, и Симон-бар Јона е камен на Црквата. Ако е ова противречност, таа не завршува тука. Зашто гледаме како истиот тој Симон-Петар, кој единствен го добил од Христа тој исклучителен квалитет, изјавува во едно од своите посланија дека сите верни се живи камења на богочовечкото здание (1 Петар 2:4-5). Единствениот камен на Црквата е – Христос; но, ако Му веруваме на Исус, камен на Неговата Црква по преемство, тогаш таков е и главата на апостолите; а ако му веруваме на овој последниот, каменот на Црквата – камен на Црквата е секој што верува.  Доволно е на привидната противречност на овие три вистини да им го спротиставиме нивното реално и логичко помирување, Исус Христос, единствениот камен на Царството Божјо во чисто религиозен или мистичен поредок, го поставува кнезот на апостолите и неговата вечна власт како аголен камен на Црквата во социјалниот поредок, за христијанската заедница; и секој член на таа заедница, кој е соединет со Христос и кој пребива во поредокот востановен од Него, станува индивидуален  конститутивен елемент, жив камен на таа Црква, кој во Христа ја има својата мистична (во дадено време) невидлива основа, а во монархиската власт на Петар ја има својата општествена и видлива основа. Суштинска разлика на овие три термини само уште појасно ја нагласува нивната внатрешна врска во реалното постоење на Црквата, за кое се неопходни како Христос, така и Петар, така и мноштвото верни. За да може човек во идејата на тој троен сооднос да забележи каква било противречност, треба уште во почетокот самиот да внесе во неа противречност, давајќи им на трите главни термини безусловна и исклучителна смисла, којашто кај нив воопшто не е присутна. Навистина, постојано се забрава дека терминот „камен“ (односно, основа) на Црквата е термин кој означува однос, и дека Христос може да биде камен на Црквата само својот определен сојуз со човештвото, коешто ја составува Црквата; и ако тој сојуз, во општествениот поредок, се остварува еднаш, на прво место, со одредена централна врска, којашто самиот Христос ја воспоставил со свети Петар, тогаш е очигледно дека тие два камена – Месијата и Неговиот главен апостол – не само што не се исклучуваат еден со друг, туку претставуваат само два неразделни термина за еден ист и единствен однос. Што се однесува на каменот или на камењата од третиот поредок – мноштвото верни, тогаш, ако е и кажано дека секој верен може да стане жив камен на Црквата, со тоа уште не се тврди дека тој може да стане таков сам по себе или ако се оддели од Христа и од основната власт, востановена од Него. Основата на Црквата, ако се говори со најопшти термини, е единство (соединетост) на Божественото и на човечкото. Таа основа (камен) ја наоѓаме во Исус Христос, бидејќи Тој ипостасно го соединува во себе Божеството со непорочната човекова природа; таа основа можеме да ја најдеме и во секој вистински христијанин, бидејќи тој се соединува со Христос во Таинствата, во верата и во добрите дела.

 

Но, зарем не е очигледно дека тие два начина на соединување на Божественото и на човечкото (ипостасно соединување во личноста на Хрситос, и индивидуално соединување на верниот со Христос) е сè уште недоволно за да се добие специфичното единство на Црквата во точната смисла на тој збор – Црква како социјално и историско битие? Воплотувањето на Словото е мистичен факт, а не социјален принцип; индивидуалниот религиозен живот исто така не може да даде доволна основа за христијанска заедница: може да се живее свето и ако се остане сам во пустина. И ако во Црквата, освен мистичен живот и индивидуален живот, постои уште и социјален живот, тогаш тој социјален живот мора да има некаква определена форма, заснована на принципот на единството што и е својствено. И кога велиме дека тој специфичен принцип на социјално единство не е непосредно ниту Исус Христос, ниту маса на верните, туку монархиската власт на Петар, со помош на кој Исус Христос посакал да се соедини со човештвото како социјално и политичко битие, тогаш нашето чуство наоѓа своја потврда во истакнатиот факт дека својството да се биде камен на Црквата се задржало во вид на постојано и лично име само за кнезот на апостолите кој, на тој начин, е сам камен на црквата во специјална и точна смисла на тој термин – обединувачка основа на историското христијанско општество.

 

Само трипати во сета свештена историја (во двата Завета) Господ Самиот давал ново име на човек. Кога Авраам во безгранична вера се препуштил на живиот Бог, Бог, менувајќи го неговото име, го прогласил за татко на сите верни. Кога Јаков во таинствената борба му ја спротиставил на живиот Бог сета енергија на човековиот дух, Бог му дал ново име, назначувајќи го за непосреден татко на оној необичен и единствен народ кој и ден-денес уште се бори со својот Бог. Кога потомокот на Авраам и на Јаков, Симон бар-Јона, во кој смелата иницијатива на човековиот дух била соединета со непогрешливата помош на Небесниот Отец, ја објавил богочовечката вистина, Богочовекот му дал ново име и го поставил на чело на новите верни и на новиот Израил. Авраам, образ на првоначалната теократија, го претставува човештвото коешто Му се предавал и Му се доверувал на Бога; Јаков, образ на еврејската национална теократија, го претставува човештвото коешто почнува да му се спротиставува на Бога; и, на крајот, Симон Петар, образ на завршна вселенска теократија, го претставува човештвото  коешто му оди во пресрет на својот Бог, слободно Го прифаќа и се поврзува со Него со взаемни и со нераскинливи врски. Безграничната вера во Бога, која Авраам го направила татко на сите верни, се соединила во Петра со активно покажување на човековата сила, којашто го одликувала Јаков-Израил; кнезот на апостолите го одразил во земното огледало на својот дух онаа храмонија на божественото и на човечкото, чие божествено совршенство го видел во својот Учител; и со самото тоа тој станал првороден наследник по преемство на Богочовекот, духовен отец на новото, христијанско поколение, аголен камен на Вселенската Црква којашто е исполнување и завршеток на религијата на Авраам и на теократијата на Израил.  

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 641
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Депресија и надеж од православен аспект (09.05.2020)

    Остатокот од времето поминато надвор од молитва, на оние кои немаат непрестајна умно-срдечна молитва, Црквата им го покрива со послушанието. Оние кои го чистат своето срце од страстите, го...

« »